Дали се плашите од инсекти? - Канал 5

Дали се плашите од инсекти?

Доколку се плашите од змии, стаорци, инјекции, радувајте се, има луѓе кои се плашат од коса, дожд, капење, од самите себе ...

Дали се плашите од инсекти?

Ако сте од оние кои се плашат од змии, пајаци, бесни кучиња, глувци, летање, одење на забар, крв или можеби инјекција, сметајте се за среќни. Постојат фобии во светот кои на прв поглед се смешни, но ако размислиме подобро, ќе сфатиме дека луѓето кои ги имаат, имаат сериозни проблеми.

Верувале или не, некои се плашат од капење (аблутофобија) и дожд (омфрофобија). Постојат и такви кои имаат фобија од сексуален однос (коитофобија), некои дури и избегнуваат ракување (хирофобија). Постојат и такви кои се плашат од деца (педофобија), некои се плашат од птици (орнитофобија), а оние кои се плашат од коса (трихофобија), имаат сериозен проблем.... Ова се само некои од бизарните фобии кои може сериозно да го нарушат квалитетот на животот.

Фобијата влијае врз квалитетот на животот затоа што лицето кое ја има се чувствува заробено и нападнато. Потоа, се јавува голем страв, паника, срцебиење, бодеж во градите, тресење на рацете, нозете, губење на гласот ... Иако лицето е свесно дека стравот е нереален, тоа не може да се контролира. Кај ваквиот проблем најважно е да се поразговара со професионалец (психолог, психијатар).

Експертите веруваат дека стравот се надминува така што ќе се соочиме со него, односно најдобро е да се бара причината за фобијата, а потоа да се соочиме со неа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Поранешен вработен во „Google Deepmind“ вчера стана најновиот истражувач кој предупреди за вештачката интелегенција

Продолжуваат бранувањата за вештачката интелегенција, поранешен вработен во „Google Deepmind“ вчера стана најновиот истражувач на вештачка интелигенција кој предупреди дека технологијата би можела да „ги убие сите луѓе“.

Поранешен вработен во „Google Deepmind“ вчера стана најновиот истражувач кој предупреди за вештачката интелегенција

Продолжуваат бранувањата за вештачката интелегенција, поранешен вработен во „Google Deepmind“ вчера стана најновиот истражувач на вештачка интелигенција кој предупреди дека технологијата би можела да „ги убие сите луѓе“, велејќи дека времето за да се избегне таков исход можеби истекува.

Јавната вознемиреност за потенцијалната опасност што ја претставува вештачката интелигенција расте, откако истражувачот Џејкоб Коксон, минатата недела изјави дека поднел оставка , делумно затоа што „луѓето што ја градат вештачката интелигенција искрено веруваат дека таа би можела да нè убие сите до крајот на деценијата“.

Антропологот Еван Хубингер потоа одговори на коментарите на Коксон, велејќи дека тој е во право и дека верува оти постои поголема од 10% шанса вештачката интелигенција да ги убие сите луѓе во следната деценија.

„Неодамна дадов отказ од „Google Deepmind“, каде што работев на истражување за безбедност и усогласување на вештачката интелигенција“, напиша Билал Чугтаи на X.

„Искрено верувам дека вештачката интелигенција има потенцијал да нè убие сите и дека можеби ни истекува времето за да го избегнеме овој исход.“. Извршниот директор на „Антропик“, Дарио Амодеи, повика на забавување на темпото на развој на напредна вештачка интелигенција во текот на викендот, добивајќи ретка поддршка од илон маск од „Спејсикс“ и извршниот директор на „Опенаи“, Сем Алтман.

Чугтаи, исто така, рече дека безбедното управување со вештачката интелигенција е можно, но ќе биде потребна координација „за да се избегне трката меѓу компаниите за вештачка интелигенција“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Баерн Минхен го претстави дресот за Октоберфест, дел од навивачите негодуваат

Германскиот фудбалски шампион Баерн Минхен го претстави дресот за Октоберфест. Поради дизајнот на дресот некои навивачи се гневни и бараат отпуштање на дизајнерот.

Фото: Баерн Минхен го претстави дресот за Октоберфест, дел од навивачите негодуваат

Фудбалерите на Баерн во петок го пречекуваат Унион Берлин во натпревар од 4. коло на Бундеслигата, во нова специјална опрема дизајнирана во чест на Октоберфест.

Новиот дрес се одликува со шарен дезен кој остава силен визуелен впечаток на теренот.

Според официјалното соопштение на клубот, новиот дрес „ја спојува традицијата на Минхен со модерен и смел дизајн и го слави она што го прави Октоберфест посебен: радоста на живеењето, заедништвото и различноста“.

Понатаму се наведува дека шарениот цветен дезен претставува модерна интерпретација на традиционалните мотиви.

„Различните живописни бои ги отсликуваат многубројните аспекти на Октоберфест – неговата енергија, живост и разновидност – и ја доловуваат уникатната атмосфера што го исполнува Минхен секоја година за време на одржувањето на фестивалот.“

Дизајнот, кој се одликува со цветни шари и впечатливи бои, предизвика силни реакции, а навивачите не штедеа критики.

„Отпуштете го дизајнерот“, „Со сета должна почит, што е ова?“, „Фотошоп од пеколот“, „Ова е едноставно тажно“ и „Вака изгледа дрес откако ќе испиеш 18 литри пиво“ се само дел од коментарите објавени на Инстаграм-профилот на Баерн.

Иако смелиот дизајн има свои поддржувачи, на социјалните мрежи сепак доминираат негативните реакции.

Во дрес со новиот дизајн на Барен Минхен се појави и победникот од Грен слемот во Њујорк, вториот светски тенисер Александар Зверев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Министерството за култура и туризам објави Конкурс за финансирање превод и објавување на дела од македонски автори на странски јазици

Министерството за култура и туризам објави Конкурс за финансирање превод и објавување на дела од македонски автори на странски јазици за 2026/2027 година.

Министерството за култура и туризам објави Конкурс за финансирање превод и објавување на дела од македонски автори на странски јазици

Министерството за култура и туризам објави Конкурс за финансирање превод и објавување на дела од автори од Република Македонија на странски јазици за 2026/2027 година.

Конкурсот содржи јасно дефиниран буџет, јасно утврдени услови, мерила и критериуми кои ќе обезбедат потранспарентен модел на поддршка, рамноправност и одговорно управување со буџетските средства.

Целта на Конкурсот е да се поттикне меѓународната афирмација на македонската книжевност, да се зголеми достапноста на домашните автори за странската читателска публика и да се унапреди културната соработка со меѓународни издавачи.

Право на учество имаат исклучиво странски издавачи чија дејност опфаќа издавање книги. Со Конкурсот ќе се поддржуваат преводи и објавување на уметничка проза, поезија, драма, есеи, литература за деца, како и антологии и други книжевни избори наменети за поширок круг читатели.

Министерството ќе учествува во финансирањето на трошоците за превод на избраните дела, со највисок износ на поддршка до 300 000 денари по проект, додека трошоците за печатење, промоција и дистрибуција не се предмет на финансирање.

Конкурсот е отворен во текот на целата година, а стручната комисија ќе ги разгледува пристигнатите пријави во два рока: во октомври 2026 година и во март 2027 година.

Пријавите и придружната документација се поднесуваат во ПДФ-формат на електронската адреса: [email protected].

Конкурсот за финансирање преводи на репрезентативни и квалитетни дела од македонската книжевност на странски јазици, воспоставен во 2013 година, претставува значаен инструмент за меѓународна промоција на македонската литература и афирмација на домашните автори во странство.

Со оваа мерка, Министерството за култура и туризам останува посветено на поддршката на македонската книжевност и на нејзината меѓународна афирмација, на начин што ќе обезбеди законитост, отчетност и вистинска поддршка за дела и проекти што имаат реална културна вредност и значење за промоција на македонската литература во странство.

Повеќе информации и конкурсната документација се достапни на веб-страницата на Министерството за култура и туризам:

КОНКУРС ЗА ФИНАНСИРАЊЕ ПРЕВОД И ОБЈАВУВАЊЕ НА ДЕЛА НА АВТОРИ ОД РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА НА СТРАНСКИ ЈАЗИЦИ ЗА 2026/2027 ГОДИНА - Други конкурси - Конкурси - Министерство за култура и туризам - Република Македонија

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер