Дали Меган ќе се збогати на сметка на кралското семејство? - Канал 5

Дали Меган ќе се збогати на сметка на кралското семејство?

Многу теории се вртат околу заминувањето на принцот Хари и неговата сопруга Меган од британското кралско семејство.

Дали Меган ќе се збогати на сметка на кралското семејство?

Според британските медиуми , едната теорија е резултат на нејзиниот внимателен и добро осмислен план да се збогати на сметка на кралското семејство.

Аргументите на другата струја се, меѓу другото, дека Војвотката од Сасекс се откажала од буквално целото нејзино семејство, освен нејзината мајка и дека сите нејзини блиски пријатели велат дека таа целосно им го свртила грбот кога се запознала со Хари.

Нејзиното лицемерие може да се види, велат тие, во многу мали нешта што би можеле да поминат незабележани сами од себе, а заедно даваат многу поширока слика за тоа која навистина е Меган Маркл, пренесува ,,Дејли Меил".

Јавноста сè уште се сеќава на потезите на Меган и Хари кои организираа бебешка забава од 500 000 долари во Њујорк, истиот ден кога следбениците на Твитер ги замолија да им помогнат на сиромашните.

Хари и Меган постојано ја повикуваат јавноста и луѓето да се обидат да го намалат влијанието врз загадувањето на животната средина, додека редовно се качуваат во приватни авиони, претежно на Елтон Џон и на Џорџ Клуни.

Сето ова, голем дел од британската јавност верува, е внимателно испланирано од Меган.

"Секако никој во кралското семејство дури и не се посомневал дека тоа се случува. Ретко кој сфатил дека Меган е исто толку сурова и способна", коментираат познавачите на состојбите во семејството.

И Меган, велат тие, нашла начин легално да заработува пари преку кралското семејство. Нејзин клуч за тоа е нејзината фирма за односи со јавноста, Sunshine Sachs.

Без разлика дали Хари е дел од неа или не, агенцијата е на нејзино име, како што е и името на нивниот син Арчи. Агенцијата работи одлично благодарение на имиџот на Војвотката од Сасекс што таа беше во можност да го изгради, а Меган неодамна започна проект за прибирање на средства за добротворни цели Сасекс Ројал.

Сепак, Меган пронашла дупка во системот и ја регистрирала агенцијата во Америка, и така многу малку од собраните пари всушност мора да одат во добротворни цели - остатокот, без никакви правни последици, таа може да си ги задржи.

"Меган не крие дека отсекогаш сонувала да се омажи за принц. За среќа на британската нација, таа не се насочи кон Вилијам, кој знаеше кои се неговите должности. Наместо тоа, таа се фати за помладиот принц. Жал ми е, затоа што кога Меган целосно ги исцеди сите можни придобивки , ќе го отфрли.”

А, што се однесува до специфичните деловни потези, првата работа на Меган Маркл е веќе позната - таа има потпишано договор со филмската компанија Дизни. Покрај тоа, има многу повеќе опции, барем така велат експертите за односи со јавност.

Рон Торосен од њујоршката агенција ПР изјави дека можностите се бесконечни кога станува збор за нив двајцата.

"Без оглед на брендот, соработката или кој било друг вид на договор, Меган и Хари сигурно месечно прават милиони. За нив, небото е граница. Хари досега се спречуваше поради неговата улога во кралското семејство да заработува пари како славна личност", изјави Рон Торосен од њујоршката ПР агенција.

Ејмс Хендерсон, експерт за односи со јавноста, кој ги советуваше Мадона и Наоми Кембел, изјави дека Меган може да има најголем успех со линија за козметика.

„Да започне со тоа, најдобро решение би било да се добие шоу за да се доближи до американската публика. Таа е убава, талентирана и елоквентна жена. Во моментов, најплатеното семејство на светот, Кардашијан заработуваат околу милијарда долари годишно, Хари и Меган лесно можат да го сторат истото “, изјави Хендерсон за „Дејли меил “.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре променливо облачно време со сончеви периоди и температура до 18 степени

Утре времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, соопштуваат од УХМР.

Утре променливо облачно време со сончеви периоди и температура до 18 степени

МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА

2 Попова Шапка, 6 Крушево, Маврови Анови, 8 Берово, 10 Виница, Прилеп, Лазарополе, 11 Битола, Тетово, Претор, 12 Крива Паланка, Скопје – Зајчев Рид, Штип, 13 Скопје – Петровец, Кавадарци, Демир Капија, 14 Охрид, Струмица, Велес, 14 Гевгелија.

КОЛИЧИНА НА ВРНЕЖИ за изминатите 9 часа во (l/m2)

1 Виница.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ

Времето денес беше претежно облачно, во источните делови имаше слаб дожд. Дуваше слаб до умерен ветер од северен правец. До крајот на денот ќе се задржи променливо облачно време. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

ВРЕМЕТО УТРЕ

Променливо облачно со сончеви периоди. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 12 до 18 степени.

Во Скопје, променливо облачно со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 17 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

До недела ќе се задржи стабилно време со сончеви периоди. За време на викендот утринската температура наместа ќе се спушти под нулата, а по одделни котлини ќе има појава на утринска магла. Потоа до средината на следната седмица, времето ќе биде со променлива облачност во текот на денот и услови за слаб локален дожд.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Експлозија и пожар во Албанија: Двајца загинати, голем број повредени (ВИДЕО)

Силна експлозија и пожар што зафати станбена зграда во населбата „Кемал Стафа“ во албанскиот град Елбасан одзеде два живота. 

Експлозија и пожар во Албанија: Двајца загинати, голем број повредени (ВИДЕО)

Хамит Ибро (69) и Хатиџе Бериша (82) загинаа, објави Top-channel.tv.

Телото на 69-годишен маж беше пронајдено по неколкучасовно интензивно пребарување, околу 00:40 часот. Според прелиминарните резултати од истрагата, се сомнева дека експлозијата е предизвикана од прекумерна количина гас во неговиот стан. Десет други жители се повредени, додека зградата претрпе значителна материјална штета.

Албанската полиција објави дека телото на сопственикот на станот каде што избувна пожарот е пронајдено по неколкучасовно пребарување, спроведено од полициски службеници во соработка со вооружените сили, службите за цивилна заштита и пожарникарите.

YouTube video

82-годишната Хатиџе Бериша, исто така, почина на местото на настанот во експлозијата. Десет жители на истата зграда беа повредени, добија медицинска помош и беа пуштени од болница.

„Врз основа на прелиминарните активности на истражните органи на Регионалната полициска управа на Елбасан, во соработка со експерти од инженерските единици на специјалната полициска единица РЕНЕА и под водство на Обвинителството на Елбасан, се сомнева дека експлозијата, а потоа и пожарот, се предизвикани од прекумерна количина гас во станот на 69-годишен маж“, се вели во полициското соопштение.

Специјална истражна група, под водство на обвинителството, продолжува со истрагата на лице место и другите истражни дејствија со цел да се утврдат сите околности и точната причина за експлозијата.

Случајот е препратен до обвинителството за понатамошно постапување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски за случајот со „Алта банка“: Државата го следи процесот, граѓаните да бидат спокојни, ќе бидат обештетени до последниот цент

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на случајот со „Алта банка“, изјави:

Мицкоски за случајот со „Алта банка“: Државата го следи процесот, граѓаните да бидат спокојни, ќе бидат обештетени до последниот цент

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на случајот со „Алта банка“, изјави:

„Случајот со „Алта банка“ е случај во соседна Србија, кај нас тој случај е увезен и нема ништо слично како што беше случајот со „Еуростандард банка“. „Еуростандард банка“ претходната Влада на СДСМ ја банкротираше откако нивната поранешна министерка за финансии, ден-два пред да ја банкротира, извлече од банката депозити од 250.000 евра. И тоа е факт.

Ние сега имаме увезен проблем којшто се случил во нашето соседство. Јас сум повеќе исплашен за еден друг феномен којшто никој не го поставува како прашање, а тоа е следното: во 2025 година трговијата помеѓу двете земји, помеѓу нас и нашиот северен сосед, изнесуваше некаде околу една милијарда и двесте милиони евра. Неколку компании ми се јавија, македонски, коишто велат: мојот партнер е пред банкрот или е банкротиран во Србија бидејќи му се блокирани средствата во „Алта банка“, што да правиме, ве молиме, како Влада помагајте. Тоа ќе биде многу поголем проблем. Зошто многу поголем проблем? Бидејќи бизниси се затвораат, компании банкротираат, луѓе ќе остануваат без своите работни места — не само во Србија, туку и кај нас. Бидејќи тие милијарда и двесте милиони биле дневен обрт на средства коишто се движеле во текот на целата година. Истото се случува и сега. Тоа повеќе ме загрижува, бидејќи неколку македонски компании ми се јавија и ми го предочија овој проблем. И ако таму за брзо време не се консолидира состојбата, ќе имаме многу поголем ланчен систем. Ме загрижува и состојбата во Албанија, бидејќи и тоа може еден ден да се пренесе кај нас.

Што се однесува до „Алта банка“ и нејзината аквизиција во Македонија, „Стопанска банка Битола“, од тоа што сум јас информиран, врз основа на информациите со коишто располагам, сакам да го кажам следново: банката е купена откако претходно се запазени сите законски процеси коишто се моментално дел од македонското апликативно право. Добиени се позитивни мислења од сите институции, меѓу кои Комисијата за хартии од вредност, Комисијата за заштита на конкуренцијата итн. На јавна аукција, акционерите од банката, коишто се приватни лица — тука Владата нема никаква врска, ниту пак сака да има врска — ги продаваат акциите на сопственикот, во случајот „Алта банка Србија“, и така тие стануваат сопственици на „Стопанска банка Битола“ и потоа ја ребрендираат во „Алта банка Македонија“.

Одиме сега понатаму. Претпоставувам ја следите сега хистеријата којашто ја создаваат од опозицијата со цел не да помогнат — тие најмалку се грижат за штедачите и доверителите на „Стопанска банка Битола“ или „Алта банка Битола“. Тие мислат дека на тој начин ќе остварат политички бенефит и ќе се факторизираат на политичката сцена во Македонија, бидејќи се оптоварени со внатрешни поделби, обвинувања кој колку бил корумпиран во времето на Владата на СДСМ и ДУИ, но тоа е нивен проблем. Ние сме државотворна партија и ние се грижиме за интересите на граѓаните. Затоа сакам да бидам многу јасен, можни се две сценарија. Првото сценарио е да се обезбеди купувач, што ќе биде многу тешко. Зошто? Гледате што прават: држат прес-конференции пред Народната банка и ги одвраќаат потенцијалните можни купувачи коишто ќе ја консолидираат банката. Тоа е едното сценарио.

И второто сценарио е банката да влезе, ако нема купувач, да влезе во стечај. Што значи тоа? Дека ќе ја изгуби лиценцата за работа. Но она коешто сакам да го испратам како порака до граѓаните, до штедачите и до доверителите, е да бидат безбедни и спокојни, да не подлегнуваат на хистеријата и лагите, невистините и шпекулациите коишто доаѓаат од опозициската партија, во случајот СДСМ. Зошто? Затоа што според нашите проверки, 95-96 % од штедачите се со штедни влогови до 30 илјади евра — тие се загарантирани во целосната сума. Да бидат спокојни, до цент ќе им бидат, до денар ќе им бидат вратени. Останатите коишто ќе влезат во стечајната маса, тоа се неколку стотини, исто така да бидат спокојни. Зошто? Затоа што активата на банката е многу поголема отколку што се побарувањата од истата, можеби 2-3 пати е поголема. Така што апелирам до граѓаните: бидете спокојни, ве молам. Немојте да потпаѓате под хистеријата и лагите коишто ги испраќаат од опозицијата. Државата има инструменти, го следи процесот. Нема да остане ниту еден — ако дојде до најлошото сценарио, банката да отиде под стечај — којшто нема да биде обештетен до последниот цент. Секој доверител, дали е тоа штедач или компанија, ќе биде обештетен до последниот цент.

Но она што ние сега го правиме, бидејќи сме државотворна Влада, а не сме опозиција којашто е оптоварена со внатрешни поделби и внатрешни неусогласувања и обвинувања кој колку бил криминален, па сега ова го гледаат како можност да се факторизираат и да создадат улична демократија наместо ова што сме денес — пример за регионот. Гледате секаде што се случува, кај нас сме пример за регионот и затоа доаѓаат овие економски резултати и затоа кога разговарам и молам за инвестиции сега во Германија, тие доаѓаат затоа што велат: овие се фактор на стабилност. И затоа три фабрики коишто ќе се градат ќе ги објавиме во декември. И тоа е лоша вест за нашата опозиција. Но добрата вест за граѓаните, дури и во најлошото сценарио — еве ги гледам в очи преку камерите и ви кажувам — е дека секој граѓанин, секој доверител, до последниот цент ќе биде обештетен. Ве молам немојте да подлегнете на оваа хистерија којашто ја прави опозицијата.

И конечно на крај, сакам да кажам дека редно е и Јавното обвинителство да се позанимава согласно Кривичниот законик со ова кривично дело, саботажа, коешто го прави опозицијата којашто свесно го урива Уставот и државниот поредок ширејќи невистини, немир креирајќи, лаги, и на тој начин ги доведува граѓаните во чувство на несигурност, исплашеност. А ова кривично дело, ќе ги потсетам, се казнува со казна затвор од најмалку три години по оној Кривичен законик којшто тие го сменија во 2023 година.“, рече Мицкоски, соопштуваат од Владата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер