Делчев: Бројни решенија во полицијата не знаеме како завршиле и до каде имаат дојдено - Канал 5

Делчев: Бројни решенија во полицијата не знаеме како завршиле и до каде имаат дојдено

Како што информира тој, бројот на решенија кои биле вратени со одлука на второстепена комисија од минатата недела е 89.

Делчев: Бројни решенија во полицијата не знаеме како завршиле и до каде имаат дојдено

Она што се случува во Министерството за внатрешни работи, а што го гледаат и вработените и граѓаните не е својствено за демократска држава и нема да биде добро ако се продолжи со овој систем на функционирање, бидејќи бројни решенија кои беа издадени од минатиот министер, па се направија нови решенија од техничкиот министер, па се вратија на повторно разгледување на второстепена, првостепена по судови, веќе не знаеме во полицијата кои решенија како завршиле и до каде имаат дојдено, рече денеска претседателот на Независниот синдикат на полицијата (НСП) Гоце Делчев во изјава за медиумите.

Јасно е, вели тој, дека има огромен број решенија кои се со важност од минатиот министер кои се со важност со распишување, односно потпишување на второстепената да се вратат на старите работни места, но најважно, како што потенцира, е дека огромен број вработени во полицијата не си го знаат нивното работно место и во моментов има полицајци, инспектори, началници кои не знаат каде да се обратат.

Како што информира тој, бројот на решенија кои биле вратени со одлука на второстепена комисија од минатата недела е 89.

– Она што јас го имам како податок врз база на пристигнати бројки од делот на работници во полицијата, а се членови на Синдикатот се околу 47. Мора врз база на вистинити и реални бројки и факти да бидат спроведени понатаму процесите за мирно разрешување на проблемот кој на кое работно место е, многу е едноставна работата, не може двајца да бидат на едно работно место, вели Делчев.

Тој апелирам до техничкиот министер, заменик-министерот и до техничкиот премиер да се договорат меѓусебе и да ги надминат овие прашања, бидејќи, додава, вработените во полицијата, луѓето што се најзадолжени за безбедноста на оваа држава, не заслужуваат ваков начин.

– Да го надминеме ова час поскоро за да може да почнеме со процес на обезбедување и начин на систем за што практично оваа полиција е во еден систем и процес на период на предизборие и за време на избори, додаде Делчев.

Прашан како изгледа тоа прераспределување, Делчев појаснува дека има внатрешни интерни огласи во МВР, и доколку еден министер има намера одредено работно место да го пополни со квалитетен кадар или поквалитетен во однос на местото што е упразнето по основ на боледување, прераспоредување на друго работно место, смрт или, како што вели, во ситуацијава на политичко поставување на поединци на одредени работни места, тоа работно место се пополнува со распишување на избор или со директно поставување на работно место врз основа на одлука на министерот.

Според Делчев, во интерес на работниот процес во делот на потребата за работни односи на еден вработен во полицијата, поставување одредени раководни функции во Министерството треба да биде во делот на законите, односно како што го прецизира и уредува законската регулатива во полицијата.

Имено, од НСП сметаат дека распоредувањето „по потреба на Министерството" години наназад се користи како алатка преку која политиката директно се меша во работата на Министерството и апелираат да се почитуваат законите и подзаконските акти. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео-Фото: Кајли Џенер во градник од 50 милиони долари, фановите бесни

Младтата бизнисменка и член на кланот Кардашијан Шенер, атрактивната Кајли Џенер се појави во градник вреден 50 милиони долари, фановите  бесни. .

Видео-Фото: Кајли Џенер во градник од 50 милиони долари, фановите бесни

Провокативната Кајли Џенер ја изненади публиката со појавувањето на модната ревија на „Викторијас сикрет“ во Лос Анџелес, каде што за прв пат прошета по пистата носејќи го славниот „Фантази градник“ - луксузен градник украсен со дијаманти, за кој се проценува дека вреди дури 50 милиони долари.

Риалити ѕвездата и бизнисменка изгледаше зачудувачки во спектакуларен ансамбл, комплетен со раскошни бели пердувести крилја. Сепак, нејзиното учество на ревијата во 2026 година предизвика силна реакција на социјалните мрежи, а некои обожаватели дури повикаа на бојкот на модната манифестација, објавува „Дејли меил“.

Одлуката на организаторите да ѝ го доверат на Кајли едно од најкултните парчиња во историјата на брендот предизвика најголеми негативни реакции.

Многумина сметаат дека оваа чест требало да ѝ припадне на некоја од долгогодишните манекенки на „Victoria's Secret“. „Зошто Кајли Џенер?“

Социјалните мрежи беа преплавени со коментари од незадоволни обожаватели, кои воопшто не го криеја своето разочарување од изборот на славната ријалити ѕвезда.

„Ова е неприфатливо“, напиша еден корисник на социјалната мрежа X. Друг ја критикуваше креативната визија на брендот, сугерирајќи дека на „Victoria's Secret“ му снемало идеи, и додаде дека вклучувањето на семејството Кардашијан-Џенер дополнително го намалило гламурот што некогаш ја дефинираше оваа славна модна ревија.

„Од сите луѓе на светот, зошто, по ѓаволите, ѝ го дадоа ’Fantasy Bra‘ на Кајли Џенер?“ – стоеше во еден од коментарите.

https://www.instagram.com/p/DeqALDlE2Xi/?utm_source=ig_embed&img_index=1

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Герасимовски: Редовна есенска дератизација во Центар, опфатени 2.000 шахти

Општина Центар спроведува редовна есенска дератизација на целата територија на локалната самоуправа, со која се опфатени околу 2 000 шахти.

Герасимовски: Редовна есенска дератизација во Центар, опфатени 2.000 шахти

Дератизацијата се спроведува со цел сузбивање на штетните глодари и спречување на ширење заразни болести, како дел од континуираните мерки за заштита на здравјето на граѓаните.

„Ова е редовна дератизација што ја спроведуваме на целото подрачје на општината. Пред неколку недели реализиравме и вонредна дератизација за сузбивање на глодарите и спречување на потенцијални извори на зарази“, истакна градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

Препаратот што се користи е сертифициран и одобрен од Министерството за здравство, а наменет е за контрола на штетниците, без да претставува ризик за другите животински видови. Системската дератизацијата е дел од редовнитепревентивни активности за одржување на хигиената и заштита на јавното здравје.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Спасено мече фатено во стапица на планината Јакупица

На планината Јакупица во велешко спасено е мече фатено во нелегално поставена стапица. 

Спасено мече фатено во стапица  на планината Јакупица

Животното го пронашле ловџии од Ловечкото друштво „Руен“ од Велес.

Тие слушнале силно рикање и го забележале мечето заробено во сајла.

Во близина била и неговата мајка, која го набљудувала настанот. Во акцијата учествувале инспектори, ловџии, еколози, полицајци и ветеринар.

Мечето било пронајдено на локалитетот Чеплес, во близина на рибник Нежилово.

Ветеринар од Скопската зоолошка градина го успал животното за да го прегледа.Стапицата била отстранета, а мечето немало видливи повреди.станува збор за мажјак стар околу три години и тежок 70 килограми.По прегледот, мечето било пуштено назад во природата.за случајот бил известен јавен обвинител од велес.Полицијата ја запленила стапицата за вештачење и поведување кривична постапка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер