Делови од Скопје без струја - Канал 5

Делови од Скопје без струја

Од ЕВН Македонија АД информираат дека на денес поради планирани работи на електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат корисници во повеќе скопски општини.

Делови од Скопје без струја

Во општина Сопиште, од 08:30 до 15:00 часот без струја ќе бидат дел од корисниците на улица 8 во селото Горно Соње, на местото викано Коштан, а од 09:00 до 12:00 часот прекин ќе има и за дел од корисниците на улица 4 во Сопиште, на локалитетот Ветрила.

Во општина Бутел, од 09:00 до 11:00 часот без електрична енергија ќе останат дел од корисниците на булеварот „Македонско-косовска бригада“, во близина на Сервис Бутел.

Во општина Аеродром, од 09:00 до 14:00 часот без струја ќе бидат корисниците на улицата „Тодор Чангов“ – крак 21.

Во истиот период, од 09:00 до 14:00 часот, прекин во снабдувањето со електрична енергија ќе има и за дел од корисниците на улиците „Хашка“, „Будимпештанска“ и „Душко Бојковски“ во општина Карпош.

Во општина Ѓорче Петров, од 09:30 до 14:30 часот без струја ќе останат корисниците на улиците „Александар Македонски“, „Борис Сарафов“ и „Смилевска“, како и објектот на месната заедница, бензинската пумпа и дел од корисниците на улицата „Црногорска“.

Исто така, од 12:00 до 14:00 часот, без електрична енергија ќе бидат корисниците на улицата 95 и околните улици во селото Волково, во општина Ѓорче Петров.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Разрешениот министер Љутков стана национален координатор за култура

Екс-министерто за култура Зоран Љутков нема да се врати во Драмскиот театар, туку ќе продолжи да биде дел од владиот кабинет, потврдуваат од владата.

Разрешениот министер Љутков стана национален координатор за култура

Неговата нова позиција е национален координатор за култура.

-Неговото докажано искуство, пред се како докажан актер е предност и додадена вредност во владиниот кабинет – велат од владата за Канал 5.

Љутков беше минстер од формирањето на владата во 2024 година, а функцијата ја напушти во рамки на реконструкцијата на владиниот состав кога на негово место беше избран дотогашниот заменик-министер Седат Сулејмани.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЦУК: До 13 часот регистрирани 10 пожари, од нив пет се активни, два се под контрола, а три изгаснати

Пет пожари се активни до 13 часот, два се ставени под контрола, а три се изгаснати, информираше ЦУК.  

ЦУК: До 13 часот регистрирани 10 пожари, од нив пет се активни, два се под контрола, а три изгаснати

Активни пожари има во општина Студеничани кај селата Моране, Вртекица и Рамни Габер каде гори мешана шума, во општина Македонски Брод кај селата Драгов Дол и Локвица, опожарена е ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки. Во општините Велес кај село С’лп и селата Добрино и Тисовица во општина Зелениково, каде гори ниска вегетација, дабова и габерова шума и квалитетна дабова шума.

Мешана шума гори на просторот меѓу општините Јегуновце, Желино и Сарај, а во општина Штип во населба Балканска каде гори ниска вегетација.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Продолжи судењето за „Пулс: Објектот имал прегради и врати кои ја попречиле евакуацијата

Со изведување на градежното вештачење и распит на вештите лица кои го изработиле, денеска во судницата во затворот „Идризово“ продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“.

Продолжи судењето за „Пулс: Објектот имал прегради и врати кои ја попречиле евакуацијата

Во судницата наодите поврзани со урбанистичките и градежните аспекти на објектот ги презентираа вештите лица Душица Трпчевска Ангелковиќ и Маријана Лазаревска.

Во вештачењето е констатирано дека во објектот биле поставени прегради од гипс-картон и врати кои претставувале пречка за безбедна евакуација. Лазаревска покажа фотографии од изведбата на челични греди и столбови во приземјето на објектот, направени во 2012 година во рамки на пренамената од магацин за теписи и теписони во угостителски објект.

Лазаревска претходно посочи дека на објектот биле изведени надворешни скали и настрешница, како и преградни ѕидови од гипс-картон со кои бил оформен влез со двокрилна двонасочна врата. Според неа, ваквото решение било недозволено од безбедносен аспект, особено при евакуација.

Со изведувањето на градежното вештачење, кое го изработил тим од градежниот факултет при УКИМ, се очекува да заврши доказната постапка предложена од обвинителството.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер