Веб ТВДебата „разговори за иднината во 12 и 5“ – меѓу присутните поранешни и актуелни функционери од СДСМВо најголема тајност и зад затворени врати одбрано друштво од поранешни и актуелни функционери од различни генерации на СДСМ и членови на невладини организации ги одржаа „Разговорите за иднината во 12:05“. Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • ТТ: https://tinyurl.com/59kck7ap • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights ReservedКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПочнува новата учебна година 09:07Муцунски од Бледскиот форум: Европската интеграција треба да ги трансформира нашите институции, а не идентитетот 20:27Со сведочење на преживеаните, во Куманово продолжи процесот против осомничениот сериски убиец 15:00Продолжува судењето за серискиот убиец од кумановско Старо Нагоричане 12:05Штип остана без вода, исклучена филтер станицата поради преголема заматеност17:20
Муцунски од Бледскиот форум: Европската интеграција треба да ги трансформира нашите институции, а не идентитетот 20:27
МакедонијаПорака на Народниот правобранител по повод почетокот на учебната годинаПочетокот на учебната година е убав и значаен момент, но и прилика да се потсетиме дека секое дете има еднакво право на образование - не само формално, туку и реално, достапно и квалитетно.Пораката која ја упатуваме е јасна: ниедно дете не смее да биде заборавено, занемарено или оставено само. Образованието е право на секое дете, а создавањето услови тоа право да биде остварено е заедничка одговорност на сите нас. Училиштето за едно дете е во непосредна близина , но за друго тоа значи патување. За некои семејства обезбедувањето на училишниот прибор и другите потреби е едноставно, додека за други претставува сериозен финансиски товар. Затоа, грижата за детето и неговото право на образование не завршува со обезбедувањето место во училишната клупа. Бесплатното образование мора да значи создавање услови секое дете да може непречено да го потсетува училиштето, да учи и да напредува. Тоа подразбира навремено обезбедување учебници и други неопходни услови за учење, бесплатен и достапен превоз за децата кои имаат право на него, пристапна и безбедна училишна средина, како и соодветна поддршка за децата и семејствата на кои им е потребна. Особено внимание треба да им се посвети на децата кои се наоѓаат во социјален ризик, на децата со попреченост, на оние кои живеат во рурални и оддалечени средини, како и на сите деца кај кои постои ризик од отсуство, изостанување или напиштање на образованието. Мерките за подобрување на условите во училиштата, обезбедувањето превоз, поддршката за учениците од семејства со послаба материјална состојба и создавањето услови за обезбедување храна за учениците се важни чекори, но нивната вредност е во тоа што треба да бидат навремени, достапни и еднакво применливи за секое дете на кое му се потребни. Училиштето треба да биде место каде што детето ќе се чувствува безбедно, прифатено и почитувано, а различностите нема да бидат причина за исклучување, туку можност децата од најмала возраст да учат за почитувањето, солидарноста, толернацијата и еднаквоста. Во таа насока, посебно внимание мора да се посвети на спречувањето и навременото препознавање на врсничкото насилство. Секое дете има право да учи во средина ослободена од насилство, заплашување, понижување и дискриминација. Насилството меѓу врсниците, без оглед дали се случува во училницата, во училишниот двор или во дигиталниот простор, не смее да се занемарува или оправдува како „детска работа“. Превенцијата и справувањето со врсничкото насилство бараат заедничка и континуирана ангажираност на училиштата, наставниците, стручните служби, родителите и самите ученици. Секој пријавен случај мора да биде сфатен сериозно, навремено разгледан и проследен со соодветна реакција и поддршка, водејжи се пред се од најдобриот интерес на детето. Децата треба да знаат кому можат да му се обратат кога се соочуваат со насилство или кога се сведоци на насилство врз друго дете. Народниот правобранител ги повикува сите надлежни институции, единиците на локалната самоуправа и училиштатат да продолжат посветено да работат на создавање услови во кои ниту едно дете нема да биде оставено навор од образовниот процес поради сромаштија, оддалеченост, попреченост, насилство или која било друга околност. Ги повикуваме родителите, наставниците и стручните служби да разговараат со децата, да ги слушнат и да ги охрабруваат слободно да ги изразуваат своите мислења и да зборуваат за проблемите и предизвиците со кои се соочуваат. Во училиштата треба да се почитува и поттикнува улогата на ученичките правобранители, како механизам преку кој учениците можат активно да учествуваат во заштитата и унапредувањето на своите права. Правото на детето да биде слушнато е составен дел од почитувањето на неговите права. Народниот правобранител останува отворен за секое дете, родител или граѓанин кој смета дека е повредено право на дететп или дека на детето му е оневозможено или отежнато остварувањето на неговите права. Доколку сметате дека е повредено право на дете, можете да се обратите до Народниот правобранител: Телефон: 02 3129 335 Е-пошта: [email protected] Да започнеме уште една учебна година со заедничка заложба – секое дете да има право на образование, безбедност, еднаквост, почит и можност да расте и да се развива во средина во која неговиот глас се слуша. НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛТагови: Народен правобранител Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Над 18 милијарди денари за капитални проекти во општинитеКатна гаража во Охрид, модерен базен во Кавадарци, улици во Ресен, водовод во Тетово, градинка во Гази Баба, над 18 милијарди денари за капитални проекти во општините.Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во континуитет инвестира во капитални проекти, кои се реализираат преку општините со цел, поволностите од нив да ја почувствуваат сите граѓани во сите делови на државата. Така, по позитивните резултатите што веќе ги дава првиот јавен повик за поддршка на општините, Владата објави втор, преку кои се создаваат услови за уште посилен инвестициски циклус и подобрување на условите и квалитетот на живот на граѓаните. Вкупно 18 милијарди и 449 милиони денари од унгарскиот кредит, Владата им стави на располагање на општините преку двата јавни повика, наменети за реализација на инфраструктурни и капитални проекти. Ова не е само краткорочна политика, туку веќе станува модел во кој државата, преку децентрализација на средствата од централниот буџет, обезбедува финансиска поддршка, додека општините ги подготвуваат и предлагаат проектите согласно реалните потреби на граѓаните, со јасна цел, подобра инфраструктура, подобри јавни услуги и поквалитетни услови за живот. Ваквите политики, се од особено значење за помалите општини, кои имаат ограничени финансии, но сериозни инфраструктурни проблеми и потреби, затоа тука е државата да помогне таму каде што е најпотребно и да создаде услови за рамномерен развој низ целата територија. Така, со цел да се создадат подобри услови за најмладите во општина Гази Баба, Владата додели финансиски средства за детска градинка во Инџиково и спортска сала во основното училиште во Црешево. Со помошта на Владата во Центар се реконструира спортската сала „Работнички“, во Бутел се уредува и заштитува речното корито на Серава, во Чаир се гради водоводна и атмосферска мрежа, а во Гевгелија се реконструира Старата чаршија. Понатаму, во општина Аеродром, се уредува јавната површина зад ТЦ „Капитол“, во Охрид, за да се реши деценискиот проблем со недостиг на паркинг места, се гради катна гаража, во Ресен се реконструираат улици и се градат пешачки патеки, додека Кавадарци изгради нов модерен базен. Ѓорче Петров со владините средства ќе гради нова детска градинка, Тетово ќе гради водоводна мрежа и ново средно училиште, додека Демир Капија ќе реконструира фудбалско игралиште и ќе гради нов тениски терен. Виница, пак, доби средства за партерно уредување на просторот кај градскиот пазар, Конче за изградба на фотонапонска централа на покривот на општинската зграда, а Куманово за изградба на краци од секундарната гасоводна мрежа на неколку улици. Ваквите инвестиции во сите делови од државата имаат најдиректен ефект врз секојдневниот живот на граѓаните, затоа што тие секојдневно ги користат улиците, училиштата, детските градинки, јавните установи и комуналната инфраструктура. Политиката на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е развојот да не остане концентриран само во најголемите градови, туку секоја општина мора да има можност да напредува, да инвестира и да ги решава проблемите што со години останале нерешени. Суштината на поддршката за локалната самоуправа е повеќе инвестиции, подобра инфраструктура и поквалитетен живот за граѓаните во секој дел од државата. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПродолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани каде загинаа 63 луѓе над 200 беа повредени.Постапката се наоѓа во доказна фаза, а на денешното рочиште е предвидено да продолжи вкрстеното испрашување на тимот градежни вештаци од страна на одбраната. Станува збор за експертите кои го изработија градежното вештачење по налог на обвинителството. На претходното рочиште, тимот вештаци, предводен од професорот на градежниот факултет при УКИМ и судски вештак Горан Марковски, повеќе од четири часа одговараше на прашањата на одбраната на обвинетите, меѓу кои сопственикот на објектот Гроздан Милковски, како и поранешните општински градежни инспектори Огњен Георгиев и Николчо Коцев. Во текот на распитот беа отворени повеќе прашања поврзани со пренамената на објектот во угостителски објект, неговата усогласеност со деталниот урбанистички план, извршените градежни интервенции, постапките за добивање лиценци, обврските за стручен надзор, како и законските надлежности на градежните инспектори. Според најавите, со завршувањето на сослушувањето на градежните вештаци ќе заврши и изведувањето на доказите предложени од обвинителството. Потоа се очекува одбраната да започне со презентирање на своите докази.Тагови: Пулс Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook