Дара Бубамара: Некогаш јадев леб и маст, а сега имам милион евра - Канал 5

Дара Бубамара: Некогаш јадев леб и маст, а сега имам милион евра

Српската турбофолк пејачка Дара Бубамара тврди дека во младоста јадела леб и маст, а денес има милион евра во банка, недвижнини и автомобили.

Дара Бубамара: Некогаш јадев леб и маст, а сега имам милион евра

Како што пренесува „Блиц“, Дара рекла дека нејзиниот татко Зоран и мајката Милица не можеле да и дадат ниту пари за џепарлак.

"Успеав затоа што морав да се борам, ништо не ми беше дадено на послужавник. Заработив повеќе од милион евра во животот. Се сеќавам на тато ми кога му барав фустан или чевли, а тој ќе ми речеше: 'Не може, немам пари сега, ќе ти го дадам кога ќе добијам плата'. Денешните деца се тотално различни, тие мораат веднаш да имаат се. Не јадевме во ресторани како денес, туку дома, мајка ми цело време готвеше.Ние порано јадевме леб и маст .На училишните одмори одев дома да јадам, затоа што не можеа секогаш да ми даваат за џепарлак. Но, јас сум им благодарна за сè што направија за мене. Затоа го откупив станот каде што татко ми живее од неговата компанија и го реновирав ", рече таа.

Dobar dan❤️☕️🏡. 📸 @dorotejatipsin

A post shared by Dara Bubamara (@darabubamara_official) on

Таа додаде дека повеќе се дружела со момчиња.

„Игравме Германци и партизани. Можев да удрам некое момче и да избегам, но тие никогаш не ме удрија затоа што ме сакаа. Јас секогаш бев главна“, рече таа.

Таа тврди дека не била најубавата во училиштето, но секогаш била во центарот на вниманието.

"Имаше многу поубави девојќиња од мене на училиште, но момчињата најмногу ме сакаа заради мојата харизма и енергија. Јас веќе имав симпатија во градинка и за прв пат се бакнав во шесто одделение. Лесно се заљубував, па еден ден Дарко беше важен, друг ден Давор, третиот Марко ... Не страдав, секогаш ми беше интересно “, рече Дара.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Секторот за компјутерски криминал повика 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје

 Со лицата е извршен службен разговор, при што сите се изјасниле дека информациите ги објавиле или споделиле откако претходно виделе слична објава на социјалните мрежи или слушнале од друго лице.

Секторот за компјутерски криминал повика 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР, во врска со ширењето на лажните информации на социјалните мрежи за наводно загадување на водата за пиење во Скопје, до сега повика 13 лица на информативен разговор.

Со лицата е извршен службен разговор, при што сите се изјасниле дека информациите ги објавиле или споделиле откако претходно виделе слична објава на социјалните мрежи или слушнале од друго лице. Притоа, никој од нив не посочил конкретен, потврден или веродостоен извор кој би ги поткрепил тврдењата за загадување на водата.

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика ќе продолжи со прибирање и анализа на податоци со цел да се потврдат сите околности поврзани со настанот, како и начинот на кој информациите се појавиле и понатаму се ширеле во интернет просторот.

Министерството за внатрешни работи укажува дека ширењето на непроверени и неточни информации, особено кога станува збор за прашања што се однесуваат на здравјето и безбедноста на граѓаните, може да предизвика неоправдана паника и вознемиреност во јавноста.

Апелираме до граѓаните да не споделуваат информации чија точност не е проверена и да се информираат исклучиво од официјални и релевантни извори. Одговорното користење на социјалните мрежи и проверката на информациите пред нивно објавување или споделување се од суштинско значење за спречување на дезинформации и заштита на јавниот интерес.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Силна експлозија во фабрика за муниција во Италија (ВИДЕО)

Силна експлозија одекна во фабрика за муниција во близина на италијанскиот град Колеферо, југоисточно од Рим, а детонацијата, според извештаите на локалните медиуми, се слушнала на километри оддалеченост.

Силна експлозија во фабрика за муниција во Италија (ВИДЕО)

Ројтерс известува дека пожарникарите и полицијата брзо пристигнале на местото на пожарот што избувнал во индустрискиот комплекс. Надлежните служби веднаш почнале да проверуваат дали има жртви во несреќата.

Експлозијата се случила во поранешната фабрика „Симел Дифенс“, која сега ја управува „KNDS Amo Italia“, дел од француско-германската одбранбена група „KNDS“.

Телевизиските снимки покажуваат голем облак од густ чад што се издига над индустрискиот погон, додека службите за итни случаи интервенирале во областа на фабриката.

„KNDS Amo Italy“ произведува муниција со среден и голем калибар за копнени и поморски одбранбени системи, како и цврсти ракетни погонски горива за системи за лансирање во вселенската индустрија.

Компанијата е исто така меѓу изведувачите вклучени во рамковните договори на Европската агенција за одбрана за набавка на артилериска муниција од 155 милиметри, склучени во 2023 година.

Во времето на објавување, не беше познато дали има повредени или смртни случаи, ниту што точно ја предизвикало експлозијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Украина и предлага на Русија прекин на нападите врз цивилни цели во Црното Море

Украина испрати понуда од трета страна до Русија за двете страни да престанат да напаѓаат цивилни цели во Црното Море, изјави за Ројтерс извор запознаен со ситуацијата.

Украина и предлага на Русија прекин на нападите врз цивилни цели во Црното Море

Украина сè уште не добила одговор на својата понуда, додаде изворот.

Во последните недели, двете страни изјавија дека меѓусебните напади врз пратките со жито и инфраструктурата во виталниот воден пат би можеле значително да влијаат на светските цени на храната оваа година.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер