Декемвриски Самит на ЕУ – главна тема обезбедувањето средства за финансиска поддршка на Украина - Канал 5

Декемвриски Самит на ЕУ – главна тема обезбедувањето средства за финансиска поддршка на Украина

- Од нас зависи како ќе ја финансираме борбата на Украина. Ја знаеме итноста. Таа е акутна. Сите ја чувствуваме. Сите ја гледаме, рече Фон дер Лајен.

Декемвриски Самит на ЕУ – главна тема обезбедувањето средства за финансиска поддршка на Украина

Случувањата поврзани со Украина, следната Повеќегодишна финансиска рамка на ЕУ, проширувањето, геоекономската ситуација во Унијата, состојбите на Блискиот Исток, европската одбрана и миграцијата ќе бидат темите за кои, според најавата, ќе расправаат шефовите на држави или влади на членките на Европската Унија на Самитот што почнува денеска во Брисел.

Сепак, главното прашање околу кое ќе се кршат копјата на Самитот се очекува де биде планот за т.н. заем за репарации, кој предвидува замрзнатите руски средства во ЕУ да се искористат за исплата на 210 милијарди евра на Украина за покривање на нејзините финансиски потреби за 2026 и 2027 година.

Европската комисија го предложи овој план уште на октомврискиот Самит на ЕУ, но тој тогаш не беше усвоен поради противењето на Белгија, која стравува од ризиците и последиците од таквиот потег поврзани со потребата за евентуално враќање на тие пари на Русија, имајќи предвид дека најголемиот дел од замрзнатите руски средства или околу 185 се депонирани во клириншката куќа „Еуроклир“ со седиште во Брисел.

Од тие причини Белгија побара гаранции дека нема самата да се соочи со евентуалните последици од ваквиот план, на што Европската комисија излезе со предлог за „заштитни мерки“, но белгиската Влада оцени дека тие не се доволни за да го промени ставот.

Во вчерашното обраќање во Европскиот парламент на дебатата посветена на Самитот, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен изјави дека предложила две опции за обезбедување на финансиска поддршка за Украина – со користење на замрзнатите руски средства во ЕУ и преку дополнително задолжување на Унијата.

- Од нас зависи како ќе ја финансираме борбата на Украина. Ја знаеме итноста. Таа е акутна. Сите ја чувствуваме. Сите ја гледаме, рече Фон дер Лајен.

Таа потсети и дека минатата недела земјите членки се согласија на замрзнување на руските средства на неопределено време.

- Тоа значи дека руските средства ќе останат замрзнати сè додека не одлучиме поинаку, сè додека Русија не ја запре војната и соодветно не ја компензира Украина за сите направени штети. Со средствата замрзнати на неодредено време, можеме да го претвориме ова во вистински пресврт за Украина и за Европа, рече Фон дер Лајен.

Евентуалната одлука на Самитот за одобрување на планот за заемот за репарации може да биде донесена со квалификувано мнозинство, односно со поддршка од најмалку 15 земји членки во кои живеат најмалку 65 отсто од жителите на блокот. Ова би значело дека предлогот би можел да биде усвоен и покрај очекуваното гласање „против“ на Белгија и на уште неколку други земји, како Бугарија, Италија, Малта, Словачка, Унгарија или Чешка.

Сепак, дипломатски извори оценуваат дека ваквиот потег би бил „политички токсичен“, би претставувал „нуклеарна опција“ и би го нарушил принципот на солидарност во ЕУ и би поставил „катастрофален преседан“ дека секоја средна или мала земја членка би можела да биде надгласана од поголемите држави и нивните поддржувачи.

Резервната опција за заедничко задолжување на ЕУ на пазарите на капитал преку издавање на еврообврзница се смета за политички невозможна мисија. Унгарија веќе најави дека ќе стави вето на евентуален ваков предлог, но таквата идеја е неприфатлива и за повеќето „северни земји“, вклучително и Германија, кои жестоко се противат на натамошно зголемување на долгот на ЕУ.

Во поканата до лидерите на земјите членки на ЕУ за учество на Самитот, претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта наведе дека „неодамнешните случувања“ поврзани со Украина ја истакнуваат потребата од итна акција од страна на Унијата, потсетувајќи ги дека на октомврискиот Европски совет тие се обврзаа да ги покријат итните финансиски потреби на земјата за 2026 и 2027 година, вклучително и за нејзините воени и одбранбени напори.

- На овој состанок треба да одлучиме како да ја спроведеме таа обврска, наведе Кошта.

Тој додаде дека во исто време во тек се и „дипломатски напори за постигнување праведен и траен мир во Украина“, па во тој контекст лидерите ќе разговараат и како „најдобро да продолжат да ги бранат интересите на Европа“ и како да биде зајакната преговарачката позиција на Украина.

- Важен дел од таа равенка треба да биде зголемениот притисок врз Русија, додава Кошта, најавувајќи дека на почетокот на дебатата за Украина лидерите ќе имаат можност да се слушнат и со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Во врска со проширување на ЕУ во најавата за Самитот се посочува дека тоа претставува геостратешка инвестиција во мирот, безбедноста, стабилноста и просперитет. Во неа се оценува дека реформските процеси поврзани со проширувањето, како пристап базиран на заслуги, имаат длабоко трансформативен ефект врз земјите кандидати за членство на нивниот пат кон пристапување во ЕУ.

Кошта во поканата наведе дека со оглед на напредокот што некои земји кандидати за членство во ЕУ го постигнаа на нивниот пристапен пат, некои од нив „можеби ќе ги исполнат потребните услови за да се приклучат кон Европската Унија во не толку далечна иднина“.

- Декемврискиот состанок на Европскиот совет ќе биде навремена можност да разговараме за идните чекори, потенцира Кошта, кој вчера во Брисел беше домаќин на Самитот ЕУ-Западен Балкан.

Лидерите на денешниот состанок ќе имаат и стратешка дискусија за досегашниот напредок во изработката на финансиската рамка на ЕУ за периодот 2028-2034 година и од оваа расправа се очекува да произлезат насоки за идната фаза од преговорите за усогласување на следниот повеќегодишен буџет.

- Ќе биде потребна интензивна работа за да се постигне договор до крајот на 2026 година за следниот мултифункционален финансиско-програмски план и неговото финансирање. Важно е да се почитува овој распоред. Тоа ќе покаже дека, во актуелниот непредвидлив свет, ЕУ е во состојба да одлучува навремено и разумно при дефинирањето на буџетските основи за своето дејствување, наведе Кошта во поканата.

Предвидено е на Самитот да се разговара и за геоекономска ситуација во ЕУ и како таа влијае врз европската конкурентност.

- Со оглед на зголемената геоекономска конкуренција и променетиот пејзаж во економските односи засновани на правила и традиционални партнерства, лидерите ќе се фокусираат на три аспекти: како ЕУ најдобро може да се одбрани од надворешни економски и политички притисоци, на забрзувањето на трговската агенда на ЕУ и на стратешката автономија и конкурентните економии.

На Самитот лидерите ќе се осврнат и на ситуацијата на Блискиот Исток, со посебен акцент на придонесот и улогата на Европската Унија кон целосно имплементирање на прекинот на огнот во Газа и трасирањето на патот кон сеопфатен, праведен и траен мир заснован на решението за две држави – Израел и Палестина.

Кошта во поканата додаде и дека на Самитот ќе биде направен и преглед на спроведувањето на претходните одлуки за европската одбрана и безбедност, насочени кон „решително зголемување на одбранбената подготвеност на Европа до 2030 година“.

- Неодамнешните настани покажуваат дека Русија и Белорусија ја интензивираа својата хибридна кампања во Европа. Ова нè потсетува дека треба да ги забрзаме напорите во сите насоки кон нашата одбранбена подготвеност, вели Кошта во поканата.

Покрај ова, според него, согласно вообичаената вообичаена практика, на состанокот ќе биде разгледан и напредокот во спроведувањето на заклучоци од претходните самити поврзани со миграцијата, при што Европската комисија ќе поднесе извештај за актуелните случувања во оваа област.

- Како и секогаш, ќе се потрудам нашиот состанок да се одржи на еден ден. Но, мојот главен приоритет е да ги исполнам важните одлуки што мора да се донесат, пред сè за финансирањето на Украина. Со нетрпение очекувам да ве видам во Брисел, наведе Кошта во поканата до лидерите на ЕУ за учество на Самитот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Беше прекрасен татко, но падна во депресија по отказот“- мајка за сопругот кој ги уби нивните две деца

Мајката на две деца чиј татко ги убил фрлајќи ги од покривот на гаража, а потоа извршил самоубиство, проговори за околностите околу нивната трагична смрт!

„Беше прекрасен татко, но падна во депресија по отказот“- мајка за сопругот кој ги уби нивните две деца

Шестгодишната Каролин Линч и нејзиниот брат Џејмс Линч, на осум години, беа пронајдени во вторник, 3 ноември, пред општинска зграда во Маунт Либан, Пенсилванија, со повреди за кои се сомнева дека се предизвикани од падот, објави Пипл.

Нивниот татко, Патрик Линч, исто така е пронајден со слични повреди. Сите тројца починаа во инцидент што полицијата го истражува како убиство-самоубиство, соопшти шерифската служба на округот Алегени.

Според PennLive, Патрик ги фрлил децата од петкатна паркинг гаража. По убиствата, мајката на децата објави на Фејсбук дека Патрик бил депресивен откако неодамна ја изгубил работата.

На снимка од екранот од објавата, која ја споделија Daily Voice, WPXI TV и PennLive, Ана ДеМеј Линч напиша дека Патрик „донел неповратна одлука да ги убие нашите две деца и себеси“, додавајќи дека тој бил „прекрасен татко“.

„Тој беше отпуштен во август и набргу потоа, стана депресивен“, додаде таа во објавата.

На профилот на Патрик на LinkedIn е наведен како научник за податоци, кој работел на машинско учење и вештачка интелигенција, а неговата последна работа завршува во август.

Ана во својата објава на Фејсбук напиша дека успеала да го убеди Патрик да оди на терапија и дека тој имал закажан преглед за следниот ден.

„Еден ден предоцна“, напиша таа. „Никогаш не помислив дека нашата приказна ќе заврши вака“.

За Ана е отворена страница GoFundMe додека се бори со загубата на Каролин и Џејмс и се подготвува за нивните погреби.

Заедницата на Маунт Либан, исто така, се собира за да им оддаде почит на децата, за кои канцеларијата на медицинскиот испитувач соопшти дека починале од „повеќе повреди од тап предмет“.

„Таа беше само мало снопче радост. Ги сакаше луѓето“, изјави Вики Хефелфингер, која го познаваше семејството Линч преку нивното учество во училиштето за пливање.

„Секој пат кога ја гледавме, таа им мавташе на сите. Ги гледаше другите деца и беше едноставно толку храбро мало девојче“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Познато е колку заработува Ламар Одом за една недела на OnlyFans (ВИДЕО)

Поранешната НБА ѕвезда Ламар Одом би можела да заработи повеќе од 180.000 евра благодарение на својот нов профил на платформата OnlyFans. 

Познато е колку заработува Ламар Одом за една недела на OnlyFans (ВИДЕО)

Поранешниот кошаркар на Лос Анџелес Лејкерс заработил повеќе од 45.000 евра за само осум дена, изјавил извор за TMZ.

Месечната претплата за пристап до неговите ексклузивни фотографии и видеа е околу 13,45 евра.

Одом отвори профил на OnlyFans минатиот месец, што го прави првата поранешна НБА ѕвезда што се приклучила на платформата, според медиумските извештаи.

Тој ја објасни својата одлука велејќи дека смета дека времето е вистинско за тоа. Призна дека во текот на својот живот поминал низ многу бурни периоди, но исто така рече дека подготвува уште неколку изненадувања за своите фанови.

„Сите опции се отворени“

Поранешниот кошаркар на Лос Анџелес Клиперс објави дека на неговиот профил ќе има разновидна содржина, вклучувајќи изненадувања што неговите фанови можеби не ги очекуваат.

„Сè уште нема да откривам премногу. Ќе мора да се претплатите за да дознаете. Само знајте дека сум искрен и сите опции се отворени“, рече тој.

Одом рече дека во текот на целиот свој живот често донесувал непредвидливи одлуки и дека сè уште може да ја изненади јавноста. „Отсекогаш сум бил отворена книга, но има поглавја што луѓето сè уште не ги виделе“, изјави тој.

Неговата девојка Рејчел Бредли исто така отвори профил на OnlyFans. Извор близок до двојката откри за TMZ дека постои можност тие да објавуваат содржина заедно во иднина.

Беше во брак со Клое Кардашијан

Одом јавно ја потврди својата врска со Рејчел Бредли во април, кога објави видео на Инстаграм од нив како заедно влегуваат во Crypto.com Arena во Лос Анџелес. Неколку дена претходно, тие споделија и заедничка фотографија со актерот Тери Крус и неговата сопруга Ребека Кинг Крус.

Пред врската со Бредли, Одом беше во долгогодишна врска со Лиза Моралес, со која има две деца, ќерката Дестини (28) и синот ЛЈ (24).

Тој е особено познат на јавноста по бракот со ријалити ѕвездата Клое Кардашијан, со која се ожени во 2009 година. Нивниот брак западна во криза, а во 2013 година решија да се разделат. Разводот официјално беше финализиран во 2016 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фицо тврди: Резултатите од референдумот за пристапување во ЕУ беа фалсификат

Словачкиот премиер Роберт Фицо денес тврдеше дека референдумот за пристапување на земјата во Европската Унија бил наместен и дека немало да има пристапување доколку не било така.

Фицо тврди: Резултатите од референдумот за пристапување во ЕУ беа фалсификат

„Одржавме референдум кој, доколку не беше наместен, немаше да биде успешен. Тоа мора да се каже. Разликата беше толку мала што, според мене, беа направени одредени корекции за да се обезбеди дека исходот е онаков каков што беше потребен за Словачка да го одобри пристапувањето кон оваа организација“, изјави Фицо за телевизијата TA3.

Зборувајќи за атмосферата во Словачка во 2004 година, кога земјата се приклучи кон ЕУ, Фицо оцени дека пристапувањето било проследено со голем ентузијазам од една страна, но дека од друга страна, резултатот од референдумот бил многу тесен.

Референдумот за пристапување кон Европската Унија во Словачка се одржа во мај 2003 година, со излезност од 52 проценти, а мнозинството гласаше позитивно за пристапувањето.

Словачка се приклучи кон Европската Унија во 2024 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер