Дали се зголемува протисок за уставните измени?

Дали се зголемува протисок за уставните измени? Да, ако се суди по пораките кои од Скопје ги испраѓаат странските државници. 

Дали пораките од европските државници ќе влијаат на домашното политичко разногласие за уставните измени? По посетите на Вархеји, Борел, Бербок и Ван Дер Белен и генералната порака дека македонскиот Парламент треба да го направи следниот чекор, а преговарачката рамка не може да се репреговара, ВМРО-ДПМНЕ повтори дека ставот нема да го смени. Според политичкиот аналитичар Петар Арсовски, пристапот на меѓународната заедница е очекуван и нивната цел е да извршат дипломатски притисок врз партиите за тие да конкретизираат како ќе го продолжат евроинтегративниот пат.

„Единствено што Македонија може во овој момент, ако сака да ја избегне таа обврска за уставните измени, е унилатерално да ги прекине преговорите со ЕУ. Притисокот кој доаѓа од меѓународната заедница кој доаѓа од геостратешки побуди, најмалку што ќе направи е ќе ги истера сите политички партии на површина да кажат точно што е нивната намера за правецот по кој треба да се движи државата.

За планот од три столба на опозицискиот лидер Мицкоски кој тврди дека може успешно да ја однесе земјава до преговорите за членство во ЕУ, но прво да се одржат предвремени избори, Арсовски вели европските челници даваат јасна порака - дека преземената обврска треба да се спроведе пред избори.

„Тие не се сигурни дека било кое ветување од Мицкоски дури и да дојде на власт ќе може да биде спроведено. Затоа, инсистираат тоа да се случи пред изборите и тоа е логично од нивна гледна точка. Од друга страна, од гледна точка на опозицијата логично е да преговара за уставни измени откако ќе поминат изборите и ќе ги консолидираат своите позиции.

Во меѓувреме за обезбедување на двотретинското мнозинство за уставните измени, дел од медиумите шпекулираа дека ДУИ има преговори со поранешниот премиер Никола Груевски. Сепак, од партијата на Ахмети категорично демантираат со одговор дека станува збор за лажна вест и потенцираат дека со него немаат контакт за ниту едно прашање.

Герасимовски: Пријавувајте проблеми со јавна чистота, досега пријавени 159 проблеми

Граѓаните можат да пријават косење на трева, реконструкција и санација на урбана опрема или собирање смет на Јавните површини под надлежност на Општина Центар на телефонскиот број 076350767. 

Општина Центар и ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ ги потсетуваат граѓаните дека проблемите поврзани со Јавната чистота и други комунални проблеми можат да ги пријават на општинските служби и хигиеничарите на ПОЦ истите да ги решат. Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски известува дека досега на телефонската линија во ПОЦ се јавиле 159 граѓани кои побарале одредена услуга и за истата добиле решение.

„Ги повикувам граѓаните да ги пријавуваат проблемите. Хигиеничарите ги извршуваат своите дневни обврски по реони меѓутоа сме свесни дека многу брзо откако ќе исчистат на одредена локација за кратко време може да се направи мала депонија или слично, затоа упатувам апел граѓаните да ги пријавуваат проблемите на телефонскиот број со цел службите побрзо да ги решаваат проблемите со Јавната хигиена. Во делот на урбаната опрема службите на ЈП ПОЦ може да ги побарате и доколку во вашата околина има кршена клупа која треба да се реконструира, искршена лулашка или слично. Верувам дека ова ќе придонесе да имаме побрзи резултати и зголемување на Јавната хигиена во општината“, повикува градоначалникот Герасимовски.

Герасимовски исто така праќа апел, граѓаните да пријавуваат собирање на кабаст отпад во сопствените домови, а не кревети, вц школки и одредени габаритни работи да исфрлаат сами и истите да стојат на одредена локација со денови. Општината Центар потенцира дека доколку граѓаните бидат начекани дека оставаат кабаст отпад пред контејнерите истите ќе бидат санкционирани од страна на комунален инспектор. Во меѓувреме цистерната на ПОЦ неколку пати во неделата ги мие улиците и контејнерите со цел да ја отстрани непријатна миризба и да ги освежи улиците од насобрана прашина.

Општина Центар - Скопје

Шестмина приведени поради тоа што и помагале на Русија да изврши напад во Доњецк

Шест лица се приведени под обвинение за превдавство дека и помагале на Русија да изврши напад врз станбена зграда во источниот регион Доњецк, соопшти денеска украинската служба за безбедност СБУ.

Руски проектили „Искандер“ го погодија градот Покровск на 7 август 2023 година, при што загинаа девет лица, а беа повредени десетици други во напад што оштети станбен блок.

„Контраразузнавањето на СБУ неутрализираше група руски воено разузнавачки агенти во регионот на Доњецк. Шест руски агенти се истовремено приведени“, соопшти СБУ.

Според СБУ, осомничените биле регрутирани од „руското воено разузнавање“ преку про-Кремљ Телеграм канали.

Групата подготвила и „координати за ракетни напади“ врз украинските бази во близина на градот Авдивка, кои паднаа во рацете на руските сили по тешките борби во февруари, соопшти СБУ.

Сите шестмина беа обвинети за велепредавство и сега „се соочуваат со доживотен затвор“, се вели во соопштението.

ФЛЕКС КРЕДИТ и СОС ДЕТСКО СЕЛО заедно за Денот на семејството

По повод светскиот ден на семејството компанијата Флекс Кредит уште еднаш ја покажа својата општествена одговорност и донираше хуманитарни пакети за згрижувачките семејства поддржани од СОС Детско село.

„Иницијативата за оваа акција потекна од самите вработени, на што сме особено горди, бидејќи вработени кои се лојални и кои ги живеат идеалите на организацијата, особено општествено одговорните практики, се клучни за успехот на истата. Светскиот ден на семејството е глобална прослава на врските и вредностите кои ги обединуваат семејствата од секаков вид и големина, а нашата компанија уште еднаш покажа дека е едно големо семејство кое ги цени вредностите и традицијата. Како повеќегодишен поддржувач на работата на СОС Детско село сакавме симболично да го одбележиме Денот на семејството преку донација со хуманитарни пакети на згрижувачки семејствата каде својот топол дом го пронашле многу дечиња без родителска грижа.“, изјави Јоана Спасовска, генералната директорка на Флекс Кредит.

Донацијата се состои од пакети со основни прехранбени и хигиенски производи за цело семејство и ги опфати сите згрижувачки семејства на територијата на Македонија кои се поддржани од СОС Детско село.

„Како организација која е пионер во промоција на семејниот модел на згрижување со гордост можеме да кажеме дека денес поддржуваме над осумдесет згрижувачки семејства. Многу деца без родителска грижа во овие згрижувачки семесјтва наоѓаат топол дом исполнет со љубов, радост и сите други благодети на семејната атмосфера. Но предизвиците на современиот ритам се чувствуваат секаде, па така и овде и затоа секоја помош во насока на поддршка на овие семејства е од особена важност. Им благодариме на нашите пријатели од Флекс Кредит кои покрај финансиската поддршка секогаш имаат слух и за друг тип на помош потребна за раст и развој на децата без родители и родителска грижа.“ – изјавија од СОС Детско село

Инаку светскиот ден на семејството се одбележува секоја година на 15 мај, почнувајќи од 1993 кога и официјално е прогласен од Генералното Собрание на ОН, а се со цел подигнување на свеста за предизвиците и можностите со кои се соочуваат семејствата како основна општествена клетка, во свет кој постојано се менува. Но овој ден е значаен бидејќи ги одбележува разновидноста и богатството на семејните култури и практики низ целиот свет, воедно инспирирајќи меѓусебна поддршка и градење на помирна, повклучителна и одржлива иднина.

притисни ентер