Дебата за миграција, безбедност и хибридни закани на тинк тенк форумот во рамки на Берлинскиот процес

Миграции, безбедност и хибридни закони, владеење на правото и иднината на Европа се теми кои ќе бидат дебатирани денеска на панелите на тинк тенк форумот што се одржува во Скопје.

Во рамки на заедничкото претседателство со Берлинскиот процес за 2020 година на Бугарија и Македонија.

Организатори на форумот насловен „Стимулирање стратегиска автономија. Придонесот на Западен Балкан кон заедничка европска иднина" се Институтот за демократија „Социетас цивилис" – Скопје (ИДСЦС), во соработка со софиската канцеларија на Европскиот совет за надворешни работи (ЕЦФР).

На Форумот учествуваат претставници на тинк тенк заедницата, на граѓанското општество и академици од Западен Балкан и земјите од ЕУ, кои ќе дебатираат на посочените теми од различни области и предизвици што произлегуваат од Берлинскиот процес.

Марко Трошановски претседател на Институт за демократија „Соцетас Цивилис" на отворањето на тинк тенк форумот вчера истакна дека земјите од Западен Балкан се составен дел од Европа и треба да се сметаат за сериозни партнери во европските прашања.

-Агендата и сеопфатниот наратив на тинк тенк форумот 2020 го препознаваат Западен Балкан како рамноправен партнер на масата на ЕУ. Само заедно, европејците можат да работат кон целта на стратешката автономија, што ја истакнуваме како посакувана идна стратегија за улогата на ЕУ во светот. Предизвиците и промената на глобалните структури бараат силен и унифициран наратив од ЕУ, засилен со политичка волја и материјални капацитети. Само ако се обедини во наративот и дејствувањето, ЕУ може со сигурност да влијае на глобалните динамика, рече Трошановски.

Штефан Лене, вонреден професор на Carnegie Europe во Брисел и алумни на Europe's Futures, осврнувајќи се на процесот на проширување рече дека е дојден до момент кога влегува во нова фаза на трансформирање на проширувањето во еден геополитички процес.

-Ова е таа трета фаза – геополитичко проширување. Останува да видиме дали е ова доволно за да се обнови енергијата во овој процес. Лично сметам дека методологијата содржи корисни и интересни идеи, но истовремено мислам дека клучното прашање е дали може да ги убедиме земјите-членки повторно да му дадат енергија и да го туркаат напред овој процес, оцени Лене.

Според него, колку интеграцијата на ЕУ е подлабока, толку Унијата е поотпорна, на полето на трговија и други области.

-Иднината на Западен Балкан во ЕУ зависи од тоа дали оваа втора центрипетална динамика ќе преовлада, бидејќи ако притисокот води кон повеќе поделби, тогаш идејата за идно проширување ќе биде тргнато од масата. Но ако го погледнеме Западниот Балкан во поглед на општата позиција и изнаоѓањето на партнерства заради заштита на, како што се нарекува, европскиот начин на живот, тогаш мислам дека процесот ќе продолжи, заклучува професорот Лене кој во обраќањето се осврна на сите предизвици со кои е соочена ЕУ во моментов.

Утре на последниот ден од форумот предвидени се два заеднички панела меѓу министрите, односно претставниците на министерствата за надворешни работи на земјите-учеснички во Берлинскиот процес и учесниците на тинк тенк форумот. Двата панела ќе бидат затворени за прашања и коментари од публиката. Учесниците ќе се обратат на панелите врз основа на прашањата поставени од соодветните претседавачи на панелите.

Средбата на министрите за надворешни работи утре во Скопје како дел од заедничкото претседателство со Берлинскиот процес за Западен Балкан 2020 година на Република Бугарија и Република Македонија, ќе биде неформална во т.н. „ГИМНИХ" формат, вклучувајќи ги и министрите од шесте земји од Западен Балкан и земјите-членки на ЕУ од Берлинскиот процес, како и претставници на ЕК, ЕЕАС и РСС.

По најавената нова методологија за пристапни преговори и во пресрет на Советот за општи работи во март, средбата ќе се искористи, меѓудругото, и како можност за дискутирање на европските перспективи на шесте земји од Западен Балкан (ЗБ6).

Македонија е прва од земјите од Западен Балкан, која заедно со Бугарија како земја членка на ЕУ се јавува како ко-претседавач на Берлинскиот процес. Процесот е покренат на иницијатива на германската канцеларка Ангела Меркел, а првата конференција се одржа во Берлин во 2014 година. Целта е интензивирање на регионалната соработка во областа на екононскиот развој и инфраструктурно поврзување во контекст на евроинтеграцијата.

Дванаесет месечното претседавањето со процесот Македонија и Бугарија го презедоа лани во Познањ, а ќе финализира во јули годинава со годишниот самит кој заеднички ќе биде организиран во Софија и Скопје. /МИА

Блинкен се очекува во Саудиска Арабија на самит за глобална економија и за Газа

Највисокиот дипломат на Вашингтон е меѓу лидерите кои се очекуваат на економскиот самит организиран од Саудиска Арабија, што треба да почне в недела, со силен фокус на тешката војна во Газа, рекоа организаторите.

„Американскиот државен секретар Антони Блинкен „ќе дојде директно од неговите посети во Кина и на пат за Израел“, рече Борге Бренде, претседател на Светскиот економски форум на прес-конференција денеска во Ријад.

Други учесници на дводневниот специјален состанок се палестинскиот претседател Махмуд Абас и министрите за надворешни работи и премиерите од целиот Блиски Исток и од Европа.

Тие вклучуваат министри за надворешни работи од Франција, Германија, Обединетото Кралство и ЕУ и премиери од Катар, Јордан, Египет и Ирак, се вели во соопштението на СЕФ.

„Вкупно 12 шефови на држави и влади се појавуваат меѓу повеќе од 1.000 учесници“, рече Бренде.

Лукаревска: И на 8 мај, и по 8 мај, ќе покажеме и докажеме дека СДСМ има луѓе

И на 8 мај, и по 8 мај, ќе покажеме и докажеме дека СДСМ има луѓе кои никогаш нема да отстапат од социјалдемократските вредности за слобода, правда, еднаквост и просперитет за сите граѓани, за сигурна и безбедна иднина.

“Денеска е 27 април, точно седум години од "крвавиот четврток" во македонското собрание.

Слободата и демократијата што ја имаме и живееме во изминатите седум години имаат своја цена. Сите големи успеси на СДСМ и на сите прогресивни граѓани имаат висока цена, ама вредеше, некои работи не смеат да се заборават, за да не се повторат. Затоа ние остануваме со граѓаните, со сите вас кои што верувате во единствениот исправен пат за државата, во членството во Европската Унија како најцврста гаранција за сигурна и безбедна иднина. Само заедно можеме да ја оствариме таа цел, зашто е наша, заедничка”, изјави носителката во третата изборна единица, Сања Лукаревска.

Лукаревска истакна дека СДСМ е голема, силна партија, која што секогаш донесувала правилни одлуки за сигурна иднина на државата.

“Никогаш нема да се откажеме од нашите социјал- демократски вредности за слобода, правда, еднаквост и просперитет за сите граѓани, без поделби и раздор, без крвави сценарија. Ние веруваме во заедничка, подобра, европска иднина за сите граѓани. И на 8 мај, и по 8 мај, ќе покажеме и докажеме дека СДСМ има луѓе кои никогаш нема да отстапат од нашите вредности, ги браневме и ќе продолжиме со истата посветеност, за нас нема друг пат. Да продолжиме заедно, да покажеме одлучност, можеме, како и пред седум години, заедно со сите прогресивни граѓани за сигурна и безбедна иднина”.

изјава од носителот на ИЕ3 Сања Лукаревска

притисни ентер