КошаркаДавитков се враќа во КувајтСелекторот на македонската кошаркарска репрезентација Јорданчо Давитков по пауза од седум години, повторно ќе работи во Кувајт. Давитков преку својот Фејсбук профил објави дека во новата 2018 година ќе работи во Кадсиа. - Нова година – нов клуб... или можеби стар. Кадсиа Кувајт повторно по седум години, напиша македонскиот селектор. Тој беше дел од истиот клуб од 2008 до 2011 година, и со него освои шест титули, од кои три шампионски на Кувајт, еден Куп на Кувајт и еден шампион на ГЦЦ. - Се надевам дека тоа ќе го направиме уште еднаш, објави Давитков на Фејсбук. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонија ќе ја води истрагата за инцидентот со авионот на „Рајанер“ затоа што инцидентот се случил над наше небо15:06Мицкоски од Охрид: Продолжуваме да инвестираме во проекти кои ќе го подобрат животот на охриѓани12:26Мицкоски во посета на Општина Охрид09:47Ќе успеат ли партиите до 15 јули да договорат нов Изборен законик?15:00Николоски: Два милиони патници на македонските аеродроми за првите 6 месеци, најголем раст во регионо11:38
Македонија ќе ја води истрагата за инцидентот со авионот на „Рајанер“ затоа што инцидентот се случил над наше небо15:06
Мицкоски од Охрид: Продолжуваме да инвестираме во проекти кои ќе го подобрат животот на охриѓани12:26
Николоски: Два милиони патници на македонските аеродроми за првите 6 месеци, најголем раст во регионо11:38
КултураДоделени наградите на ИТФ „Актерот на Европа“Со доделување на фестивалските признанија свечено беше затворено 24. издание на Интернационалниот театарски фестивал „Актерот на Европа“Со свеченото доделување на фестивалските награди и признанија, синоќа во Преспа беше затворено 24. издание на Интернационалниот театарски фестивал „Актер на Европа“, кој и оваа година обедини истакнати театарски уметници и ансамбли од повеќе европски земји, потврдувајќи ја својата мисија да биде простор на културен дијалог, уметничка слобода и меѓусебно разбирање. Во текот на фестивалските вечери публиката имаше можност да проследи селекција на современи театарски остварувања кои, секое на свој начин, сведочеа за богатството на европската театарска мисла и за универзалниот јазик на сценската уметност. Меѓународното жири ги донесе своите одлуки за годинашните фестивалски признанија. Наградата за најдобра претстава му беше доделена на Алтернативниот театар „Пробатон“ за претставата „Камења во неговите џебови“, која, според оценката на жирито, претставува исклучително заокружено сценско остварување во кое актерската виртуозност, прецизната драматуршка структура и современиот сценски јазик се обединуваат во силна и длабоко хумана театарска целина. Признанието „Преспански Дионис“ годинава ѝ припадна на претставата „Кученцето се насмеа“, во продукција на „Спам студиос“ од Софија, Република Бугарија. Жирито ја истакна нејзината современа авторска визија, чувствителниот сценски пристап и способноста преку суптилен театарски јазик да отвори простор за дијалог, емпатија и преиспитување на универзалните човечки вредности. Наградата за Најдобра сценска интерпретација ѝ беше доделено на Снежана Коневска – Руси за нејзината улога во претставата „BIVIR… (Да се преживее)“, во продукција на Македонскиот народен театар и АРТ-КУЛТ-УРА! Во образложението се наведува дека станува збор за актерско остварување со исклучителна уметничка зрелост, емотивна длабочина и сценска сугестивност, кое ја потврдува моќта на актерската уметност да ја пренесе најсуштинската човечка вистина. Наградата „Жак Лакариер“ за најдобра режија му беше доделена на Горан Бјелановиќ за режијата на претставата „Aurora Amoris“. Жирито ја оцени неговата режиска концепција како оригинална, прецизна и високо естетизирана, истакнувајќи го успешното обединување на музиката, движењето, актерската игра и сценскиот простор во единствено поетско и визуелно впечатливо дело. Традиционалното фестивалско признание, „Актер на Европа 2026“, ѝ беше врачено на Александра Војводиќ Јововиќ за нејзината извонредна изведба во претставата „Aurora Amoris“. Според жирито, нејзината интерпретација претставува редок спој на врвна вокална техника, сценска експресија и уметничка чувствителност, создавајќи силно и незаборавно театарско доживување. Затворањето на фестивалот уште еднаш ја потврди вредноста на „Актерот на Европа“ како значајна меѓународна културна манифестација која веќе повеќе од две децении ги поврзува европските театри, уметници и култури преку универзалниот јазик на сценската уметност. Годинешното издание донесе високи уметнички дострели, разновидни сценски естетики и инспиративни средби меѓу творци од различни културни средини, оставајќи силен впечаток кај публиката и потврдувајќи дека Преспа останува едно од препознатливите европски места на театарската уметност. Организаторите упатија искрена благодарност до сите учесници, членовите на жирито, селекторот, партнерите, соработниците и бројната фестивалска публика, чија доверба и посветеност се нераскинлив дел од успехот на фестивалот. Посебна благодарност беше изразена до Министерството за култура и туризам, Општина Ресен и Интернационалниот универзитет „Еуропа Прима“, чија континуирана поддршка овозможува Интернационалниот театарски фестивал „Актер на Европа“ да ја продолжи својата мисија како значајна меѓународна платформа за афирмација на театарската уметност, културниот дијалог и европските вредности.Тагови: Актерот на Европа Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Македонија повеќе не е на европската мапа, Мицкоски ја турна државата во изолацијаПослените пораки од Европската Унија се најсилниот доказ дека Македонија повеќе не е на европската агенда.Додека Европската Унија на таканаречениот „супер вторник“ отвора нови кластери и поглавја со земјите кандидати, Македонија повторно останува надвор од европскиот пат. Украина и Молдавија ги отвораат преговорите, Црна Гора и Албанија напредуваат, а нашата држава не е дел од европската динамика. Ова е директна последица на однапред смислените политики на Христијан Мицкоски и организираната криминална група ВМРО. Наместо напредок, Македонија денес е заглавена, заложник на лажните ветувања на Мицкоски, неспособноста за државна политика и криминал. Оваа политичка изолација што ја направи Мицкоски има и сериозни економски последици. Додека земјите што напредуваат кон Европската Унија добиваат милијарди евра неповратна европска поддршка за развој, Македонија се задолжува со нови милијарди евра кредити, а граѓаните живеат со сè пониски плати, пад на инвестициите и сè послаба економија. Црна Гора добива 3,2 милијарди евра, Хравтска досега има добиено 30 милијарди евра. Toa се пари за подобро образование, здравство, поддршка за земјоделците, силна економија и подобар животен стандард. Со блокада на европската иднина, Македонија ризикува да остане последна во регионот поради интересите на една криминална група која се плаши од правда и од Европа. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонија ќе ја води истрагата за инцидентот со авионот на „Рајанер“ затоа што инцидентот се случил над наше небо15:06Мицкоски од Охрид: Продолжуваме да инвестираме во проекти кои ќе го подобрат животот на охриѓани12:26Мицкоски во посета на Општина Охрид09:47Ќе успеат ли партиите до 15 јули да договорат нов Изборен законик?15:00Николоски: Два милиони патници на македонските аеродроми за првите 6 месеци, најголем раст во регионо11:38
Македонија ќе ја води истрагата за инцидентот со авионот на „Рајанер“ затоа што инцидентот се случил над наше небо15:06
Мицкоски од Охрид: Продолжуваме да инвестираме во проекти кои ќе го подобрат животот на охриѓани12:26
Николоски: Два милиони патници на македонските аеродроми за првите 6 месеци, најголем раст во регионо11:38
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Блокадата на Изборниот законик е заеднички проект на СДС, Левица и ДУИТрите партии си подготвуваат алиби поради стравот од избори и пораз.Единствената коалција која функционира е Левица, СДС и ДУИ кои се обединети за блокада на изборниот законик, поради страв од избори си подготвуваат предвреме алиби. Наместо да поддржат закон кој ги вградува препораките и го подобрува изборниот процес, тие свесно ја кочат постапката и бараат нови изговори. На јавноста и е јасно дека ова не е борба за подобар Изборен законик, туку обид однапред да се создаде алиби за изборниот пораз што ги очекува. Венко Филипче после 4 месеци преговори во Собранието за Изборниот законик најде нов изговор и се сети дека му се потребни експерти. СДС ќе бара оправдувања, Левица ќе измислува нови конструкции, а ДУИ ќе продолжи да бега од одговорност. Но фактите се јасни, трите партии не сакаат реформи и токму тие се виновни што новиот Изборен законик се уште не е донесен. На Македонија и се неопходни функционални институции и фер изборен процес, а не опструкции мотивирани од теснопартиските интереси на СДС, ДУИ и Левица. Македонија е признаена како лидер во Реформската агенда а тоа што не се носи новиот изборен законик е вина на СДС, Левица и ДУИ. Граѓаните ги гледаат овие политичките манипулации и калкулирања и токму затоа на следните избори ќе ги казнат овие партии на кои не им се важни граѓаните туку личните лукративни цели. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонија ќе ја води истрагата за инцидентот со авионот на „Рајанер“ затоа што инцидентот се случил над наше небо15:06Мицкоски од Охрид: Продолжуваме да инвестираме во проекти кои ќе го подобрат животот на охриѓани12:26Мицкоски во посета на Општина Охрид09:47Ќе успеат ли партиите до 15 јули да договорат нов Изборен законик?15:00Николоски: Два милиони патници на македонските аеродроми за првите 6 месеци, најголем раст во регионо11:38
Македонија ќе ја води истрагата за инцидентот со авионот на „Рајанер“ затоа што инцидентот се случил над наше небо15:06
Мицкоски од Охрид: Продолжуваме да инвестираме во проекти кои ќе го подобрат животот на охриѓани12:26
Николоски: Два милиони патници на македонските аеродроми за првите 6 месеци, најголем раст во регионо11:38