Данев: Нема да гласам за уставни измени

Веднаш по завршувањето на референдумскиот ден јас го кажав личниот став дека за мене овој процес е завршен, дека волјата на граѓаните беше јасно и децидно искажана за време на референдумот, изјави вечерва пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Драган Данев.

Веднаш по завршувањето на референдумскиот ден јас го кажав личниот став дека за мене овој процес е завршен, дека волјата на граѓаните беше јасно и децидно искажана за време на референдумот, изјави вечерва пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Драган Данев пред почетокот на Извршниот комитет на партијата.

Тој повтори дека цензус нема и оти не се исполнети условите од Уставот за успешен референдум.

- Јас како пратеник нема да гласам за уставни измени со цел промена на утавното име на РМ, истакна Данев.

На прашање што доколку има тајно гласање, Данев рече дека ако има тајно гласање ќе излезе од таа седница.

На прашање дали е прифатлива опцијата за предвремени избори, тој рече дека за тоа ќе се разговара во телата на партијата. /МИА

Поради снегот, Итната помош во Скопје деновиве имала 254 интервенции

Поради снегот и појавата на голомразица, од 11 јануари до вчера, скопската Итна медицинска помош имала вкупно 254 интервенции.

Доктор Рихад Реџепи, шеф на смена во скопската Итна медицинска помош, за МИА изјави дека во овие 254 интервенции имало и сообраќајки, повредени граѓани кои паднале лизнувајќи се по мразот, лица во алкохолизирана состојба кои се здобиле со повреди, но и некои кои завршиле со повреда во тепачка.

- Евидентирани се шест интервенции поради паѓање на снегот, луѓе повредиле нога, глава ... Да не се излегува без потреба, ова важи особено за децата и повозрасните. Секогаш да се почитуваат советите од АМСМ. Да се вози внимателно, да се носи зимска опрема, да не се надминува дозволената брзина со возилото, апелира доктор Реџепи.

Утре без струја дел од општина Ѓорче Петров

 Без електрична енергија утре ќе биде дел од општина Ѓорче Петров, информираа денеска од Регионалниот центар за управување со кризи - Скопје.

Корисниците од улицата „Црногорска“ бр.55, 57, 59, 16 во Ѓорче Петров, без струја ќе бидат утре во периодот од 9.00 до 15.00 часот.

Ердоган: Мора да ги заштитиме нашите деца од перверзни идеологии

 Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го одбележа почетокот на годината на семејството во Турција со најава на мерки за зголемување на наталитетот.

Цитирајќи ја „историската вистина дека силно семејство го отвора патот за силна држава“, Ердоган претстави низа финансиски мерки за поддршка на младите семејства.

Тој се обиде да го прикаже движењето ЛГБТК+ како дел од странски заговор чија цел е поткопување на Турција. „Наша заедничка одговорност е да ги заштитиме нашите деца и млади од штетните трендови и перверзните идеологии. Неолибералните културни трендови ги преминуваат границите и продираат во сите делови на светот. Тие, исто така, водат кон зајакнување на ЛГБТ и другите движења“, порача Ердоган.

„Критиките кон ЛГБТ луѓето веднаш се премолчуваат, исто како и легитимната критика на ционизмот. Секој што ја брани природата и семејството е подложен на жестоки угнетувања“, истакна тој.

Парадите на гордоста се забранети во Турција од 2015 година, а оние кои сакаат да учествуваат се соочуваат со солзавец и полициски барикади.

Осврнувајќи се на „алармантниот“ пад на стапката на раст на населението, Ердоган потсети на неговото барање од 2007 година семејствата да имаат најмалку три деца.

Тој, исто така, изрази загриженост за зголемените стапки на разводи и фактот дека луѓето подоцна стапуваат во брак. Годишната стапка на раст на населението во Турција падна од 2,53 отсто во 2015 година на 0,23 отсто минатата година.

„Доколку не ги преземеме неопходните мерки, проблемот ќе достигне непоправливи нивоа. Во таква средина, губењето на населението е неизбежно“, изјави Ердоган.

За да се бори против заканата за семејствата, Ердоган претстави политики како што се бескаматни заеми за младенците, подобрени парични бенефиции за родителите на новородените деца, финансиска, советодавна и станбена поддршка за поттикнување на новите семејства и бесплатна или евтина грижа за децата.

притисни ентер