Дел од советска сонда, лансирана пред 53 години ќе падне на Земјата- не се знае каде - Канал 5

Дел од советска сонда, лансирана пред 53 години ќе падне на Земјата- не се знае каде

Кон крајот на март 1972 година, Советскиот Сојуз ја лансираше сондата Космос 482.

Дел од советска сонда, лансирана пред 53 години ќе падне на Земјата- не се знае каде

Но, обидот за испраќање на сондата до Венера заврши со неуспех кога се случи дефект за време на лансирањето, поради што главните делови од вселенското летало останаа заробени во орбитата на Земјата.

Горниот дел од ракетата „Сојуз“ што ја носеше сондата се исклучи предвреме, оставајќи ја сондата во ниска орбита наместо да се упати кон Венера, објави АНСА.

Но, сега пристигнуваат нови вести: „За околу две недели, околу 9 или 10 мај, се очекува необично неконтролирано враќање на сондата“, известува Марко Лангбрук, холандски сателитски набљудувач, кој со години ги набљудува остатоците од Космос 482 преку телескоп.

Делот од сондата за кој холандскиот набљудувач на сателити вели дека ќе падне на Земјата е модулот за слетување на сондата Космос 482, дел од неуспешната советска мисија Венера, која е стара повеќе од 53 години.

Дали ќе го преживее преминот низ Земјината атмосфера?

Една од клучните дилеми е дали лендерот, кој е специјално дизајниран да издржи влегување низ густата атмосфера на Венера, ќе преживее поминување низ атмосферата на Земјата.

Космос 482 беше сестринска сонда на Венера 8, која успешно слета на Венера во јули 1972 година и пренесуваше податоци од нејзината површина 50 минути и 11 секунди пред да биде уништена од екстремните услови.

Додека Венера 8 славеше, Космос 482 остана заглавена во орбитата околу Земјата, сега подготвена за своето неконтролирано спуштање.

Вселенското летало со тежина од 495 килограми има значителна термичка заштита, развиена токму за екстремните услови на влегување низ атмосферата на Венера.

Каде ќе падне?

Точното време и место на падот сè уште не се познати. Со оглед на орбиталниот наклон од 51,7 степени, вселенското летало би можело да падне било каде помеѓу 52° северна и 52° јужна географска ширина, објаснува Лангброк.

Во текот на изминатите месеци, Лангбрук, заедно со колегата Доминик Диркс, изградија модел на враќање користејќи го TUDAT, софтвер за астродинамика развиен на Технолошкиот универзитет Делфт.

Лангброек забележува дека сондата имала падобран за да влезе во атмосферата на Венера, но сега не смета дека тој ќе работи. Ако модулот преживее влез, ќе падне со голема брзина, со очекувана брзина на удар од околу 65-70 метри во секунда.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Можни нови удари по Иран по среднорочните избори во САД

Америка ги предупредила своите сојузници на Блискиот Исток да бидат подготвени за нови можни удари по Иран.

Можни нови удари по Иран по среднорочните избори во САД

Според американскиот медиум Волстрит џурнал – нападите би можеле да продолжат откако ќе се оддржат среднорочните избори во САД следната недела.

Како што се наведува во американскиот медиум, претседателот Доналд Трамп се уште не донел конечна одлука дали ќе ги започне нападите, а шефот на иранската дипломатија – Абас Арагчи нагласил дека Иран се уште нуди шанса за дипломатски обиди за деескалација.

Мировниот план кој го нуди Техеран, според Арагчи, би го отворил ормускиот теснец доколку САД ги исполни условите наведени во предлогот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Заменик-министерката за европски прашања на средба со претставници на француската амбасада: Реформите мора да донесат конкретни резултати

Заменик министерката за европски прашања, Викторија Трајков, оствари средба со Филип Маршето, заменик-амбасадор на Република Франција и францускиот експерт Жером Кел.

Заменик-министерката за европски прашања на средба со претставници на француската амбасада: Реформите мора да донесат конкретни резултати

Во фокусот на разговорот беа реализираните реформи и активностите на институциите за спроведување на Реформската агенда и приоритетите за наредниот период.

„Нашата цел е реформите да не останат само обврски на хартија, туку да донесат мерливи резултати, поефикасни институции и подобри услуги за граѓаните. Посветени сме на спроведување на Реформската агенда 2024–2027 и исполнување на европските стандарди преку конкретни активности, јасна одговорност и континуирано следење на постигнатото“, истакна Трајков.

На средбата беше нагласена важноста на соработката со Франција, размената на експертски искуства и континуираниот дијалог во поддршка на реформскиот процес и европската интеграција на нашата земја.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нетанјаху води на изборите, но нема мнозинство за влада

Досегашните преброени гласови од изборите за Кнесетот во Израел покажуваат дека Бенјамин Нетанјаху е во водство.

Нетанјаху води на изборите, но нема мнозинство за влада

Со преброени 85 проценти од гласовите, неговиот блок предводен од партијата Ликуд, се очекува да освои 53 пратенички места.

Главниот ривал на Нетанјаху – поранешниот началник на генералштабот на армијата – Гади Ајзенкот и неговиот опозициски блок, е на пат да освои 48 места. Арапските партии, според резултатите, би можеле да освојат рекордни 19 места. За мнозинство во Кнесетот, кој има 120 пратеници, потребни е 61 освоено место.

Нетанјаху и Ајзенкот најавија дека ќе се обидат да формираат владина коалиција, а не се исклучува и влада на национално единство, бидејќи повеќето еврејски партии ја отфрлаат можноста за соработка со арапските партии. Сè уште не се преброени меѓу 430.000 и 480.000 гласачки ливчиња. По конечните резултати се очекува претседателот Исак Херцог да се консултира со политичките партии, а доколку не биде формирана влада, израел би можел да оди на нови избори.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер