Сондата на НАСА која помина покрај Сонцето, сè уште работи - Канал 5

Сондата на НАСА која помина покрај Сонцето, сè уште работи

НАСА соопшти дека нејзината соларна сонда Паркер е „безбедна“ и работи нормално откако успешно го завршила најблиското приближување до Сонцето од вештачки објект во историјата.

Сондата на НАСА која помина покрај Сонцето, сè уште работи

Леталото помина на само 6,1 милиони километри од површината на Сонцето на 24 декември, летајќи низ надворешната атмосфера на Сонцето, наречена корона, во мисија што треба да им помогне на научниците да дознаат повеќе за ѕвездата најблиску до Земјата.

НАСА соопшти дека оперативниот тим во лабораторијата за применета физика Џон Хопкинс во Мериленд добил сигнал од сондата непосредно пред полноќ во четвртокот.

Се очекува леталото да испрати детални телеметриски податоци за неговиот статус на 1 јануари, додаде НАСА.

Патувајќи со брзина до 692.000 км/ч, леталото издржа температури до 982 степени Целзиусови, се наведува на веб-страницата на НАСА.

„Оваа студија на Сонцето „одблиску“и овозможува на Соларната сонда Паркер да направи мерења кои им помагаат на научниците подобро да разберат како материјалот во овој регион се загрева до милиони степени, од кое потекло е сончевиот ветер и како енергетските честички се забрзуваат до брзини блиску до брзината на светлината“, додава агенцијата.

Соларната сонда Паркер беше лансирана во 2018 година и постепено влегува во сè потесни орбити околу Сонцето, користејќи ја гравитацијата на Венера додека лета покрај планетата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Каква ќе биде судбината на дата-центрите во Македонија? Власта и опозицијата со дијаметрално спротивставени позиции

Се затвори ли случајот со дата центар во Пехчево или сепак ќе оживее идејата за изградба?

Каква ќе биде судбината на дата-центрите во Македонија? Власта и опозицијата со дијаметрално спротивставени позиции

По вчерашната одлука на општинскиот совет кој едногласно ја отфрли иницијативата за проектот, градоначалникот Александар Китански во телефонски разговор за утре најави дека ќе има повеќе детали и појаснување дали е можно овој проект планиран во Панчарево повторно да се најде на дневен ред.

Во меѓувреме лидерот на СДСМ Венко Филипче обвинува дека власта имала план под маса да протне изградба на повеќе дата центри кои според него ќе ги доведат во опасност струјата, водата, земјоделските површини и живиот свет во реките. Филипче стигнал и до документ за кој тврди дека е доказ оти некоја компанија добила дозвола од владата за изградба на дата центар со пристап до реката Вардар.

-Дали тоа значи дека огромната количина на вода која што ќе ја користат дата-центрите, кои што Организираната криминална група на ВМРО сака да ги прави кај нас, ќе ги остави нашите полиња и земјоделците без водоснабдување? Што Македонија ќе прави со струјата која што во еден дел целосно ќе биде искористена од тие дата-центри, затоа што тие трошат многу струја? Понатаму, што ќе се случи со цената на струјата? - Венко Филипче – претседател на СДСМ

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски за Канал 5 тврди дека струјата и водата нема да бидат загрозени со било каков дата центар изграден во земјава. Тој уверува дека е предвидено сите големи инвестиции да се снабдуваат со електрична енергија од обновливи извори, без да ја трошат постојната струја, а во однос на водата уште при одобрувањето на проектот ќе се барало технологија за минимална потрошувачка.

-Најважно е граѓаните да знаат едно: нема да дозволиме инвестиција во било кој центар за податоци да значи помалку вода или помалку струја за домаќинствата. Овие центри трошат електрична енергија како било кој индустриски капацитет, а зависно од технологијата можат да користат и вода за ладење, која не се троши туку циркулира и потекнува најчесто од подземни води а не од постоечки реки или водоводи. Затоа, пред да се одобри ваков проект, точно ќе се знае од каде ќе доаѓа енергијата, колкава ќе биде потрошувачката и каков систем за ладење ќе се користи. - Стефан Андоновски - министер за дигитална трансформација

Поддршка за изградбата на дата центри низ саркастична објава даде поранешниот премиер Димитар Ковачевски... „Имала среќа Америка што Пехчево не е во Силиконска долина, а богами и Кина што Пехчево не е во Шангај... што би правеле денес со вишокот вода..“ – напиша тој на фејсбук. Спротивниот став од партискиот според Филипче не значи раскол, туку демократија во партијата.

-Го читав постот. Раскол на тоа ниво со Димитар Ковачевски никогаш немало на ниту една тема. Што е заклучокот од ова што го говорите.. Не е раскол, туку доказ дека ние сме вистинска демократска партија и сечие мислење се цени и може да се каже во јавноста.- Венко Филипче – претседател на СДСМ

Вчера премиерот Мицкоски за иницијативата во Пехчево рече дека се работи за приватна инвестиција, но дека Владата генерално ги поддржува тие кои ги исполнуваат еколошките стандарди. Според него дата центрите се новата нафта и треба да се градат без да се наруши животната средина. Од неговата партија пак обвинија дека зад иницијативата во Пехчево стоел Драги Ѓорѓиев, поранешен пратеник од СДСМ, кој се појавува како косопственик на парцелите со вкупна површина од 30 декари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Апелација ја потврди ослободителната пресуда за Груевски во „Талир 2″, ВМРО-ДПМНЕ си го врати имотот

По осум години судска постапка, случајот „Талир 2“ кој се однесува на финансирањето на изградбата на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ доби правосилна завршница.

Апелација ја потврди ослободителната пресуда за Груевски во „Талир 2″, ВМРО-ДПМНЕ си го врати имотот

По осум години судска постапка, случајот „Талир 2“ кој се однесува на финансирањето на изградбата на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ доби правосилна завршница откако апелацискиот суд ја одби како неоснована жалбата на обвинителството и ја потврди ослободителната пресуда за екс премиерот Никола Груевски. Со одлуката се враќа и седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, имот кој беше замрзнат во рамки на судската постапка. Во образложението на одлуката, Апелација оценува дека не било докажано надвор од разумно сомнение дека Груевски постапувал спротивно на законот за финансирање на политичките партии.

-При постапувањето и одлучувањето, Судот оцени дека преземените дејствија од страна на обвинетиот Н.Г. како одговорно лице во правното лице, се во рамките на неговите овластувања и не се изведени докази од страна на Основното јавно обвинителство Скопје дека постапувањето на обвинетиот е спротивно на Законот за финансирање на политичките партии.- Скопска апелација

Претходно, од опозициската СДСМ денеска побараа скопска Апелација да ја преиначи одлуката на првостепениот суд и случајот да биде вратен на повторно одлучување. Од партијата обвинија и дека првостепената ослободителна пресуда била поради како што наведоа, партизираност на судството.

-Партизираното судство под контрола на Мицкоски го ослободи Никола Груевски со првостепената одлука и беше одбиена конфискацијата за седиштето на ВМРО-ОКГ. Претходно предметот „Талир 2“ беше одземен од поранешниот обвинител како класичен пример на политичко влијание врз текот на истрагите.- Александар Саша Димитријевиќ - СДСМ

Случајот го отвори сега згаснатото СЈО во 2018 година а потоа го презеде скопското обвинителство. Во првичната постапка Груевски беше осуден на шест години затвор, а на партијата и беше изречена конфскација на имотот. На тоа следеа измените на КЗ од 2023 година, како резултат на кои за Груевски имаше промена на обвинението, а ослободителната пресуда која беше донесена пред еден месец, Кривичниот суд ја образложи, токму поради тие измени. Груевски е инаку, осуден за случајот со „Плацевите на Водно“ и „Насилство во центар“, а двегодишната казна за случајот „Тенк“ застаре пред две години. Со тоа, во моментов го чекаат 10 години и шест месеци казна затвор. За него се уште активен е предметот „Титаник“ кој е првиот отворен од поранешното СЈО.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вкупно 53 случаи на западнонилска треска, најмладата пациентка од Студеничани е отпуштена од болница

Во болница со воспаление на мозокот предизвикано од западно нилска треска лежат дваесетина пациенти.

Вкупно 53 случаи на западнонилска треска, најмладата пациентка од Студеничани е отпуштена од болница

Во болница со воспаление на мозокот предизвикано од западно нилска треска лежат дваесетина пациенти, од кои за тројца, иако се клинички позитивни, се уште се чекаат резултатите, а освен во Скопје има и прв потврден случај од Куманово, информираат здравствените власти. Шестмина од хоспитализираните се интензивно лекување, дел од нив со недели се на апарати за дишење, а вкупниот број на случаи се искачи на 53. Засега не се дава оценка дали најлошото помина или допрва не очекува нов бран, но сепак Министерот Клековски смета дека има добри индикатори дека прскањата особено од копно даваат резултати, бидејќи во местото кое се сметаше за најголемото жариште – Драчево веќе трета недела нема нови случаи. Во однос на тоа зошто лани имавме два, а годинава досега 50 тина случаи Клековски вели дека вирусот е непредвидлив.

-Нема едноставно и единствено објаснување за ваквиот пораст, бидејќи однесувањето на вирусот е непредвидливо и не постои научно утврден образец според кој однапред може да се процени бројот на заболени. Во сите претходни години заедно во земјава биле регистрирани 54 случаи и пет смртни исходи, додека годинашната бројка веќе се приближува до тој вкупен биланс.- Сашо Клековски – Министер за здравство

Со цел зголемена транспарентност но и граѓаните да се информираат за жариштата од релевантни извори за состојбите во реално време, жариштата и бројот на случаи, објавена е нова веб страница healthalert.mk што претставува интерактивна мапа.

Поради тоа што имуносупресивната терапија или лекови што го потиснуваат или ослабуваат имунолошкиот систем и најчесто ги користат луѓе со трансплантирани органи и одредени автоимуни заболувања, знае да даде лажно негативен тест за западно нилска треска, матичните лекари и дел од Клиниките добиле и упатство за постапување доколку се појават симтоми на вирусот кај ваквите пациенти.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер