Дефанзивецот на Манчестер Сити, Вокер поради оргија со проститутки во изолација казнет со 283 000 евра

Бекот на англискиот премиерлигаш Манчестер Сити Кајл Вокер скапо ќе го чини дружењето во карантин со две проститутки, одличниот дефанзивец останува и без место во репрезентацијата.

Поради оргиите во изолација за време на епидемијата од коронавирус Вокер ќе остане без две неделни плати или 283000 евра. 29- годишниот Вокер дружењето во карантин со две проститутки го чини  „само “ 283000 евра. Покрај тоа медиумите шпекулираат дека поради кршење на дисциплината и загрозување на животот на луѓето Вокер ќе биде исфрлен и од селекцијата на Англија.

-Го пријавив поради тоа што е лицемер. Не може навечер да повика странци на секс, а наутро да им зборува на останатите да се чуваат од епидемијата, изјавила една од проститутките учеснички во оргијата.

Кајл Вокер самиот веќе неколку пати ги повикувал граѓаните да останат во своите домови во изолација, а тој самиот не го почитувал тоа, во својот дом органиизрал секси забави.

Вокер кој е најскапиот десен бек во историјата на Премиер лигата, Сити за неговиот трансфер од Тотенхем плати 55 милиони евра, минатата недела во својот дом организирал оргија со две проститутки, присутен бил и еден негов пријател. Сето ова се случувало во време на епидемија од коронавирус во Англија.

притисни ентер