Дали убавата манекенка Џиџи Хадид е новата девојка на Леонардо Ди Каприо? - Канал 5

Дали убавата манекенка Џиџи Хадид е новата девојка на Леонардо Ди Каприо?

Американските таблоиди започнаа да шпекулираат со веста дека големиот холивудски заводник Леонардо Ди Каприо е во врска со убавата манекенка Џиџи Хадид.

Дали убавата манекенка Џиџи Хадид е новата девојка на Леонардо Ди Каприо?

Извори веќе неколку пати потврдиле дека Хадид и Ди Каприо излегуваат заедно, а сега за прв пат се видени во малку поинтимен контакт во јавноста.

Фотографиите се направени на ексклузивна забава на Менхетен, а се гледа како парот се зближува еден до друг за да разговара.

Познатиот актер ги стави рацете на манекенката на рамениците, а потоа и ја фати за рака.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Англеов: Спречена е голема катастроф во битолско Лозани

Огнена линија долга неколку километри.

Англеов: Спречена е голема катастроф во битолско Лозани

Голем пожар беснее кај селото Лозани, битолско, а огнот стигнал и до непосредна близина на куќите.

Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, објави видео од местото и порача дека опасноста сè уште трае.

Според Ангелов, благодарение на пожарникарите од Битола и локалното население била спречена голема катастрофа.

Директорот на ДЗС посочи дека куќите се наоѓале веднаш зад местото каде што пожарот бил активен. Линијата на пожарот е долга неколку километри, поради што се активираат тимови за брз одговор. На пат кон селото се упатуваат и четири теренски возила Пинцгауер на Дирекцијата за заштита и спасување.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Карпош: Кејот на Вардар - место за спорт и дружба

Градоначалникот Сотир Лукровски денеска изврши обиколка на спортско-рекреативниот центар на Кејот на Вардар, каде оствари средби со лицата кои управуваат со спортските содржини. 

Општина Карпош: Кејот на Вардар - место за спорт и дружба

Посетени беа адреналинскиот парк, алпинистичката карпа, скејт-паркот и фудбалскиот терен, при што се разговараше за нивната состојба, потребите и можностите за понатамошно уредување.

Фокусот е ставен на реновирање, унапредување и модернизација на спортските терени и реквизити, со цел создавање на модерен спортски комплекс на отворено. Место каде младите карпошани ќе се собираат, ќе се дружат, ќе спортуваат и рекреираат, исполнувајќи го слободното време со спорт и позитивна енергија. Кејот на Вардар има потенцијал да стане вистинско спортско срце на Карпош– простор за сите генерации, а особено за младите.

Општина Карпош

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Секторот за компјутерски криминал повика 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје

 Со лицата е извршен службен разговор, при што сите се изјасниле дека информациите ги објавиле или споделиле откако претходно виделе слична објава на социјалните мрежи или слушнале од друго лице.

Секторот за компјутерски криминал повика 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР, во врска со ширењето на лажните информации на социјалните мрежи за наводно загадување на водата за пиење во Скопје, до сега повика 13 лица на информативен разговор.

Со лицата е извршен службен разговор, при што сите се изјасниле дека информациите ги објавиле или споделиле откако претходно виделе слична објава на социјалните мрежи или слушнале од друго лице. Притоа, никој од нив не посочил конкретен, потврден или веродостоен извор кој би ги поткрепил тврдењата за загадување на водата.

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика ќе продолжи со прибирање и анализа на податоци со цел да се потврдат сите околности поврзани со настанот, како и начинот на кој информациите се појавиле и понатаму се ширеле во интернет просторот.

Министерството за внатрешни работи укажува дека ширењето на непроверени и неточни информации, особено кога станува збор за прашања што се однесуваат на здравјето и безбедноста на граѓаните, може да предизвика неоправдана паника и вознемиреност во јавноста.

Апелираме до граѓаните да не споделуваат информации чија точност не е проверена и да се информираат исклучиво од официјални и релевантни извори. Одговорното користење на социјалните мрежи и проверката на информациите пред нивно објавување или споделување се од суштинско значење за спречување на дезинформации и заштита на јавниот интерес.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер