„Александар Де Кро поднел жалба против водителот кој повикал да биде застрелан“, објави денеска на социјалната мрежа X портпаролот Баренд Лејтс.
Водителот на локалната радио станица Варегем1 вчеравечер се јави за време на неговата емисија за убиство на белгискиот премиер по обидот за атентат врз словачкиот премиер Роберт Фицо.
„Изгледа дека ќе се извлече. Виновникот е уапсен“, изјави водителот чие име белгиските медиуми не го спомнаа за обидот за атентат врз словачкиот премиер.
„На сите оние кои размислуваат да го застрелаат премиерот Алексндар Де Кро, но не се осмелуваат поради обезбедувањето околу него, би им рекол - видете дека тоа е можно. Дури би рекол - напред“, продолжил водителот.
Белгиските медиуми јавуваат дека оваа „несолена шега шокираше многу слушатели“.
Шефот на радио станицата Лудо Даелман изјавил дека се работи за лоша шега, која била лошо протолкувана и тврди дека водителот немал намера да поттикнува насилство.
"Разговарав со него и тој беше шокиран што неговите изјави се толкуваат на тој начин. На крајот на краиштата, комичарите постојано се шегуваат на тој начин", рекол Даелман, а пренесува весникот HLN.