Дарко Лазиќ итно опериран – пејачот е во критична состојба - Канал 5

Дарко Лазиќ итно опериран – пејачот е во критична состојба

Итно е опериран српскиот пејач Дарко Лазиќ , откако утрово му се влошила состојбата по тешката сообраќајна несреќа.

Дарко Лазиќ итно опериран – пејачот е во критична состојба

На клиниката во Земун му била извршена итна операција на пејачот Дарко Лазиќ и му била извадена слезината. Интервенцијата траела околу два часа и лекарите успеале да го запрат внатрешното крварење.

По операцијата , пејачот е вратен на одделот за интензивна нега на клиниката во Земун. Според српските медиуми наредните 24 часа ќе бидат критични за него , а докторите се надеваат дека нема да дојде до уште едно внатрешно крварење.

На пејачот , кој е во индуцирана кома , вчера му откажале бубрезите и едното белодробно крило.

Тој беше тешко повреден во тешка сообраќајна несреќа во вторникот во близина на местото Пеќинци . Тој возел предбргу и немал ставено сигурносен појас , а според некои медиуми , бил и под дејство на алкохол.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Продолжува војната на Трамп со медиумите: Блокиран пристапот на Си-Ен-Ен до претседателскиот авион

Белата куќа му забрани на Си-Ен-Ен да патува со авионот „Ер Форс Уан “, попречувајќи ги обврските на телевизиската новинарски пул, што претставува најнова ескалација на судирот меѓу администрацијата и медиумите.

Продолжува војната на Трамп со медиумите: Блокиран пристапот на Си-Ен-Ен до претседателскиот авион

Си-Ен-Ен требаше да патува со Доналд Трамп во Тенеси на натпревар во колеџ-фудбал, соопшти мрежата во петокот. Белата куќа ја потврди исклученоста на Си-Ен-Ен кога не ја вклучи мрежата во известувањето испратено до новинарскиот кор во врска со распоредот на Трамп за саботата.

Инцидентот се случува една недела откако Трамп, гласен критичар на она што тој го нарекува „медиуми за лажни вести“, им го укина пристапот до Белата куќа на Си-Ен-Ен, МС Нау и „Политико“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уапсен е 62- годишен педофил од тетовско, кој силувал дете помало од 15 години

Лишено од слобода лице од тетовско поради сомнение за силување на дете кое не наполнило 15 години, следува соодветна пријава.

Уапсен е 62- годишен педофил од тетовско, кој силувал дете помало од 15 години

На 25.09.2026 во 21:45 часот, по претходно објавено видео на социјалните мрежи, во Полициската станица Тетово сам се пријавил Р.Н.(62) од тетовско село. По насоки на јавен обвинител од ОЈО Тетово, лицето е лишено од слобода поради основано сомнение за сторено кривично дело „силување на дете кое не наполнило 15 години“ по член 188 од Кривичниот законик.

Тој е задржан во полициска станица за понатамошна постапка и целосно расчистување и документирање на случајот, соопшти МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Издрогиран возач влета меѓу учесници на протестен марш во Франција- имал причина (ВИДЕО)

Триесет и седумгодишен маж со автомобилот удрил во толпа демонстранти во Клермон-Феран, Франција, при што повредил четири лица, соопшти обвинителството за BFM TV.

Издрогиран возач влета меѓу учесници на протестен марш во Франција- имал причина (ВИДЕО)

- Во оваа фаза од истрагата не се пронајдени докази за напад, а повредите што ги здобиле повредените се чинат полесни - изјави обвинителот Ерик Серфас.

Инцидентот се случил денес околу 11 часот, а според обвинителството, возачот очигледно бил нетрпелив поради бавниот сообраќај и сакал насилно да се пробие и покрај присуството на голем број пешаци кои учествувале во мирниот протест.

Мажот бил веднаш уапсен и приведен за „вооружено насилство“, а бил и тестиран за дрога.

Обвинителството не прецизираше за која дрога станува збор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер