Даниел Крег не планира богатството од 125 мил. фунти да им го остави на децата?!

Актерот Даниел Крег познат како тајниот агент 007 Џејмс Бонд ја изненади јавноста со изјавата дека своето богатство не планира да им го остави на децата.

Популарниот актер во изјава за медиумите порачал дека своето богатство планира да го потроши, а не да им го остави на децата како наследство.

„На наредните генерации не сакам да им оставам големо богатство. мислам дека тоа е  лошо за нив. Мојот став е парите потроши ги или подари ги пред да заминеш, изјавил Крег.

Само за улогите во филмовите за Џејмс Бонда , популарниот актер заработил според медиумите околу 125 милиони фунти. 

Инаку Даниел има ќерка со поранешната сопруга Фиона Лауден, а е татко и на двегодишно девојченце со актерката Рејчел Вајс.

притисни ентер