Дали новата влада на Бугарија ќе го врати македонското културно богатство? - Канал 5

Дали новата влада на Бугарија ќе го врати македонското културно богатство?

Владата на Орешарски конечно има шанса да ја исправи грешката на премиерот Радославов од 1916-та година, и во Охрид да ги врати круната и жезлото на Свети Климент, пишува МИА.

Дали новата влада на Бугарија ќе го врати македонското културно богатство?
Скапоцената круна на Свети Климент била пронајдена и одземена од куќата на семејството Филипче во Охрид.


Кога бугарската војска во 1915-та година се приближила кон Охрид, највидните граѓани се растрчале по црквите да го засолнат она што може да биде плен на окупаторите. Во таа акција, скришно и брзо, биле спасени десетици скапоцени предмети од охридските цркви. Охриѓани знаеле дека се засолнати на сигурно место и дека никој нема да ги предаде на Бугарите.

Сфаќајќи што се случило, бугарскиот владика Борис, кој исто така пристигнал во Охрид, презел акција да ги открие и да ги однесе во Софија охридските скапоцености, меѓу кои и скапоцената круна на Свети Климент, стара повеќе од 11 века. За таа цел организирал тајна мрежа свои известувачи со задача да откријат каде и кај кои граѓани во Охрид се наоѓаат скриените ракописи, предмети и други скапоцени примероци со историска и културна вредност. Прибирајќи податоци на тој начин, составил список од 80-ина скапоцени предмети. За да ги собере сите, бугарскиот владика ја повикал на помош и војската на бугарскиот гарнизон во Охрид.

Се разбира, потрагата траела со месеци, а акцијата почнала од куќата на угледниот охридски свештеник Ѓорѓи Икономов, каде што влегле лично владиката Борис, полковникот Пешинов, неговиот аѓутант, поручникот Најданов, потпоручникот Михов, офицер на 23-от пешадиски полк и Вишиот полициски иследник на бригадата, поручник Цеков.

Полковникот Пешинов веднаш ги известил дека „имаат податоци оти во куќата се наоѓаат големи скапоцености од значење на историјата, како Плаштеницата на Андроник Палеолог и некој летопис на Јован Скилица“. Бидејќи парализираниот свештеник Икономов не можел да „помогне“ во претресот, полковникот Пешинов веднаш му наредил на постариот водник на 23-от полк Иван Безлев, кој исто така бил во нивна придружба, со сила да ги отвори сите ковчези во куќата.

Во првиот обид бил пронајден само летописот на Скилица. Потрагата продолжила во куќата на Спространови во Охрид, кои, на крајот, морале да признаат дека Плаштеницата е токму кај свештеникот Ѓорѓи Икономов. И навистина полковникот Пешинов ја нашол таму и ја одзел.

Следните денови владиката и војската од куќите на угледните охриѓани одзеле, а потоа со специјален конвој, во Софија го однеле и летописот на Јован Скилица од 13-от век, кој заедно со Плаштеницата на црквата св. Богородица Перивлепта и ги подарил Теодор Комнен. Кога било прибрано сè што било пронајдено, а по отстапувањето на бугарската војска од Македонија, владиката Борис ја уништил целокупната архивата во врска со тој вандалски чин.

Сепак, некои документи останале, па така останал и еден примерок од документот што го потврдува грабежот на бугарската војска во 1916-та година.


Документ за грабежот

Документот што го потврдува грабежот на бугарската војска во 1916-та година бил пронајден во 1967-та година во Охрид. Документот случајно го пронашол Јован Поповски, доајен на македонското новинарство. Во своите спомени забележал дека пред 45 години пред една маалска фурна во Охрид чекал да купи ѓеврек: „Забележав дека на ќепенекот од фурната има едно купче стара хартија, најверојатно канцелариска архива, со печати и потписи. Фактот дека станува збор за некакви документи со кои фурнаџијата ги виткаше ѓевреците, веднаш ми го привлече вниманието.

Додека чекав да дојдам на ред прелистав неколку од хартиите и, на мое големо изненадување, открив еден историски документ од времето на бугарската окупација на Охрид во 1916-та година. Документот всушност беше список на големи уметнички, историски и црковни драгоцености, кои биле собрани од бугарската војска во градот и околината, и однесени во Софија.

Го прашав фурнаџијата дали можам да ја земам хартијата, а тој ми рече дека можам да ги земам сите ако сакам, тој има купишта од нив, ги користи за потпалување на фурната. Го зедов документот и подоцна внимателно го разгледав. Стануваше збор за автентичен список на скапоцени работи кои бугарскиот владика Борис ги собрал и ги испратил во Софија. Оригиналот го однесов во Охридскиот архив, мислејќи дека немам право таквиот драгоцен документ да го однесам во мојот дом. Се разбира, претходно, внимателно го препишав на рака од збор до збор. За жал, сега тој мој препис е „оригинал“, затоа што подоцна кога го побарав документот во Архивот, таму веќе го немаше“.

Според документот на Поповски, осумдесетина скапоцености биле однесени само од Охрид, меѓу кои била и круната на Свети Климент, која до ден денес е на „привремено чување“ во Софија, Бугарија. Во документот, потпишан од комисијата за „грабеж“ на крајот од речиси едногодишната потрага по охридските скапоцености, стои: „Денеска, 28 ноември 1916-та година, врз основа на телеграмата од 21 о.м. под број 17762, на претседателот на Владата, д-р Радославов, составен е овој акт за собраните спакувани и испратени на привремено чување во Софија, долуназначени црковни старини, сопственост на градот Охрид...“

Веднаш потоа се набројуваат сите старини однесени од Охрид, меѓу кои се и такви скапоцености, кои вредат цело богатство. Така, по наредба на бугарскиот премиер, а во организација на бугарскиот владика Борис, меѓу другото се однесени „Икона на Христа Спасителот, подарок на Охридскиот архиепискот Димитрие од 13 верк; натпис на плоча од бронза од Прокопие, архиепископ на Прва Јустанијана, плаштеница на Андроник Палеолог, собрана од црквата Свети Климент; сребрена кутија со моштите на Света Матрона; Сребрен крст од 1742 година; две покривки, подарок на Дука Комненер; летопис на Јован Скилица од 13-ти век; старо евангелие со ликот на Свети Климент; дваесет стари словенски ракописи; една сребрена икона изработена во релјеф, или вкупно 84 оделени предмети.

Се разбира, меѓу сите овие скапоцени работи, однесени од Охрид, се и златната круна на Свети Климент со емајл и крст, како и неговото жезло од слонова коска, со змија. На крајот од документот стои дека „актот е составен и потпишан од присутните во четири примероци и тоа: еден за министер-претседателот Радославов, за Охридското окружно началство, за светата Охридска митрополија и за Народниот музеј во Софија. На документот се потпишани Окружниот началник Петров, бугарскиот митрополит Борис, Околискиот началник Петар Чауле, секретарот на Окружното началство, Огненов, и охридскиот граѓанин Сарџов.

Еден од тие четири примероци на документнот е оној лист хартија што Јован Поповски го открил во една охридска фурна во 1967-та година. „Само еден од сите однесени работи од Охрид, Плаштеницата на Андроник Палеолог пред Втората светска војна била објавена во едно стручно списание во Софија, ни изјави Поповски во разговорите што во неколку наврати ги водевме со него последните две години пред неговата смрт. „Сите други работи, велеше тој, до ден-денес сé уште се на „приврмено чување“ во Софија. И не само што се чуваат, туку до сега ништо од тоа не е презентирано пред јавноста, како уште да се плашат дека некој веднаш ќе им побара да ги вратат таму од каде што биле украдени пред деведесет години.

Со таа бескрупулозна кражба, реализирана со налог на бугарската влада од страна на охридскиот владика Борис, кој поради отпорот на охриѓани да го предадат тоа скапоцено богатство, ја викнал на помош и војската, која вршејќи тортура дури и врз тешко болни луѓе, како што бил свештеникот Ѓорѓи Икономов, успеала да открие и да однесе навистна вредни, можеби највредните работи кои охриѓани ги чувале со векови и никогаш немало потреба некој „привремено“ да им ги „причува“ за да не им бидат одземени и однесени.

Тоа „привремено чување“ на охридските скапоцености во Софија трае веќе 97 години, па конечно време е барем за стогодишнината да се активира документот кој потврдува дека сите предмети ќе бидат вратени во Македонија, од каде што се земени „само“ на „привремено чување“. Бидејќи тоа е официјален документ на бугарската влада, односно држава, сметаше Поповски, македонската влада директно, но и преку меѓународни институции, ако е неопходно, треба само да бара да се почитува документот и во Охрид да бидат вратени Златната круна и жезлото на Свети Климент, заедно со сите други драгоцени предмети и ракописни книги, однесени во Бугарија зимата 1916-та година.

Според записите на Поповски, голем дел од предметите однесени од Охрид сега се во трезорот на Народниот музеј во Софија, а тој тајно, преку пријатели, успеал да ја фотографира круната на Свети Климент: „Кон крајот на шеесетите години на минатиот век, се сеќаваше Поповски, разговарав со тогашниот судија на Врховниот суд на Македонија, Ставре Филипче, кој ми кажа дека круната на Свети Климент во Охрид била изнесувана пред народот само на празникот Свети Климент, и тогаш одела од куќа во куќа. Скапоцената круна на Свети Климент, бугарскиот владика Борис, полковникот Пешинов, неговиот аѓутант Најданов, потпоручникот Михов и вишиот полициски иследник Цеков, плачкашка банда составена за одземање на охридското богатство, круната на Свети Климент во 1916 година ја пронашле во куќата на Филипчевци. Радосни што најпосле ја имаат круната на Климента, составиле список и ги испратиле предметите со силна воена придружба во Софија, каде што се наоѓаат до ден денес“, сведочеше Поповски, кој притоа се сеќаваше дека во 1968-та година, значи една година откако случајно го пронашол документот за одземените скапоцености на Охрид, имал средба со Крсте Црвенковски, тогаш претседател на ЦК СКМ, сакајќи да го заинтересира да покрене иницијатива за враќање на сите одземени предмети во Македонија, меѓу кои и на скапоцената круна на Свети Климент. Според Поповски, претседателот на комунистите на Македонија само одмавнал со раката и му рекол: „Доста ни се караници со Бугарите“. А зошто да има караници, кога постои документ дека предметите се однесени на „привремено чување“? Како и да е, оттогаш, колку што се знае во јавноста, ниту една македонска влада не покренала постапка за враќање на предметите и книгите однесени од Охрид, иако има потполно право да го бара тоа, затоа што постои документ и заклучок на бугарската влада дека сите предмети ќе бидат вратени веднаш по завршувањето на Првата светска војна. Според потписите на документот, јасно е дека во акцијата за одземање на се што е вредно во Охрид, учествувала и војската, што значи дека ниту еден предмет не е предаден доброволно, како што некои бугарски историчари тврдат, велејќи дека многумина охриѓани дури и со „радост им ги носеле предметите и книгите“.

Владика Борис бил обичен арамија

Бугарскиот владика Борис, кој дошол во Охрид 1915-та година, заедно со бугарската војска, добро знаел дека Охрид не е бугарски туку македонски древен град, па затоа скапоценото богатство одеземено од охриѓани веднаш, со воен конвој, го префрлил во Софија, каде што се уште се чува во тајните трезори на Народниот музеј. Поради заслугите во врска со ограбувањето на Охрид, како што велеше новинарот, публицист и писател Јован Поповски, владиката Борис по Првата светска војна, значи по враќањето во Софија како човек што го ограбил Охрид, веднаш бил поставен за секретар на Егзархијата во Цариград. Но, бидејќи знаел како се краде, а веројатно и уживал во тоа, за неколку месеци успеал да украде цел еден милион лева од црковната каса. Откако била откриена кражбата, Борис бил деградиран и по казна пратен во манастирот Бачковски во Бугарија, каде што и умрел.

Зошто Македонија треба да бара да и се врати круната и жезлото на Свети Климент?

Според академик д-р Ѓорѓи Поп-Атанасов, Свети Климент се вбројува меѓу најистакнатите ученици и соработници на сесловенските просветители Кирил и Методиј, а бил роден во Македонија во 30-те години на 9-от век. Како што е познато, тој ги придружува Светите браќа во нивната Моравска мисија и активно учествува во црковно–просветната дејност што тие ја извршувале за време на нивниот престој во Велика Моравија. По пропаста на мисијата и по смртта на архиепископот Методиј во 885-та година, Климент, заедно со Наум и Ангелариј, се враќа меѓу Словените на Балканот и тука ја продолжува просветителската мисија на своите учители, Свети Кирил и Методиј. По краток престој во бугарската престолнина Плиска, Свети Климент доаѓа во Македонија, каде што ја основа Охридската книжевна школа. Во областа Кутмичевица, со главен центар Девол, но и Охрид и Главиница, престојува речиси 30 години, првин како учител до 893-та година, а потоа и како прв епископ кој меѓу јужните словени проповедал и служел на словенски јазик полни 23 години. Освен со просветителска и црковно–пастирска дејност, Свети Климент Охридски бил исклучително активен и на полето на книжевното создавање, па оттука тој е и еден од основоположниците на македонската книжевност. Речиси единаесет века по неговата смрт, во Охрид почна обновувањето на неговиот универзитет, па и тоа е уште еден повод сегашната бугарската влада на Пламен Орешарски, која преку министерот за надворешни работи најави нова страница во македонско-бугарските односи, конечно да ја исправи грешката на премиерот Радославов од 1916-та година, и во Охрид, таму каде што припаѓаат, да ги врати круната и жезлото на Свети Климент. Во Охрид, во црквата со името на Свети Климент, и комплексот на Светиклиментовиот универзитет, што се гради околу неа, ќе може на автентично место да ги видат сите што ќе го посетуваат култниот Светиклиментов брег над Охридското езеро, истото место на кое ги пречекувал и испраќал сите добронамерници и самиот Свети Климент пред 1100 години.


Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Беше прекрасен татко, но падна во депресија по отказот“- мајка за сопругот кој ги уби нивните две деца

Мајката на две деца чиј татко ги убил фрлајќи ги од покривот на гаража, а потоа извршил самоубиство, проговори за околностите околу нивната трагична смрт!

„Беше прекрасен татко, но падна во депресија по отказот“- мајка за сопругот кој ги уби нивните две деца

Шестгодишната Каролин Линч и нејзиниот брат Џејмс Линч, на осум години, беа пронајдени во вторник, 3 ноември, пред општинска зграда во Маунт Либан, Пенсилванија, со повреди за кои се сомнева дека се предизвикани од падот, објави Пипл.

Нивниот татко, Патрик Линч, исто така е пронајден со слични повреди. Сите тројца починаа во инцидент што полицијата го истражува како убиство-самоубиство, соопшти шерифската служба на округот Алегени.

Според PennLive, Патрик ги фрлил децата од петкатна паркинг гаража. По убиствата, мајката на децата објави на Фејсбук дека Патрик бил депресивен откако неодамна ја изгубил работата.

На снимка од екранот од објавата, која ја споделија Daily Voice, WPXI TV и PennLive, Ана ДеМеј Линч напиша дека Патрик „донел неповратна одлука да ги убие нашите две деца и себеси“, додавајќи дека тој бил „прекрасен татко“.

„Тој беше отпуштен во август и набргу потоа, стана депресивен“, додаде таа во објавата.

На профилот на Патрик на LinkedIn е наведен како научник за податоци, кој работел на машинско учење и вештачка интелигенција, а неговата последна работа завршува во август.

Ана во својата објава на Фејсбук напиша дека успеала да го убеди Патрик да оди на терапија и дека тој имал закажан преглед за следниот ден.

„Еден ден предоцна“, напиша таа. „Никогаш не помислив дека нашата приказна ќе заврши вака“.

За Ана е отворена страница GoFundMe додека се бори со загубата на Каролин и Џејмс и се подготвува за нивните погреби.

Заедницата на Маунт Либан, исто така, се собира за да им оддаде почит на децата, за кои канцеларијата на медицинскиот испитувач соопшти дека починале од „повеќе повреди од тап предмет“.

„Таа беше само мало снопче радост. Ги сакаше луѓето“, изјави Вики Хефелфингер, која го познаваше семејството Линч преку нивното учество во училиштето за пливање.

„Секој пат кога ја гледавме, таа им мавташе на сите. Ги гледаше другите деца и беше едноставно толку храбро мало девојче“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Познато е колку заработува Ламар Одом за една недела на OnlyFans (ВИДЕО)

Поранешната НБА ѕвезда Ламар Одом би можела да заработи повеќе од 180.000 евра благодарение на својот нов профил на платформата OnlyFans. 

Познато е колку заработува Ламар Одом за една недела на OnlyFans (ВИДЕО)

Поранешниот кошаркар на Лос Анџелес Лејкерс заработил повеќе од 45.000 евра за само осум дена, изјавил извор за TMZ.

Месечната претплата за пристап до неговите ексклузивни фотографии и видеа е околу 13,45 евра.

Одом отвори профил на OnlyFans минатиот месец, што го прави првата поранешна НБА ѕвезда што се приклучила на платформата, според медиумските извештаи.

Тој ја објасни својата одлука велејќи дека смета дека времето е вистинско за тоа. Призна дека во текот на својот живот поминал низ многу бурни периоди, но исто така рече дека подготвува уште неколку изненадувања за своите фанови.

„Сите опции се отворени“

Поранешниот кошаркар на Лос Анџелес Клиперс објави дека на неговиот профил ќе има разновидна содржина, вклучувајќи изненадувања што неговите фанови можеби не ги очекуваат.

„Сè уште нема да откривам премногу. Ќе мора да се претплатите за да дознаете. Само знајте дека сум искрен и сите опции се отворени“, рече тој.

Одом рече дека во текот на целиот свој живот често донесувал непредвидливи одлуки и дека сè уште може да ја изненади јавноста. „Отсекогаш сум бил отворена книга, но има поглавја што луѓето сè уште не ги виделе“, изјави тој.

Неговата девојка Рејчел Бредли исто така отвори профил на OnlyFans. Извор близок до двојката откри за TMZ дека постои можност тие да објавуваат содржина заедно во иднина.

Беше во брак со Клое Кардашијан

Одом јавно ја потврди својата врска со Рејчел Бредли во април, кога објави видео на Инстаграм од нив како заедно влегуваат во Crypto.com Arena во Лос Анџелес. Неколку дена претходно, тие споделија и заедничка фотографија со актерот Тери Крус и неговата сопруга Ребека Кинг Крус.

Пред врската со Бредли, Одом беше во долгогодишна врска со Лиза Моралес, со која има две деца, ќерката Дестини (28) и синот ЛЈ (24).

Тој е особено познат на јавноста по бракот со ријалити ѕвездата Клое Кардашијан, со која се ожени во 2009 година. Нивниот брак западна во криза, а во 2013 година решија да се разделат. Разводот официјално беше финализиран во 2016 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фицо тврди: Резултатите од референдумот за пристапување во ЕУ беа фалсификат

Словачкиот премиер Роберт Фицо денес тврдеше дека референдумот за пристапување на земјата во Европската Унија бил наместен и дека немало да има пристапување доколку не било така.

Фицо тврди: Резултатите од референдумот за пристапување во ЕУ беа фалсификат

„Одржавме референдум кој, доколку не беше наместен, немаше да биде успешен. Тоа мора да се каже. Разликата беше толку мала што, според мене, беа направени одредени корекции за да се обезбеди дека исходот е онаков каков што беше потребен за Словачка да го одобри пристапувањето кон оваа организација“, изјави Фицо за телевизијата TA3.

Зборувајќи за атмосферата во Словачка во 2004 година, кога земјата се приклучи кон ЕУ, Фицо оцени дека пристапувањето било проследено со голем ентузијазам од една страна, но дека од друга страна, резултатот од референдумот бил многу тесен.

Референдумот за пристапување кон Европската Унија во Словачка се одржа во мај 2003 година, со излезност од 52 проценти, а мнозинството гласаше позитивно за пристапувањето.

Словачка се приклучи кон Европската Унија во 2024 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер