Мисајловски: Масовна мобилизација на 8 мај за 50.000 нови работни места

„Горд сум на вас! На 24 април вие избравте Македонија повторно да биде на секој еден од нас, да биде напредна земја, земја во која граѓаните ќе бидат задоволни! “

„Мојата, нашата идеја како ВМРО-ДПМНЕ е да има подобро утре за секој еден од нас! Доста беше беда, доста беше мизерен однос кон граѓаните, кон државата. доста беше низок стандард, лош живот, оттуѓена Mакедонија. Јас и мојот тим, ние како ВМРО-ДПМНЕ секој ден сме со вас, со сите граѓани. Секој ден сум овде во Ѓорче Петров, во сите населени места, низ цела општина, но и во сите општини од изборна единица 2“, кажа Владо Мисајловски носител на листата за пратеници во ИЕ2 од митингот во Ѓорче Петров.

Мисајловски побара масовна поддршка од Ѓорче Петров за уште поголема победа на 8 мај и реализација на програмата на ВМРО-ДПМНЕ.

„Нема партија која во Ѓорче Петров ќе го победи ВМРО-ДПМНЕ. Но за да направиме многу реформи, поголеми пензии, 50 000 нови работни места, 5 000 денари за сите пензионери, нова позитивна листа на лекови, секое дете во градинка и се она што го предвидуваме во програмата ни треба мобилизација. Масовно да го направиме тоа на 8 ми мај да победиме. Да сте ми живи и здрави да победуваме“, истакна Мисајловски, се наведува во партиското соопштение.

Екс бугарскиот премиер Петков преживеа тешка сообраќајка, повреден е неговиот возач

Едно лице загина, а две се повредени во сообраќајка во која учествувал автомобилот на поранешниот премиер на Бугарија и лидер на „Продолжуваме со промената“ Кирил Петков, јавуваат бугарските медиуми.

Сообраќајката се случила во 17.30 часот кај селото Аксаково, во близина на Варна. Петков не е повреден.

Несреќата била предизвикана од ненадејно излетување на другиот автомобил во која патувале две лица на возраст од 60 години. Во автомобилот на Петков патувале четири лица.

Возачот на цивилниот автомобил починал на лице место. Две лица се повредени и тие се пренесени во болницата „Света Ана“ во Варна. Еден пациент е 58-годишна жена со комбинирана траума и е во тешка состојба.

– Се уште не можеме да кажеме дека нејзиниот живот е надвор од животна опасност – соопштиле од болницата.

Другиот повреден е возачот на 37-годиниот возач на Петков.

Се распадна ли бракот на Џенифер Лопез и Бен Афлек- тој веќе се иселил од куќата

Џенифер Лопез и Бен Афлек наводно се разведуваат.

Како што пишува In Touch Weekly, на актерот му „дошло преку глава“ и решил да се разведе од пејачката, а наводно веќе се иселил од куќата што ја делат. Ова го потврди извор близок до парот. „Готово е, тие се разведуваат, а овој пат Бен не треба да се обвинува за тоа“, тврди инсајдерот.

Обожавателите претходно забележаа дека парот со недели не поминува време заедно. Актерот не беше на Мет Гала со неговата сопруга на 6 мај и покрај нејзината важна позиција како копретседавач на настанот.

Официјалното оправдување на Бен за неприсуството на Мет Гала беше дека бил зафатен со снимањето на Сметководител 2, но изворот на In Touch тврди дека тој одлучил да се разведе.

"Сега тој е фокусиран на работата и неговите деца. Бен веќе се исели и веројатно ќе ја продаде нивната куќа од соништата, која ја бараа цели две години. Тие никогаш нема да престанат да се сакаат, но таа не може да го контролира и тој не може да ја промени. Немаше шанси ова да потрае“, тврди изворот.

Парот, кој некогаш се забавуваше, но ја раскина свршувачката во 2003 година, а потоа се обедини речиси 20 години подоцна, претходно имаа проблеми во врската бидејќи се справуваа со славата на различни начини.

Џенифер многу подобро се справуваше со медиумското внимание, додека Бен секогаш бегаше од неа. Во документарниот филм The Greatest Love Story Never Told, пејачката откри и дека тешко се справуваат со вниманието на јавноста и дека таму мора да прават компромиси.

„Мислам дека на Бен не му е удобно да го правам ова, но не може да ме спречи“, рекла Џенифер. „Бен никогаш не сакал да ѝ ги уништи соништата на Џенифер или да ѝ каже дека не може да направи нешто за да ѝ помогне во кариерата, иако таа прилично го контролира“, тврди изворот.

„Тие чекаа речиси две децении за повторно да бидат заедно, но на крајот едноставно не им успеа“, додава изворот и продолжува: „Двајцата рекоа дека созреале и научиле од своите грешки, но некои од поголемите проблеми што ги предизвикале првиот пат кога се разделија, останаа исти“.

Инаку, познато е дека Лопез и Афлек почнаа да се забавуваат во 2002 година, а се верија подоцна истата година. Сепак, парот се раздели во 2004 година, откако ја одложи својата венчавка една година претходно. По неколку години разделени, Лопез и Афлек конечно се обединија во 2021 година и се венчаа во 2022 година.

Коалицијата „Вреди“ ја повлече тужбата до Управниот суд по одлуката на ДИК за ИМ 0511

Коалицијата „Вреди“ на почетокот на јавната седница пред Управниот суд ја повлече тужбата по одлуката на ДИК за одбивање на нивниот приговор за избирачко место 0511, во Долна Бањица во Општина Гостивар на Парламентарните избори 2024 година. 

Управниот суд одлучи дека постапката се прекинува.

Претставникот на тужителот Коалицијата „Вреди“ Бетим Амети, на почетокот на јавната седница информира дека тужбата ја повлекува во целост.

Според наводите на тужителот, набљудувачот од Коалицијата „Вреди“ на ИМ 0511 во Општина Гостивар недостига оригинален записник од ова избирачко место и дека имало три потписи помалку од гласачки ливчиња во кутијата по што ДИК на јавна седница нецелосно и неточно ја утврдил фактичката состојбата и приговорот го одбил.

ДИК во одговор на тужбата вели дека на јавна седница детално ја утврдил фактичката состојба и дека бројот на идентификувани гласачи е идентичен со бројот на гласови и предлага да се отфрли.

До ДИК беа поднесени 27 приговори за гласањето на парламентарните избори, од кои прифатени беа седум, шест за избирачки места во петтата изборна единица и едно во шестата изборна единица.

притисни ентер