Демант од Фарма Трејд на наводите на Комисијата за заштита на конкуренцијата - Канал 5

Демант од Фарма Трејд на наводите на Комисијата за заштита на конкуренцијата

По повод изнесените наводи од страна на Комисијата за заштита на конкуренцијата, со кои нашата компанија се доведува во контекст на т.н. „усогласено дејствување“ при јавна набавка,ФАРМА ТРЕЈД ДООЕЛ увоз-извоз Скопје најодговорно ги демантира наводите.

Демант од Фарма Трејд на наводите на Комисијата за заштита на конкуренцијата

По повод изнесените наводи од страна на Комисијата за заштита на конкуренцијата, со кои нашата компанија се доведува во контекст на т.н. „усогласено дејствување“ при јавна набавка, ФАРМА ТРЕЈД ДООЕЛ увоз-извоз Скопје најодговорно ги демантира и ги отфрла ваквите обвинувања како неосновани, правно и фактолошки непрецизни и крајно штетни за угледот и деловното функционирање на нашата компанија.

ФАРМА ТРЕЈД е една од ретките домашни фармацевтски компании со речиси три децении активна, стабилна и доверлива работа, која претставува столб на континуирано снабдување со лекови и медицински производи за македонскиот здравствен систем. Нашата дејност е особено значајна за обезбедување терапија за илјадници пациенти низ земјата, вклучително и за најранливите категории – хронично болни, деца и пациенти со ретки болести.

Цените што се понудуваат во рамки на јавните набавки не се слободна комерцијална одлука, туку се строго регулирани и однапред утврдени од страна на надлежните институции – вклучително и Министерството за здравство. Со тоа, секоја инсинуација дека компаниите можат меѓусебно да договараат цени е неоснована и штетна за јавниот интерес.

Дополнително, јавната набавка што е предмет на постапката беше спроведена под целосен надзор на државните институции, со електронски систем и пропишани критериуми. Обвинувањата за усогласено дејствување немаат реална поддршка ниту во фактите, ниту во пазарната логика, ниту пак во правниот систем кој претпоставува невиност сѐ додека не се докаже спротивното со јасни, недвосмислени и издржани докази – што, во конкретниот случај, целосно изостана.

Сметаме дека ваквиот пристап, без целосно испитана фактичка состојба, претставува несоодветен и правно вознемирувачки третман кон субјект кој 30 години придонесува кон економскиот развој на државата, го полни буџетот и обезбедува стабилност во јавното здравство.

Во период кога македонските пациенти се соочуваат со сериозни предизвици во пристапот до квалитетна терапија, ФАРМА ТРЕЈД останува посветен партнер на државата, на медицинската заедница и на граѓаните. Со постојана поддршка на јавните институции, едукација на медицински кадар и инвестирање во достапност на нови и современи терапии, ние не сме само економски субјект – туку општествено одговорен двигател на системот што се грижи за животот.

Нашиот правен тим ќе ги преземе сите расположливи вонредни правни механизми, како на национално, така и на меѓународно ниво, со цел да се заштитат правата, достоинството и професионалниот интегритет на компанијата. Воедно, ќе ги известиме и сите соодветни дипломатски и економски претставништва во земјава за штетните последици што ги предизвикуваат ваквите постапки врз правната сигурност, довербата на инвеститорите и општото деловно опкружување.

Веруваме дека граѓаните, институциите и јавноста имаат право да ја чујат вистината, и дека нашето општество заслужува фер, транспарентен и праведен систем во кој се наградува квалитетот и се почитува законот – а не се дискредитираат оние што со години градат, создаваат и носат одговорност, се наведува во демантот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зајакот на „Volkswagen“ за 43.000 евра (ФОТО)

Пред повеќе од половина век, „VW Golf“ предизвика вистинска револуција во Европа и практично го дефинираше сегментот на компактни автомобили. Сепак, кога пристигна во САД во средината на 1970-тите, работите не беа толку едноставни.

Зајакот на „Volkswagen“ за 43.000 евра (ФОТО)

Првично увезуван во САД, моделот започна да се произведува локално во 1978 година, во фабриката во Вестморленд. Сепак, таму не се продаваше под името „Golf“, туку под името „Rabbit“.

Оваа одлука беше донесена од маркетиншки причини. Од „VW“ сметаа дека името „Golf“ премногу се поврзува со елитен спорт и со побогатите слоеви на општеството – перцепција што не соодветствуваше со позиционирањето на автомобил наменет за пошироката американска публика.

Името „Rabbit“ не беше ексклузивно само за САД – се појавуваше и во Европа, главно како ознака за одредени „GTI“ верзии или пакети на опрема на одредени пазари – но токму во Америка ова име сега се враќа на сцената.

Новиот „Rabbit“

„Volkswagen Golf GTI Rabbit“ треба да пристигне во средината на 2027 година и ќе послужи како еден вид „освежување“ за „Golf GTI“ во Северна Америка. Оваа специјална изведба е опремена со адаптивна суспензија „DCC“, 19-инчни тркала и летни гуми.

Што се однесува до визуелните промени, моделот се одликува со затемнето лого, црна маска на ладилникот, црн покрив и разни други детали во темни тонови. Единствениот елемент што не е црн е ознаката со зајак („rabbit“), која служи како почит кон оригиналниот модел. Оваа верзија ќе биде достапна исклучиво во САД. Цената сè уште не е објавена, но се очекува да започнува од 43.000 евра па нагоре.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Царински службеници спречија нелегален внес на 2,8 тони нејодирана сол која е забранета за увоз

Царински службеници од Царинска испостава Скопје 3 спречија обид за нелегален внес на 2,8 тони нејодирана сол која е забранета за увоз. 

Царински службеници спречија нелегален внес на 2,8 тони нејодирана сол која е забранета за увоз

Случајот е откриен при контрола на стока декларирана како индустриска сол за која, од страна на увозникот, производител на храна, била обезбедена изјава дека ќе се користи за индустриски цели. При контролата е констатирано дека станува збор за нејодирана сол, а не за индустриска како што било наведено во изјавата и увозната царинска декларација.

Согласно македонската легислатива, солта која се употребува во прехраната треба задолжително да биде јодирана поради штетните последици врз здравјето на граѓаните од консумација на нејодирана сол. Против осомничените е поведена соодветна постапка, а согласно решението добиено од Агенцијата за храна и ветеринарство, солта е уништена на депонијата Дрисла.

Царинската управа потенцира дека откривањето на царински измами со храна е еден од главните приоритети на управата, со цел заштита на здравјето на граѓаните. За оваа цел минатата година со АХВ беше склучен и Меморандум за размена на податоци со што значително се унапреди борбата со криминалот поврзан со храна.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Естонија ја затвора границата со Русија на 6 месеци

Од 1 декември, Естонија ќе ги затвори своите гранични премини кон Русија на најмалку шест месеци од безбедносни причини, соопшти во петокот владата на оваа балтичка земја.

Естонија ја затвора границата со Русија на 6 месеци

Претходно оваа недела, Естонија најави затворање на сите гранични премини со Русија, што ќе стапи на сила следниот месец. Ова уследи по сомнителен напад со подметнување пожар во една естонска одбранбена компанија – инцидент за кој Талин ја обвини Москва – иако првично не беше прецизирано колку долго ќе трае затворањето.

Одговор на непријателските активности на Русија

„Оваа одлука е одговор на континуираните непријателски активности на Русија против Естонија и други европски земји“, се наведува во соопштението на владата.

„Компании од естонската одбранбена индустрија беа цел на напади двапати оваа година, а според Естонската служба за внатрешна безбедност, двата напади биле организирани од руските специјални служби“, се додава во соопштението.

Москва постојано ги отфрла обвинувањата од европските власти за нејзина вмешаност во акти на саботажа. Естонија – членка на НАТО и на Европската унија, како и цврст поддржувач на Украина – моментално има пет гранични премини преку кои патниците можат да влезат во Русија или да излезат од неа, истакна владата.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер