Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
1Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
МакедонијаДемант од ТИРЗ: Работиме одговорно и транспарентноРаботиме одговорно и транспарентно, се со цел унапредување на целокупната национална економија.Сите активности и планови на Дирекцијата за Технолошки Индустриски Развојни Зони се во целосна согласност со законот, а секое ново вработување е темелно анализирано и оправдано со цел унапредување на услугите. Ова обезбедува конкретни придобивки за сите засегнати страни – подобри поволности за корисниците на зоните и добро платени работни места за квалитетен и искусен кадар. Сето ова е далеку од расипништво, односно истото е неопходно за обезбедување континуиран развој на зоните и подобрување на инвестициската клима во државата. Во 2025 година Дирекцијата за ТИРЗ има склучено договор за јавна набавка со Приватна агенција за вработување Мотиви на износ од 40 милиони денари без вклучен ДДВ. Набавката е реализирана согласно Годишниот план за јавни набавки и истата беше потребна од причина што моменталниот број на вработени на неопределено време во Дирекцијата изнесува 81 лице кои не се доволни за реализација на целокупниот број на надлежности на Дирекцијата. Од вкупниот број на вработени на неопределено време, само 12 лица се вработени во ТИРЗ Скопје 1 и 2, во ТИРЗ Штип има 9 вработени лица, во ТИРЗ Кичево 4 лица, ТИРЗ Прилеп 3 лица, ТИРЗ Струга 4 лица, ТИРЗ Струмица 3 лица и ТИРЗ Тетово 4 лица. Оваа бројка на вработени не е доволна за целосно спроведување на надлежностите на Дирекцијата во зоните, кои работат 24 часа, ниту за непречено извршување на активностите во нив. Од тие причини потребно беше да се ангажираат доволен број на вработени кои ќе овозможат тековно и непречено извршување на надлежностите, со цел квалитетна услуга на корисниците на зоните. Што се однесува до Годишниот план за вработување во Дирекцијата за 2025 година, во истиот е предвидена реализација на вкупно 65 нови вработувања кои во најголем дел се однесуваат на истите работни места кои во претходните години и во оваа година се ангажирани лица преку приватна агенција за вработување се со цел тековно и непречено извршување на активностите заради квалитетна услуга на корисниците на зоните. Воедно со реализацијата на овој годишен план ќе се намалат дополнителните трошоци кои ги има Дирекцијата за ТИРЗ во врска со ангажирање на лица преку Приватна агенција за вработување. Ангажманот на меѓународна ревизорска куќа е целосно оправдан со цел обезбедување независна и стручна евалуација на финансиското и оперативно работење на Дирекцијата, што е и вообичаено за институции кои имаат стратешко значење за националната економија, во согласност со најдобрите меѓународни сметководствени и ревизорски стандарди за транспарентност и отчетност. Вкупните странски директни инвестиции за 2024 година изнесуваа 1255 милијарди евра, што е историски рекорд во независна Македонија, со цели 400 милиони евра раст само во последниот квартал, а средната оценка од анкетата за задоволство на корисниците на зоните се накачи на 4.48 (од максимум 5), додека добивката од работењето на Дирекцијата за ТИРЗ за 2024 година изнесуваа 107.155.967,00 денари. Имено, според последниот извештај за примената на системот за интегритет во 2024 година, изработен од Државната Комисија за Спречување Корупција, Дирекцијата за ТИРЗ се најде помеѓу повисоко рангираните, односно на 15-то место со 61.1% на исполнетост, за разлика од 2023 година кога процентот на исполнетост изнесуваше само 39.2%. Земајќи го сето ова во предвид, како и тоа дека сме во преговори со бројни мултинационални компании, јасно и одговорно тврдиме дека секој ангажман во Дирекцијата за ТИРЗ е темелно анализиран и со законски основи, што не е ниту расипништво, ниту нерационално трошење на средствата, туку неопходна инвестиција во капацитетите кои овозможуваат непречено функционирање на зоните и привлекување нови инвестиции со додадена вредност. Воедно, апелираме до сите медиуми за совесно информирање на јавноста, особено во периоди кога истата е чувствителна на вакви тенденциозни препирки. ТИРЗ Тагови: ТИРЗ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо „Безбеден град“ намален вкупниот број загинати на македонските патишта15:17Министерот Тошковски и премиерот Мицкоски во СВР Велес: „Безбеден град“ ставен во функција14:00Димитриеска-Кочоска: Бројките ја покажуваат реалната состојба, резултатите се видливи12:34Двајца загинати и тројца тешко повредени во директен судир15:00МФ: „Фич“ повторно го потврди кредитниот рејтинг ББ+ со стабилен изглед10:45
МакедонијаБитола денес беше град на трчањетоНад 1.500 тркачи од 18 земји денес беа дел од 8-мото издание на ТРЧАЈ БЕ 2026, спортска манифестација која од година во година расте и ја зацврстува позицијата на Битола како значајна дестинација за спортски туризам во регионот.Свежото утро создаде одлични услови за трчање, а годинешното издание донесе и исклучителни спортски резултати. На битолската патека беа постигнати најбрзите времиња досега и соборени рекордите на ТРЧАЈ БЕ. Низ улиците на Битола денес трчаа натпреварувачи од различни земји, бодрени од бројна публика, волонтери и сите оние кои беа дел од организацијата и реализацијата на трката. ТРЧАЈ БЕ е спортски настан, но и приказна за Битола како отворен и активен град кој преку спортот привлекува гости, создава дополнителна вредност за локалната економија и се промовира надвор од границите на државата. Општина Битола упатува честитки до организаторите на ТРЧАЈ БЕ, до сите институции, партнери, волонтери и служби вклучени во реализацијата, како и до граѓаните кои со својата поддршка придонесоа за атмосферата долж патеката. Посебни честитки до победниците и до сите над 1.500 учесници кои денес ја истрчаа Битола. Уште едно успешно издание на ТРЧАЈ БЕ, уште еден голем спортски ден за Битола. Општина БитолаТагови: битола Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоУтре сончево со мала до умерена облачностВремето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16, а максималната ќе достигне од 23 до 30 степени. Во Скопје, претежно сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 28 степени. До крајот на новата работна седмица ќе се задржи посвежо и претежно сончево време со мала до умерена облачност во текот на денот. Во вторник наместа во северните делови ќе има услови за повремен дожд. До среда ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, а потоа ветерот ќе го смени правецот во југоисточен.Тагови: сончево Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканПожарот на Брач сè уште активен: Евакуирани речиси 700 луѓеПожарот е сè уште активен на хрватскиот остров Брач, две лица се повредени, а речиси 700 луѓе се евакуирани, додека населбата Милна е спасена од пожарот, изјави денес началникот на противпожарната служба Славко Туцаковиќ.Тој рече дека постара жена, која паднала од чамец за време на евакуација и речиси се удавила, е во критична состојба, додека другото повредено лице е млад човек кој вдишал чад. Туцаковиќ истакна дека ситуацијата на местото на пожарот на Брач утрово била помирна, иако сè уште дува ветер, по тешката ноќ во која пожарникарите ги бранеле куќите од пожарот, и дека, и покрај нивните напори, неколку згради биле оштетени, објави Индекс. Milna. Bračani dragi, držite se! pic.twitter.com/UCbF18cH9f — JurMag (@jur_magud) September 12, 2026 Туцаковиќ рече дека четворица канадери учествуваат во гаснењето на пожарот од воздух. Хрватската противпожарна служба претходно објави дека пожарот се приближил до Милна поради ветер и дека сите расположиви противпожарни сили се ангажирани во гаснењето на пожарот и спречувањето на ширењето на пожарот кон самото населено место. Ветерот влијаел врз ширењето на пожарот кон јужната страна на Брач на тешко пристапен терен покриен со густа вегетација, се вели во соопштението.Тагови: пожар Брач Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter