ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има дилеми за атентатот на Глигоров нека си го праша Фрчкоски кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти, а тогаш беше министер
1ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има дилеми за атентатот на Глигоров нека си го праша Фрчкоски кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти, а тогаш беше министер
3СДСМ: 31 година од атентатот над Киро Глигоров, тогаш сакаа да ја запрат демократијата, на 27 април - повторно!
Шоу бизДали сопругата не Безос го избира новиот Џејмс Бонд- се зборува дека еден веќе пречкртала (ФОТО) Потрагата по новиот Џејмс Бонд продолжува да биде една од главните теми во светот на киното, а најновите гласини носат неочекуван пресврт. Во центарот на приказната е Лорен Санчез, сопругата на милијардерот Џеф Безос, која наводно игра клучна улога во изборот на следниот агент 007. Откако компанијата на Безос, Амазон, го презеде филмското студио МГМ, кое стои зад франшизата Бонд, во 2022 година, се појавија шпекулации за влијанието на неговата сопруга врз продукцијата. View this post on Instagram A post shared by Lauren Sánchez Bezos (@laurensanchezbezos) Според британскиот новинар за шоубизнис Роб Шутер, 56-годишната Санчез станала „тивка шефица што лебди над универзумот Бонд“. Шутер тврди на својот блог Substack дека таа го има последниот збор. „Сега е ред на Лорен. Ако не те сака, готово е“, напиша тој. Продукцијата ги негира обвинувањата Шутер, исто така, тврди дека Санчез веќе го прецртал името на еден популарен актер - Џејкоб Елорди. Поранешниот новинар наводно верува дека 28-годишниот Австралиец „не е она што“ таа го бара и дека носи премногу „емоционален багаж“. Се тврди дека нејзината визија за Бонд е актер кој е „мазен, шармантен, глобално привлечен“. Сепак, извори блиски до продукцијата силно ги негираат овие обвинувања. Извор запознаен со ова изјави за Дејли Меил: „Не, таа не го избира следниот Џејмс Бонд. И не, таа нема да биде ниту девојка на Бонд - освен можеби за Ноќта на вештерките“. Новиот фаворит во трката за Бонд Додека се водат дискусии за улогата на Лорен Санчез, се чини дека нов фаворит за престижната улога се појавил во прв план. Станува збор за 35-годишниот британски актер Калум Тарнер, кој наводно е толку сигурен дека ќе ја добие улогата што веќе ја споделил со своите пријатели, објавува Ириш Стар. „Тој ја рашири веста низ целиот град. Калум е новиот Бонд. Сите во неговиот круг зборуваат за тоа. Тоа е најлошо чуваната тајна“, рече еден извор. Дополнителна тежина им дава на овие гласини неговата врска со пејачката Дуа Липа. Двојката, која се сврши во летото 2025 година, неодамна престојуваше на Јамајка во имотот Голденај, поранешниот дом на авторот на Џејмс Бонд, Иан Флеминг. View this post on Instagram A post shared by Callum Turner (@callummturner) Извори тврдат дека Дуа Липа е воодушевена од можноста нејзиниот вереник да стане новиот 007 и се надева дека таа ќе ја сними насловната песна за новиот филм. „Дуа е пресреќна за Калум. Таа вели дека би сакала да ја глуми темата за Бонд“, откри изворот. Многумина се согласуваат дека Тарнер би бил одличен избор. „Ако е тоа Калум, тогаш тој би бил популарен избор. Тој го има изгледот и софистицираноста за Бонд и ги докажа своите актерски способности“, забележа еден извор. Сепак, и покрај бројните шпекулации, сè уште нема официјална потврда за новиот актер. Снимањето на новиот филм се очекува да започне оваа година, додека премиерата е закажана за 2027 година.Тагови: џејмс бонд Џеф Безос Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има дилеми за атентатот на Глигоров нека си го праша Фрчкоски кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти, а тогаш беше министерСДС, исто како и Венко Филипче, губат контакт со реалноста и се претвораат во несериозна партија. Не знаевме, но тоа го дознавме од соопштението на СДС — дека за атентатот врз Киро Глигоров е виновно ВМРО-ДПМНЕ.Впрочем, како што е паушално и лажно ова соопштение, паушална и лажна е и целата политика на Венко Филипче. Нека кажат на кои докази го темелат тоа? Ако било така како што тврдат од СДС, тогаш зошто нема разрешница, со оглед на тоа што уште цели три години по атентатот на власт е СДС? За време на атентатот министер за внатрешни работи е Љубомир Фрчкоски, кој сега сè уште е главен советник на Зоран Заев, сместен во штабот на СДС, каде снима поткасти со опрема платена од Зоран Заев. Кога не снима поткасти, прес-конференции снима неговиот син Јон Фрчкоски, кој е познат по скандалот каде е фатен како се дрогира на јавно место. Ако Венко Филипче има какви било дилеми за атентатот, нека го праша Љубомир Фрчкоски, кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти и се лаже дека е некоја величина. Да потсетиме, истиот тој Љубомир Фрчкоски е познат по пријави за тепање жени, скандали со продажба на името и златни амфори, како и низа скандали во МВР. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНиколоски: Над 7 милиони евра се инвестираат за економски развој на СтрумицаНиколоски на средбата потенцира дека само преку Министерството за транспорт во Струмица се реализираат проекти во вредност од над 7 милиони евра.Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, оствари работна посета на општина Струмица, каде со градоначалникот Петар Јанков, општинската администрација и пратениците Ели Панова и Жан Дрвошанов, разговараа за развојните планови на општината и реализацијата на инфраструктурните проекти со поддршка од Владата. На средбата беше истакнато дека Владата континуирано вложува во подобрување на патната и комуналната инфраструктура, со цел создавање подобри услови и поквалитетен живот на граѓаните. Николоски на средбата потенцира дека само преку Министерството за транспорт во Струмица се реализираат проекти во вредност од над 7 милиони евра, што претставува значајна поддршка за локалниот економски и урбан развој на општината. Во Струмица преку Министерството за транспорт се работи на изградба на атмосферски канализациски систем за населеното место Просениково, во вредност од 46,6 милиони денари. На сребата беше истакнато дека се работи и на постапка за реализација на експресен пат од Радовиш преку Струмица и Ново Село до границата со Бугарија. Министерство за транспортТагови: Александар Николоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: 31 година од атентатот над Киро Глигоров, тогаш сакаа да ја запрат демократијата, на 27 април - повторно!На 3 октомври 1995, пред хотел Бристол, автомобил-бомба го погоди првиот претседател на независна Македонија. Глигоров преживеа, со тешки повреди.Загина возачот Александар Спировски. Повреден беше телохранителот Илчо Теовски. Од повредите почина и случајниот минувач Христо Христоманов. Повредени беа и Климе Коробар и Јован Атанасовски. Истрагата утврди дека нападот бил подготвен и организиран. Сторителот и денес е „непознат“. Постапката е отворена. Тоа не е мистерија за народот. Тоа е незавршена ситуација. Тогаш сакаа да ја запрат државата во раѓање. Демократијата. Независноста. Претседателот што ја водеше Македонија надвор од војна им беше мета. Кој пукаше во Марсеј? Кој соработуваше со Мусолини и со Хитлер? Ванчо Михајлов. Кој е наследникот на таа традиција? Груевски. Велеше Ванчо - македонски син. На 27 април 2017 сакаа повторно: Собрание, крв, прекин на изборниот резултат. Истата логика. Кога не можат на гласови, одат на сила. Кој денеска води кампања по неговиот модел, модел на Ванчо Михајлов? Кампањата „талог“. Арамијата што се вика Христијан Мицкоски. Народот: талог, мочуриште, медиокритети. Себеси - елита и институција. Тоа не е случаен речник. Тоа е речник на човек што демократијата ја гледа како пречка, а државната каса како сопственост. СДСМ се сеќава на жртвите. Се сеќава на Глигоров. И јасно порачува: атентатот не е затворена страница сè додека сторителот е „непознат“, а наследникот на Ванчо седи во Владата и народот го вика „талог“. Атентатот врз демократијата нема да остане без име. Демократијата ја преживеа бомбата. Ќе ја преживее и оваа банда. Доаѓа време на вистината и правдата. Власта се враќа во рацете на народот. Оваа група ќе одговара. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter