Заменик-министерката за европски прашања на средба со претставници на француската амбасада: Реформите мора да донесат конкретни резултати
2Заменик-министерката за европски прашања на средба со претставници на француската амбасада: Реформите мора да донесат конкретни резултати
РецептиДали сте пробале фокача? Направете го сами лебот што Италијанците го обожаваат! (фото)Италијанскиот плоснат леб сличен на нашата погача се нарекува фокача. Се пече на традиционален начин во рерна, но се разликува по тоа што одозгора се украсува со зачински билки и додатоци во вид на зеленчук. Приготвувањето фокача не бара многу труд и состојки. Зачинските билки му даваат посебен вкус, па овој леб може да се јаде без никакви додатоци. Состојки: За тестото: 450 гр брашно 350 мл топла вода лажичка шеќер 25 гр свеж квасец половина лажичка сол 50 мл маслиново масло За прелив: гранче свеж рузмарин 2-3 чешниња лук маслиново масло крупна морска сол босилек, власец, мајчина душица... маслинки „шери“ домати сушени домати Подготовка: Квасецот изронете го во топла вода и додајте го шеќерот, па оставете го да отстои 15 минути и да стаса. Во брашното додадете ја солта, а потоа квасецот и мешајте непрекинато додека не добиете фино, меко тесто. На крајот додадете го маслиновото масло и продолжете со мешањето. Покријте го тестото со фолија или кујнска крпа и оставете го да отстои половина час на собна температура. Количината треба да се удвои. Потоа, премесете го тестото со мало додавање на брашно. Тестото се става во подмачкана тава (маслиново масло), се расукува во тенка погача и уште еднаш се остава да отстои половина час, а потоа со врвовите на прстите се прават вдлабнатини во кои може да ставиме маслинки, „шери“ домати и сушени домати. Се пече на температура до 200 степени околу 15 минути. Исечкајте свеж рузмарин (може и сув рузмарин, босилек, власец, мајчина душица), потоа помешајте го со лукот и маслиновото масло, и намачкајте го врз топлата фокача, а потоа посипете со крупна сол.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКанал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11Вториот ребаланс на буџетот денеска на второ читање 08:42Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00Лишени од слобода четири лица во врска со двете разбојништвата со последица смрт во Скопје13:44Терористички напад пред израелската амбасада во Белград08:28
Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11
Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00
СветМожни нови удари по Иран по среднорочните избори во САД Америка ги предупредила своите сојузници на Блискиот Исток да бидат подготвени за нови можни удари по Иран. Според американскиот медиум Волстрит џурнал – нападите би можеле да продолжат откако ќе се оддржат среднорочните избори во САД следната недела. Како што се наведува во американскиот медиум, претседателот Доналд Трамп се уште не донел конечна одлука дали ќе ги започне нападите, а шефот на иранската дипломатија – Абас Арагчи нагласил дека Иран се уште нуди шанса за дипломатски обиди за деескалација. Мировниот план кој го нуди Техеран, според Арагчи, би го отворил ормускиот теснец доколку САД ги исполни условите наведени во предлогот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЗаменик-министерката за европски прашања на средба со претставници на француската амбасада: Реформите мора да донесат конкретни резултатиЗаменик министерката за европски прашања, Викторија Трајков, оствари средба со Филип Маршето, заменик-амбасадор на Република Франција и францускиот експерт Жером Кел.Во фокусот на разговорот беа реализираните реформи и активностите на институциите за спроведување на Реформската агенда и приоритетите за наредниот период. „Нашата цел е реформите да не останат само обврски на хартија, туку да донесат мерливи резултати, поефикасни институции и подобри услуги за граѓаните. Посветени сме на спроведување на Реформската агенда 2024–2027 и исполнување на европските стандарди преку конкретни активности, јасна одговорност и континуирано следење на постигнатото“, истакна Трајков. На средбата беше нагласена важноста на соработката со Франција, размената на експертски искуства и континуираниот дијалог во поддршка на реформскиот процес и европската интеграција на нашата земја.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветНетанјаху води на изборите, но нема мнозинство за владаДосегашните преброени гласови од изборите за Кнесетот во Израел покажуваат дека Бенјамин Нетанјаху е во водство. Со преброени 85 проценти од гласовите, неговиот блок предводен од партијата Ликуд, се очекува да освои 53 пратенички места. Главниот ривал на Нетанјаху – поранешниот началник на генералштабот на армијата – Гади Ајзенкот и неговиот опозициски блок, е на пат да освои 48 места. Арапските партии, според резултатите, би можеле да освојат рекордни 19 места. За мнозинство во Кнесетот, кој има 120 пратеници, потребни е 61 освоено место. Нетанјаху и Ајзенкот најавија дека ќе се обидат да формираат владина коалиција, а не се исклучува и влада на национално единство, бидејќи повеќето еврејски партии ја отфрлаат можноста за соработка со арапските партии. Сè уште не се преброени меѓу 430.000 и 480.000 гласачки ливчиња. По конечните резултати се очекува претседателот Исак Херцог да се консултира со политичките партии, а доколку не биде формирана влада, израел би можел да оди на нови избори.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook