Дали познатиот гитарист е првата жртва на коронавирусот во Европа уште во февруари?

Коронавирусот бил присутен во Европа многу порано отколку што се мислеше, велат експертите, а сега се сомневаат дека славниот гитарист Енди Гил, кој почина на 1 февруари, е прва жртва на короната надвор од Кина.

Енди Гил, гитаристот на групата „Gang of Four “, почина од пневмонија, откако две недели се лекувал во лондонска болница, пишува „Гардијан“. Неговата состојба одеднаш се влошила, органите му откажале, а неговиот тек на болест наликува на она што подоцна станало познато како ковид 19.

Гил се разболел откако се вратил од турнеја низ Кина кон крајот на ноември. По него, поради респираторна инфекција, организаторот на турнејата завршил во болницата. Кога короната се појавила во Европа, вдовицата на Гил, Кетрин Мејер се посомневала дека нејзиниот сопруг е една од најраните жртви на коронавирусот во Европа.

Како што изјави таа, слично и кажал и пулмологот кој го лекувал Гил и исто така се сомневал дека причина за неговата болест е корона. Првиот официјален случај во Велика Британија е регистриран на 31 јануари, додека првата жртва во Европа бил кинески турист кој починал во Франција на 15 февруари. Сепак, многумина во таа земја, но и во Европа, мислат дека заболеле од корона уште порано.

Неодамна е анализиран случајот на Французинот Амир Хамар, кога се сметало дека тој е во болница заради грип, а потоа неговиот примерок на крв, земен во декември, бил позитивен за коронавирусот. Светската здравствена организација ги повика сите земји да ги испитаат сите сомнителни случаи за да можат подобро да ја разберат циркулацијата на вирусот и да ги проверат сите случаи на пневмонија со неопределено потекло во последните недели од 2019 година.

Меѓутоа, ако бројни случаи на короната се појавиле многу порано отколку што се мисли, а има примери и од Италија, прашањето е како не се раширил порано. Експертите имаат објаснување. Според Стивен Бејкер, професор на Универзитетот во Кембриџ, најверојатно е неопходен одреден број на луѓе да бидат заразени за да може да се случи локален пренос и навистина да се појави епидемијата.

Бејкер додава дека не секој бил подеднакво заразен со коронавирусот и дека постои можност најраните случаи да немале доволно контакти за да го пренесат вирусот на други со цел епидемијата да се рашири, вели Бејкер.

Пристигнува уште едно електрично Ауди

Ауди во вторник на 7 јули ќе го претстави електричниот кросовер „Q4 Sportback E-Tron “ концепт.

По минатогодишниот концепт „Q4 E-Tron“, од германскиот произведувач доаѓа и неговата „Sportback“ верзија, со силуета на купе-кросовер.

Ауди премиерата на новото возило ја најави со кратко видео, а повеќе детали за овој концепт ќе се дознаат утре.

Во краткото видео се гледа дека предниот дел од концептот „Q4 Sportback E-Tron “ е сличен ако кај регуларниот „Q4 E-Tron “, а двете возила ќе се разликуваат по задниот дел и линијата на кровот која кај новата верзија ќе биде закосена.

Ауди „Q4 Sportback E-Tron “ концептот најавува идна продукциска верзија која би требало да биде претставена 2021 година.

Спасовски: Масовно на избори на 15 јули во нови победи за Македонија и младите, тие нека се обновуваат во својата партија

„И средношколците и студентите добија домашна платежна картичка, бидејќи сега е моментот да се помогне.“

„ Се грижиме за сите. Посебно се грижиме за младите. Тоа го направивме и со доделувањето ваучери за дообука и квалификација во ИТ вештини, тоа што најмногу е потребно сега во овие услови кога многу од работите мора да се спроведуваат on line, дигитално. Една од основите во Програмата е нашата земја да ја направиме дигитализирана држава.

Мораме да излеземе и да гласаме, да дојдеме до секој и да му кажеме дека негласањето е глас за враќање на режимот, дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се опасност. На 15 јули масовно на избори, број 3, да кажеме Збогум на режимот, да ги пратиме во историја, нека се обновуваат во нивната партија, а ние ќе грабиме напред, во нови победи за Македонија и за младите" повика Спасовски на вечерашната граѓанска трибина во скопската општина Ѓорче Петров.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

Земјотрес од 4,6 степени го погоди Авганистан

Земјотрес со јачина од 4,6 степени вечерва го погоди Авганистан околу 20:40 часот по локално време.

Епицентарот на потресот се наоѓал на 14 километри северозападно од Кабул на длабочина од 7,4 километри, соопштено е од Евромедитеранскиот сеизмолошки центар.

За сега нема информации за повредени лица или причинета материјална штета.

притисни ентер