ЈО: По грчката акција „Вардарис“ – истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на над 324 килограми марихуана
2ЈО: По грчката акција „Вардарис“ – истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на над 324 килограми марихуана
ЗабаваДара Бубамара плаќа 5 000 евра за синот да не се дружи со ,,глупави сељачки деца” Турбофолк ѕвездата, Дара Бубамара, го налути Балканот кога ги нарече државните училишта ,,сељачки” и додаде дека нејзиниот син одел во приватно училиште во кое нема „глупави , сељачки завидливи деца“.Според српскиот портал Курир, синот на Дара оди во најпрестижното приватно основно училиште во Нови Сад, каде школувањето чини 5000 евра годишно. Училиштето има тениско, кошаркарско и фудбалско игралиште, најнапредни училници и приватен лекар. View this post on Instagram Dobar dan❤️☕️🏡. 📸 @dorotejatipsin A post shared by Dara Bubamara (@darabubamara_official) on Nov 25, 2019 at 3:38am PST Во цената се вклучени часови во текот на цел ден од 8 до 16 часот, а можно е наставниците да останат со учениците и по часовите. Вклучени се појадок, овошна закуска, ручек и слатка закуска. Во училиштето има четири менија, прилагодени за децата, со руското национално јадење боршч и овошен сок. Исто така, постои можност за превоз со мини комбиња оддомовите до училиштето. View this post on Instagram 💜Nemoj mnogo da me volis💜29.decembar/Dara&Sloba 12h/ @marina.tucakovic @raleratkovic A post shared by Dara Bubamara (@darabubamara_official) on Dec 27, 2019 at 7:21am PST Пред три месеци, Дара прашана дали Коста има некакви непријатности на училиште затоа што е дете на славни родители, одговори: „Не, тој не оди во овие сељачки училишта, туку во приватно училиште каде што се децата на успешни родители, политичари и спортисти. Тие не се глупави, завидливи сељаци, туку умни и знаат која е Дара Бубамара.“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотВидео: Неверојатен судир на аеродромот: „Фиат Панда“ удри во мал авионНеверојатна сообраќајна несреќа во Италија. Автомобил панда се заби во мал авион без да закочи .Невообичаена несреќа се случи во делот за општа авијација на аеродромот Милано-Линате, кога службено возило се судри со приватен авион од типот „Хокер Бичкрафт 400А“ (Hawker Beechcraft 400A). Според снимката од безбедносната камера, авионот се движел кон пистата, додека возилото „Фиат Панда“ се приближило без видливо запирање и удрило во предниот дел на леталото. https://www.instagram.com/reel/Db5e9ZDsOh_/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=loading За среќа, во несреќата нема повредени. За воланот на автомобилот бил 54-годишен вработен во компанија што обезбедува услуги за опслужување на аеродромот. Меѓу патниците и членовите на екипажот немаше повредени. Ударот бил насочен кон предниот дел на авионот, односно кон заштитниот поклопец што ги штити радарската антена и другата опрема сместена во носот на леталото.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЈО: По грчката акција „Вардарис“ – истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на над 324 килограми марихуана12:29За излез од Македонија на ГП Богородица час на Табановце 30 минути09:05Гостиварци му се враќаат на нормалниот живот по еден месец без вода15:00Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06 Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00
ЈО: По грчката акција „Вардарис“ – истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на над 324 килограми марихуана12:29
Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06
Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00
МакедонијаМицкоски: Градежната оператива е ангажирана, што значи подобра економска активност Градежната оператива е ангажирана, што значи подобра економска активност — ги решаваме децениските проблеми на граѓаните, порача денеска при посетата на Идризово премиерот Христијан Мицкоски. -Би сакал да се заблагодарам на градоначалникот на Општина Гази Баба, на советниците од Советот, на администрацијата, се разбира, без која не можат овие проекти да се случат, на пратениците коишто доаѓаат од Општина Гази Баба, на колегите од Владата, на ресорниот министер за животна средина и просторно планирање, затоа што за овој сложен проект како Влада одлучивме да биде еден од приоритетите со којшто ќе се гради Македонија како држава, а граѓаните ќе добијат подобри услови за живот. А сите овие проекти, кога ќе ја добијат својата форма онака како што се замислени, тогаш сигурен сум дека ќе имаме и голема додадена вредност врз квалитетот на животот на сите граѓани. Денеска во Македонија на повеќе од 1.200 места се гради, нешто коешто за нас како Влада е многу значајно бидејќи на тој начин не само што се ангажира домашната оператива и претставува сериозен индикатор за подобра економска активност, туку и на овој начин овозможуваме да покажеме и докажеме дека децениски проблеми можело да се решат. Иако, се разбира, не можеме ние сè наеднаш да решиме со два повика, нешто коешто со децении не се правело, сепак мислам дека со ваквите проекти голем дел од тие приоритети на граѓаните ќе бидат решени и ќе можат да имаат поквалитетен живот тие и нивните семејства. Она коешто за мене е исто така важно како претседател на Владата е фактот дека економската активност предизвикува и добри економски резултати, а во периодот којшто следи очекувам сè позасилена ваква активност, посебно во делот на градежништвото. Покрај овие проекти кои ги финансира Владата на целата територија на државата, ќе се појават 6 делници на автопати коишто ќе се градат. Овој месец официјално ќе започне изградбата, завршени се сите формални и останати процедури поврзани со автопатската делница Блаце – Скопје, мислам дека почетокот е закажан за 26 август. Сега не би сакал да ме држите за збор, но мислам дека таа беше датата. Конечно за овој децениски проект којшто беше најавуван имаме изведувач, а тоа е повторно домашна компанија, имаме надзор, сите, би рекол, услови се исполнети за да отпочне градбата на овој автопат. Во септември очекувам уште една автопатска делница, а тоа е Букојчани – Кичево, исто така да започне и со засилена динамика да го привршуваме автопатот Кичево – Охрид. Очекувам делницата од Извор до Врбјани да биде пуштена отприлика во втората половина на октомври, а целокупната делница да биде во првиот квартал од следната 2027 година. Нормално, тука продолжуваме со засилена динамика на трите делници од Коридорот 8 и Коридорот 10д, а тоа се Прилеп – Битола, Тетово – Гостивар и Гостивар – Букојчани. Сè на сè, отприлика 6 автопатски делници ќе се градат и тоа е исто така голема засилена градежна активност. Кога на тоа ќе се додадат и пругата (секција 2), којашто практично е дел од Коридорот 8 (источно крило), и секција 3, за којашто очекувам наскоро да биде објавен јавен повик бидејќи сите административни, би рекол, предизвици се надминати, тоа значи дека ќе имаме навистина интензивна градба. И ако биде сè како што треба, следи завршување на физибилити студијата и отпочнување на почетокот на следната година на Коридорот 10, доколку, се разбира, сите оние предизвици коишто ги имаме ќе бидат решени, а очекувам да нема пречка да се решат. Така што градежништвото претставува еден од оние двигатели и носители на економската активност во Македонија. Сосема на крај, дозволете да се заблагодарам на сите: на градоначалникот, на советниците, на пратениците, на министерот, на колегите од Владата, на граѓаните за трпението и поддршката којашто ни ја даваат. Ние, повторно ќе кажам, не можеме сè да решиме — нешто што со децении било запоставувано и нерешавано — но ветуваме дека сето она коешто можеме да го решиме, па дури и повеќе од тоа, ќе се потрудиме да го испорачаме и решиме како Влада, рече премиерот Мицкоски во своето обраќање. Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалФото: Драма во Минхен: Мусиала колабираше на пријателски натпреварФудбалерот на Баерн Минхен, Џамал Мусиала, колабирал во финишот на пријателскиот натпревар против РБ Лајпциг. Германскиот репрезентативец, кој претходно постигна гол за домашниот тим, во тој момент предизвика загриженост кај сите присутни на стадионот. Тој падна на теренот и накратко ја изгубил свеста, ситуацијата изгледала крајно драматично. За среќа, тој брзо дојде при свест благодарение на брзата интервенција на медицинскиот тим на Баерн. Очигледно е дека Мусиала не се справи добро со тешките временски услови и високата температура во Минхен оваа сабота. Иако стана, веднаш потоа ја напушти играта. По натпреварот било потврдено дека со Мусиала сè е во ред и дека не се чувствувал добро поради големите горештини што деновиве владеат во овој дел на Германија, како и во главниот град на Баварија. Мусиала ја затресол мрежата на ривалот од Бундеслигата во 81-вата минута, непосредно пред да колабира . Стрелци за Баерн беа Луис Дијаз во 13-тата и Натаниел Браун во 57-мата минута, додека Брајан Груда го постигна единствениот гол за гостите во 52-рата минута.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook