2СДСМ: Мицкоски го штити Тошковски – на сите им е јасен договорот „под радар“ за пуштање на Михаилова
3ВМРО-ДПМНЕ: Дали Филипче и Заев се пазареле со бугарските власти за случајот со Ива Михаилова за да му се оддолжат на Радев?
Маск: Американската влада стои зад ограничувањата на брзината со која дел од украинското оружје може да патува
2Маск: Американската влада стои зад ограничувањата на брзината со која дел од украинското оружје може да патува
ЖивотДали може да ги регулирате хормоните по природен пат? (фото)Девет билки кои помагаат во тоа! Причините може да бидат различни, но доколку не се дијагностицираат и не се лечат навреме, може да доведат до сериозни здравствени проблеми. Повеќето жени во одреден момент од животот имаат хормонален дисбаланс. Причините можат да бидат различни и доколку навреме не се дијагностицираат и лекуваат може да доведат до сериозни здравствени проблеми како што се неплодност, остеопороза, па дури и срцеви заболувања. Хормоналната нерамнотежа кај жените се јавува како резултат на нарушена функција на некои од жлездите на ендокриниот систем, па хормоните во крвотокот се зголемуваат над или паѓаат под нормалното ниво. Според експертите, покрај терапијата што ја пропишува лекарот во регулирањето на работата на жлездите на ендокриниот систем, може да помогнат и некои додатоци во исхраната. Еве кои 9 растенија можат да помогнат во регулирањето на хормоните на природен начин. 1. Женшен Женшенот има способност да го намали стресот и дава дополнителна енергија. Истражувањата покажаа дека женшенот ја зголемува отпорноста на телото на различни негативни фактори, вклучувајќи тумори и воспалителни процеси. 2. Ашваганда Се користи во Ајурведата и има широк спектар на ефекти. Го намалува стресот, депресијата и анксиозноста, го зајакнува имунитетот и помага при хроничен замор. Има смирувачки ефект врз нервниот и кардиоваскуларниот систем. Благодарение на алкалоидите го смирува хормоналниот систем. Таа е моќен антиоксиданс. 3. Елеутерококус (сибирски женшен) Се користи за зајакнување на имунитетот, после болест или стресен период. Успешно делува против инфекции и го намалува нивото на шеќер и масти во крвта. Се препорачува во случај на висок притисок. 4. Чага Богата е со витамини од Б-групата, флавоноиди и минерали. Таа е една од најсилните антиоксиданси. Има широкиот опсег на делување, вклучувајќи ја и регулацијата на хормоните. 5. Кордицепс Го исполнува телото со кислород, ја подобрува функцијата на мозокот и ја зголемува издржливоста. Најважното дејство на оваа печурка е намалувањето на клетките на ракот. Ги намалува последиците од стресот врз телото и ја враќа виталноста. 6. Реиши Го зајакнува имунолошкиот систем, ја поддржува функцијата на црниот дроб и штити од зрачење. Му помага на телото да се прилагоди на различни видови стрес, како вируси, инфекции, повреди... 7. Светиот босилек Исто така познат како индиски „туласи“, е билка која има релаксирачко и смирувачко дејство. Чајот од „туласи“ е одличен за оние што страдаат од несоница. Тој е силен антиоксиданс, има антибактериско, антигабично и антивирусно дејство. Помага и во случај на белодробни заболувања. 8. Мукуна Се користи за лекување на депресија и подобрување на расположението. Ја содржи единствената аминокиселина L-допа, која во нашето тело се претвора во допамин - хормон на среќата и задоволството. Го смирува нервниот систем и ја подобрува функцијата на мозокот. Помага при слабеење бидејќи го намалува нивото на маснотии во телото и на тој начин го уништува целулитот. 9. Перуанска мака Дејствува на ендокриниот систем и се препорачува за ендометриоза бидејќи го нормализира хормоналниот систем. Богат е со витамини од Б-групата, калциум, цинк и железо и ја зголемува енергијата и издржливоста.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски на потпишување договор за нова инвестиција08:43Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00Клековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа13:11МВР распиша меѓународна потерница по Ива Михаилова08:39
Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26
Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00
Клековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа13:11
ЕкономијаДимитриеска-Кочоска на средби на средби со Бо Ли и високи претставници на ММФФискалната дисциплина и поддршка на економскиот раст се клучните приоритети на кои работиме.Министерството за финансии вложува напори и спроведува активности кои се во насока на имплементација на реформите во доменот на упраувањето на јавните финансии и спроведување дисциплинирана фискална политика со постепено намалување на буџетскиот дефицит, а при тоа да не го загрози растот. Тоа ја носи државата напред и создава услови за подобар животен стандард на граѓаните. Ова беше истакнато од страна на министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на состаноците со високи претставници на ММФ во рамки на Годишните средби на ММФ и СБ што годинава се одржуваат во Бангкок, Тајланд. На состаноците со заменикот на генералниот директор на ММФ, Бо Ли, директорот на ММФ за Европа, Матеуш Шчурек, извршниот директор на ММФ, Јерун Клик и заменикот на извршниот директор, Марникс ван Рај, министерката истакна дека клучен приоритет за Владата и Министерството за финансии е да се оствари определбата за фискална консолидација на среден рок согласно Фискалната стратегија и истовремено да поттикнеме повисок економски раст. „Во моментов во Министерството за финансии се подготвува Буџетот за 2027 година, а веќе во собраниска процедура е Ребалансот на Буџетот за 2026 година. Особено сме внимателни во управувањето на јавните финансии, имајќи предвид дека со соочуваме со голема неизвесност и потребата од преземање мерки за заштита на стандардот на граѓаните, но и поддршка на бизнисот. Во таа насока со Ребалансот правиме интервенции и на приходната и расходната страна со цел да ја задржиме фискалната дисциплина и да не предизвикаме притисок врз буџетскиот дефицит“, рече министерката.При тоа додаде дека буџетскиот дефицит останува во рамки на проекцијата и е насочен кон реализација на развојните политики на Владата, односно поддршка на големите инвестициски проекти. Ова, според министерката, особено е важно за поддршка на економскиот раст и продолжување на овој тренд на стапки на раст од над 3% во изминатите две и пол години. На состаноците беше наведено дека во вториот квартал од 2026 година, БДП забележа годишен раст од 4,3%, што претставува највисок раст во постковид-периодот. Тоа го потврдува продолжувањето на позитивните економски движења и отпорноста на домашната економија во услови на неизвесност во глобалното економско опкружување. Растот во првиот квартал изнесуваше 3,1%, со што растот во првата половина од годината достигна 3,7%. Особено е важно дека еден од факторите на кои се темели е високиот раст на бруто инвестициите, поддржани преку Буџетот. Исто така, согласно Фискалната стратегија 2027-2031, бруто инвестициите ќе продолжат да бидат еден од главните двигатели на економскиот раст. Создавањето предуслови за нов циклус економски раст преку реализација повисоко ниво на капитални инвестиции, постепена фисклана консолидација и унапредување на упраувањето со јавните финансии се основните цели на Фискалната политика за периодот 2027–2031 година. Истовремено, спроведувањето на фискалната консолидација создава основа за заачувување стабилноста и одржување одржлив и инклузивен економски раст. Во овој контекст потенцираше министерката дека буџетскиот дефицит согласно среднорочните проекции ќе се спушти на 2,8% во 2029 година. На состаноците се осврнавме и на пензискиот систем во земјава при што од страна на ММФ беше изразен интерес за поставеноста на вториот пензиски столб. Ова прашање особено ќе биде во фокусот на следната Мисија на ММФ планирана за ноември во Македонија. Ова е и во контекст на прегледот на јавните расходи (Spending Review) од страна на Светска банка во кој е опфатено и прашањето на пензискиот систем, а со цел да се обезбеди подетална анализа на состојбите и унапредување на неговата одржливост. На состанокот беа поздравени напорите на Владата за спроведување фискална консолидација и беше истакнато охрабување да продолжи со реформите кои ќе го зајакнат управувањето и ја зголемат отпорноста на јавните финансии.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски на потпишување договор за нова инвестиција08:43Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00Клековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа13:11МВР распиша меѓународна потерница по Ива Михаилова08:39
Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26
Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00
Клековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа13:11
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Тавче гравче со колбасиВо четврток (08.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Саш Мишевски.Состојки за денешниот рецепт: 2 големи конзерви грав 1 пиперка 1 главица кромид 3 парчиња колбаси масло сол и др. зачини по избор Погледнете како се подготвува овој рецепт: Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Мицкоски го штити Тошковски – на сите им е јасен договорот „под радар“ за пуштање на МихаиловаНаместо одговорност за пуштањето на Ива Михаилова, граѓаните повторно гледаат како Мицкоски го штити Тошковски.Нема одговори како обвинета, со одземени македонски и бугарски пасош успеала да ја напушти државата. Тошковски на телевизија јавно признава дека границата е „швајцарско сирење“. А кој е надлежен за границата? Тошковски. Срамота е министерот што ја води полицијата, која ја обезбедува границата, да каже дека границата е швајцарско сирење. Границата е решето и за криминалци и за бегалци од правдата. Никој не одговара. Нема правда. А кој раководи со полицијата? Тошковски. Ама Мицкоски го штити Тошковски. Сега на сите им е јасен договорот под „радар“ за пуштање на Михаилова. Затоа наместо одговорност и оставка од Тошковски сега народот гледа театар. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter