Данската полиција доби ново известување за дронови во близина на гасоводот во Северното Море

Данската полиција добила извештаи за активност на беспилотни летала во близина на гасното поле Роар во Северното Море во текот на викендот, изјави портпаролот на полицијата.

Полето Роар се наоѓа веднаш до најголемото гасно поле во Данска, Тајра, а со двете раководи француската енергетска компанија TotalEnergies.

Данска, како и некои други земји во регионот, го подигнала нивото на подготвеност во екот на вонредни ситуации поврзани со данскиот енергетски и гасен сектор, откако неколку земји се посомневале дека двата руски гасоводи кон Европа, од кои истекува гас во Балтичкото Море, се предмет на саботажа .

Француската енергетска компанија минатата недела објави дека забележала „неовластена активност на беспилотни летала“ во близина на една од нејзините нафтени и гасни постројки во Северното Море, лоцирана во полето Халфдан Б. Никој од TotalEnergies не можело да се контактира за коментар.

Стевчо Јакимовски и Павле Трајанов во „Само вистина“

Вечерва во „Само вистина“ гости ќе бидат Стевчо Јакимовски и Павле Трајанов

Дебата „Енергетска криза и решенија за иднината“

Дебатата на тема „Енергетска криза и решенија за иднината“ денеска ќе се одржи на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) во Скопје во организација на Францускиот институт во Скопје.

На дебатата, според најавите од организаторот, експертите ќе дебатираат на темата кои се решенијата за поефикасна енергетска иднина со кои би се намалил ударот врз климата и животната средина и дали и во која мера обновливите енергии можат трајно да ги заменат фосилните горива.

-Светот и Европа се соочуваат со голема енергетска криза наспроти која се принудени да започнат со транзиција за да ги сопрат погубните последици од глобалното затоплување, велат организаторите на настанот.

Дебатата ќе ја отвори Иго Бештел, советник за култура и соработка и директор на Францускиот институт во Скопје, а учество ќе земат Михаела Жиртан, професорка на Универзитетот во Анже и експерт за обновливи енергии, Антон Чаушевски, професор на ФЕИТ, Ристо Филкоски, професор на Машинскиот факултет во Скопје и стручен советник на НВО „Центар за климатски промени“ и Виктор Андонов, советник за енергетски прашања во Владата. Модераторка на дебатата ќе биде Мила Јовановска, претседателка на НВО „Биди зелен“.

Скопје втор ден под блокада, приватниците не отстапуваат додека не се изнајде решение за долгот

И утринава продолжија блокадите на приватните превозници на клучните булевари во Скопје.

Околу 200 автобуси и денеска се поставени на крстосницата кај Мавровка и кај Црвен крст, како и на булеварот Илинденска.

Блокадите ќе останат на постојните места сè додека не се седне на маса и не се најде решение согласно законот и одлуката на Град Скопје.

Од Град Скопје највија дека денеска на прес-конференција ќе излезат со свој став.

Вчера министерот за локална самоуправа Ристо Пенов во телевизико гостување рече дека решение за проблемот на приватните превозници постои и тоа е во рацете на Советот на градот:„ Да го платат долгот кон ЈСП од два милиона евра и денес може Советот да свика седница и да и наложи на градоначалничката од одредена ставка на буџетот да го исплати долгот.

Според Пенов исто така насилно може да се тргнат автобусите од улиците, но додаде дека , се уште не се исцрпени сите можности за решение.

притисни ентер