Дефинирани пет предизборни коалиции на помалку од една недела до почетокот на изборната кампања

Во пресрет на претседателските и парламентарните избори, политичките партии во земјава продолжуваат со предизборните коалицирања. 

На помалку од една недела до официјалниот почеток на изборната кампања дефинирани се пет коалициски групирања - „Коалиција за европска иднина“ предводена од СДСМ, коалиција „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, коалиција „Храбро за Македонија“ предводена од ГРОМ, коалиција „Европскиот фронт“ предводена од ДУИ и коалиција „ВРЕДИ“ на албанската опозиција.

Самостојно на изборите, според досегашните најави, одат ЗНАМ - За наша Македонија и партијата „Левица“.

Следната недела на 4 април започнува изборната кампања за седмите претседателски избори на кои во првиот круг на 24 април ќе се гласа за седум кандидати. Парламентарните избори, пак, се закажани на 8 мај, а до 2 април учесниците на изборите треба да ги достават до ДИК листите со кандидати за пратеници.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ вчера со 24 политички субјекти и организации потпиша Повелба за стратешко коалицирање и утврдување на принципите на идна работа на коалицијата наречена „Твоја Македонија“. Дел од оваа коалиција се партијата „Достоинство“ на Стојанче Ангелов, „Демократски сојуз“ на Павле Трајанов, „Обединети за Македонија“ на Љубе Бошковски, „Македонски концепт“ на Петар Богојески, „Глас за Македонија“ на Солза Грчева, ТМРО на Ванчо Шехтански.... Како партнери остануваат и Социјалистичката партија на Македонија, Демократската партија на Србите во Македонија, Движењето за национално единство на Турците, Демократската партија на Ромите, Демократски сили на Ромите, како и Партијата на Власите.

По потпишувањето на Повелбата, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски истакна дека коалицијата се обврзува дека при реализација на програмата за претседателските и парламентарните избори целосно и недвосмислено ќе се води од принципите на одговорност и транспарентност во политичкото дејствување.

Ова, како што рече, е финалната предизборна коалиција со која ќе настапат на претстојните избори.

СДСМ, пак, вчера соопшти дека на средба меѓу партискиот претседател Димитар Ковачевски и основачот и претседател на Српската странка во Македонија, Мирослав Јовановиќ, е потврдена проширувањето на Коалицијата за европска иднина.

Според СДСМ, Коалицијата за европска иднина ќе го обезбеди остварувањето на втората стратешка цел, членството на Северна Македонија во ЕУ. Оттаму велат дека имаат јасен план за европски животен стандард, просперитетна и развиена држава, во која функционира демократијата, владеењето на правото и социјалната правда.

Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски во седиштето на партијата во средата потпиша коалициски договор со лидерите на партиите кои влегоа во „Коалиција за европска иднина“. Коалицискиот договор го потпишаа СДСМ, НСДП, ЛДП, Партијата за движење на Турците, Партијата на пензионери, ДОМ, ВМРО НП, Демократски сојуз на Власите во Македонија, ПОЕН, Сојуз на Ромите во Македонија, Десница, Партијата за демократски просперитет на Ромите, СДА, а кон коалицискиот договор се приклучи и Движењето Нова Република.

-Победничката проевропската коалиција ќе ја формира новата проевропска влада по завршувањето на претстојните избори, ќе биде предводник во реформските процеси и ќе се залага за завршување на преговорите со ЕУ до 2028 година и членство до 2030 година, наспроти нови 11 години изолација и заглавување кои ги нуди опозицијата, наведуваат од СДСМ.

„Европскиот фронт“ предводен од ДУИ вчера потпиша коалициски договор со Движењето на Турците на Македонија за правда и демократија. Лидерот на ДУИ Али Ахмети потенцира дека обединувањето околу овој фронт не е привремено, туку е долгорочно, за, како што рече, да ги реализираат и нештата што останале недовршени.

-Има многу нешта за да ги истакнеме – правичната застапеност, остварувањето во пракса на албанскиот, турскиот и ромскиот јазик. Секако дека има уште многу работи да се прават, но главната цел на целиот на овој фронт е нашата земја да ја зачлениме за кратко време во Европската Унија. Ние ќе се бориме во овој фронт со цел оваа држава да биде „мајка“ за сите, рече Ахмети.

Досега кон „Европскиот фронт“ предводен од ДУИ се приклучија ДПА, Европската демократска партија, Народното движење, Унијата на Ромите, Демократската партија на Турците. Денеска во Гостивар договор ќе биде потпишан и со крилото на Алијанса за Албанците на Зијадин Села.

Коалициски договор за заеднички настап на претстојните избори поптишаа и ГРОМ – Граѓанска опција за Македонија, ИНТЕГРА - Македонска конзервативна партија и ПЦЕР – Партија за целосна еманципација на Ромите. Договорот беше потпишан од тројцата партиски лидери Стевчо Јакимовски на ГРОМ, Љупчо Ристовски на ИНТЕГРА и Самка Ибраимовски на ПЦЕР. Дел од програмата на оваа Коалиција „Храбро за Македонија“ со која ќе учествуваат на претстојните се непромена на Уставот, пораст на животниот стандард, социјална заштита на граѓаните, подобро образование....

Албанската опозиција на изборите ќе настапи како коалиција „ВРЕДИ“. Алијанса за Албанците на Арбен Таравари и партиите од коалицијата Европски сојуз за промени (ЕСП), Демократско движење, Движењето БЕСА и Алтернатива, на 17 февруари годинава потпишаа Декларација за обединување во пресрет на претседателските и парламентарни избори.

Во декларацијата што ја потпишаа лидерите на АА Арбен Таравари, на Демократското движење, Изет Меџити, на Алтернатива Африм Гаши и на Движењето Беса Биљал Касами, истакнуваат дека поставуваат темели на нова ера кај албанските партии во државава. Нивни кандидат на претседателските избори ќе биде Таравари.

Дневен хороскоп за 29. април 2024 година

Дневен хороскоп за понеделник, 29. април 2024 година. 

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Ќе бидете настроени во целост да се впуштите во вашите фантазии , а вашите врски со љубовната реалност ќе се намалат.

Кариера

Денеска уметниците меѓу вас би можеле добро да работат. Другите ќе имаат пречки , не во идеите , туку во реализацијата.

Здравје

Можни се илузии.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Ќе настојувате саканата личност да ја наведувате на дневните тековни работи и така да ја приближите до реалноста.

Кариера

Ќе има некаква реорганизација на работното место . Новините се однесуваат на условите за работа , колегите , услугите и слично.

Здравје

Продолжете со новите здрави навики.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Оние кои биле на чекор до вљубување, денеска конечно ќе сфатат дека сакаат и поотворено ќе тргнат кон таа насока.

Кариера

Нови периоди им следуваат на вработените во спортски , педагошки и забавбни дејности , а другите остануваат креативни.

Здравје

Дотерајте се.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Друштвеноста и отвореноста денеска ќе бидат вашите главни квалитети. Оние кои уште се сами , ќе успеат набрзина да остваруваат контакти.

Кариера

Ќе се мерат вашите заслуги во работата. Истовремено ви доаѓаат прекрасни идеи полни со креативност.

Здравје

Прошетајте се на свеж воздух.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Фантазијата денеска ќе ви работи стотка на час. Некои во саканата личност ќе видат нешто што таа воопшто не е. Можни се нереални проценки.

Кариера

Ќе бидете способни да реагирате брзо и тактично. Ќе успеете да помагате и да читате меѓу редови таму каде што никој нема да може.

Здравје

Ова е ден на вашата сестраност.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

До личноста што ја сакате ќе се обидете да дојдете со помош на гастрономски специјалитети . Веројатно е излегување на вечера со морско мени.

Кариера

Ќе се снаоѓате балансирајќи меѓу барањата на другите и своите планови и желби. Ќе успеете да најдете некаква средина.

Здравје

Не се нервирајте.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Веројатно ситуацијата ќе ве наведе на тоа максимално да е фокусирате на партнерот. Ќе размислувате како да продолжите заедно.

Кариера

Доколку договарате нова работа или проект, почекајте со одлуката барем до попладневните часови , зашто тогаш се ќе ви биде појасно.

Здравје

Намален имунитет и енергија. Одморете се.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Можно е со својата љубов малку да го задушувате партнерот. Дозволете му малку повеќе слобода.

Кариера

Вашите шефови на една , вие на друга страна . Сепак , не станува збор за судир , туку за различни методи до истата цел.

Здравје

Не играјте отворено .

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Денеска вашите пријатели ќе ве поттикнуваат и инспирираат за љубов.

Кариера

На некои вашите заслуги во работата нема да бидат целосно јасни , па ќе мора малку повеќе да се докажувате. Ќе бидете креативни и успешни.

Здравје

Вежбајте гимнастика.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Денеска би можеле убаво да се забавувате , доколку излезете на место каде што име уметнички содржини. Игнорирајте ги фалбаџиите.

Кариера

На работното емсто ќе се озборува , а лажните приказни ќе бидат главните настани. Не обрнувајте внимание на ништо од тоа , туку работете она што требате.

Здравје

Останете будни и подготвени за промени.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Откако ќе одработите дел од ,,домашните работи” , повторно ќе се свртите кон партнерот или кон личноста од работното место која ве сака.

Кариера

Не сте свесни пред какви можности се наоѓате. Освен што можете да покренете голем број новини , тука се и стабилните работи.

Здравје

Подобро отворете ги очите.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Пртед вас е ден во кој одлично ќе ги поврзете своите внатрешни потреби со луѓето околу вас.

Кариера

Контактите и комуникациите со лица од странство се засилуваат. Денеска ќе преговарате околу некои детали.

Здравје

Ниту заморот не ве запира.

Со овој напиток Ѓоковиќ го почнува денот – Сокот од целер на празен стомак е најздрав наутро!

Откако ќе го испиете во наредните 15 минути до половина час не внесувајте ништо!

Сокот од целер стана исклучително популарен кај љубителите на здравата исхрана. Најдобриот српски тенисер во историјата Новак Ѓоковиќ во интервју за американските медиуми откри дека својата сила и физичка подготвеност, меѓу другото, ги должи и на сокот од целер.

- Денот го почнувам со топла вода и лимон за да му помогнам на телото да се детоксицира. А потоа пијам сок од целер на празен стомак – изјавил Ѓоковиќ.

Без додавање вода

Ентони Вилијамс, автор на бестселерот на Њујорк Тајмс „Чистење на телото“, тврди дека сокот од целер е најкорисната храна што постои на нашата планета.

Целерот првенствено е намирница со висока содржина на вода, па затоа одлично го хидрира организмот. Богат е со влакна кои ги чистат и штитат цревата, витамини К, А и Ц, калиум, но содржи и висока содржина на натриумови јони кои ги уништуваат патогените микроорганизми, содржи и дигестивни ензими кои ги смируваат цревата и растителни хормони кои го урамнотежуваат ендокриниот систем. Сокот од целер може да се пие превентивно, но и поради одредени здравствени проблеми.

Тој наведе само некои од придобивките од сокот од целер и зошто треба да се пие наутро на празен стомак:

- сокот од целер е богат со електролити

- ги отстранува кристализираните токсични соли наталожени на органите

- спречува токсините да ги оштетат клетките и органите

- го ослабува дејството на тешките метали кои можеби сте ги наталожиле во организмот

- ги уништува бактериите, вирусите и габите

- ја стабилизира крвта

- го зајакнува целиот имунолошки систем веднаш по пиењето

- го оптимизира варењето

- ги храни сите органи на ендокриниот систем и така ја враќа хормоналната рамнотежа

- има антиоксидативно дејство

Како што истакнуваат нутриционистите, оптимална мерка е 150 мл сок од целер дневно.

Рецепт за сок од целер

Земете два китки целер, исечете ја основата и врвот на стебленцата. Измијте ги, исечете ги и ставете ги во блендер. Според Вилијамс, не треба да додавате вода или коцки мраз, туку да го пиете сокот во неговата изворна форма без да ја цедите пулпата. Сокот мора да биде чист, да не се меша со друго овошје или зеленчук. Откако ќе го испиете на празен стомак, во наредните 15-30 минути не јадете и не пијте ништо. Сокот од целер во комбинација со морков или јаболка може да го пиете и подоцна во текот на денот, а наутро, на празен стомак пијте го чист.

притисни ентер