ЖивотДали гробницата на Клеопатра е на дно на морето- научниците се близу до историско откритие Повеќе од две илјади години по смртта на Клеопатра VII и Марко Антониј, нивната изгубена гробница можеби конечно ќе биде пронајдена - и тоа под површината на Средоземното Море.Имено, експедиција на истражувачи, предводена од Кетлин Мартинез од Универзитетот Санто Доминго во Доминиканската Република, откри потонато пристаниште на длабочина од 12 метри, околу три километри од брегот на древна Александрија. Древното пристаниште крие тајни Споменатото место, според археолозите, би можело да биде клучен показател за пронаоѓање на изгубената гробница на Клеопатра и Марко Антониј. Новите откритија сугерираат дека античкото пристаниште некогаш било поврзано со градот Тапосирис Магна, на околу 50 километри од Александрија. Овој антички град е дом на храм посветен на египетскиот бог на смртта - Озирис, што дополнително ги „потхранува“ теориите дека тука би можел да биде погребан последниот владетел на Египет, објавува Дејли Меил. Потонато пристаниште е откриено од истражувачки тим во соработка со познатиот океанограф Боб Балард, познат по пронаоѓањето на остатоците од Титаник. Каде е погребана кралицата Клеопатра? Според египетското Министерство за туризам и антиквитети, кое ја објави спектакуларната вест на социјалните мрежи, на локацијата има столбови, мермерни подови и расфрлани амфори - садови што некогаш се користеле за складирање вино - што укажува дека имало значителна активност во пристаништето. „Само е прашање на време кога ќе ја пронајдеме гробницата на Клеопатра. Никој не го видел ова 2.000 години. Ние сме првите“, рече таа. Клеопатра VII, која владеела со Египет од 51 до 30 година п.н.е., е позната по својата интелигенција, политички вештини, но и по својата заводливост со која успешно влијаела врз најмоќните мажи од тоа време - меѓу нив Јулиј Цезар и Марко Антониј. Нејзината бурна романса со Антониј завршила трагично - двајцата извршиле самоубиство по нивниот пораз од Октавијан, идниот римски император Август. Историските записи укажуваат дека биле погребани заедно, но точната локација на нивната гробница останува мистерија до ден-денес. Археолозите се приближуваат до гробницата Доколку новите откритија во потонато пристаниште навистина укажуваат на поврзаност со Тапосирис Магна, светот би можел да биде на работ на едно од најголемите археолошки откритија на 21 век! Порано оваа година, Кетлин Мартинез, која речиси две децении го бара последното почивалиште на египетската кралица, објави откривање на импресивен тунел длабоко под градот Тапосирис Магна. Тунелот, кој е опишан како „геометриско чудо“, е мапиран на длабочина од 13 метри и е ископан низ неверојатни 1.305 метри чист песочник. Експертите истакнаа дека станува збор за „инженерско чудо“, дури и според денешните стандарди, а особено фасцинантно е што структурата е изградена во античко време. Внатре е пронајден правоаголен блок од варовник и неколку парчиња грнчарија, а потоа Мартинез ја најави следната фаза од истражувањето - вклучувајќи подводни археолошки ископувања во Средоземното Море. Какви фасцинантни откритија нè очекуваат во блиска иднина, останува да видиме.Тагови: Клеопатра гробницата Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
АвтомобилизамАмериканците се воодушевени од малечкиот „Fiat“ што едвај достигнува 40 км/чЕлектричниот „Fiat Topolino“ привлече купувачи во американските туристички места.Малиот електричен модел на „Fiat, Topolino“, предизвика значителен интерес кај купувачите во САД, иако има максимална брзина од само 40 км/ч и е првенствено дизајниран за кратки градски патувања и затворени станбени комплекси. „Fiat“ испорача 300 примероци од моделот „Topolino“ до дилерите во САД, а повеќето од нив се веќе продадени. Ова претставува пилот-лансирање, кое ѝ овозможува на компанијата да процени дали во САД постои доволно голем пазар за електрични возила слични на возилата за голф. Ендрју Вотерхаус, директор на „Fiat“ за Северна Америка, потврди дека повеќето од 300-те испорачани возила веќе нашле купувачи, иако напомена дека продажбата се одвива постепено, бидејќи станува збор за експериментално воведување на пазарот. Интересно е што 60 отсто од купувачите се одлучиле за верзијата „Dolce Vita“ – која нема врати ниту покрив – и е дизајнирана за возење на отворено. Оваа конфигурација е особено погодна за туристички дестинации, одморалишта и затворени станбени комплекси. Достапни се и стандардна верзија со целосни врати, како и варијантата „Open Air“ која има платнен покрив што може да се отвора. Според Вотерхаус, затворената верзија е посоодветна за градските корисници кои сакаат да ги остават своите лични предмети во заклучено возило. Во САД, „Topolino“ спаѓа во категоријата возила со мала брзина (Low-Speed Vehicles – LSV). Тоа значи дека неговата брзина е ограничена на максимум 40 км/ч и е наменет за употреба на локални патишта со одредени ограничувања на брзината. Не може да се користи како конвенционален автомобил на автопатишта. Моделот за 2027 година има максимална брзина од 40 км/ч, батерија со капацитет од 5,4 kWh и електричен мотор со моќност од шест киловати. Наведениот досег изнесува приближно 74 километри, додека полнењето преку стандарден домашен штекер трае од четири до пет часа. Почетната цена изнесува 14.985 долари – нешто помалку од 15.000 долари – без дополнителните трошоци за опции за специјални бои. Понатаму, „Fiat“ нуди бесплатен пакет за надградба за моделите од 2026 година, со цел да се осигура дека тие ги исполнуваат новите барања. Извор: Б92Тагови: Fiat САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски: Се пушти во употреба детската градинка „Лавче“ во ИнџиковоУште еден ден, уште еден завршен проект, уште еден навистина прекрасен проект – детска градинка.„Добар ден и од мене. Уште еден ден, уште еден завршен проект, уште еден навистина прекрасен проект – детска градинка. Кога се пушта во употреба ваков проект, тоа значи дека има повеќе среќа, повеќе радост, повеќе убави моменти, пред сè за најмилите, за дечињата, и нема како човек да ја скрие емоцијата, бидејќи ова се навистина за мене прекрасни моменти. Би сакал да се заблагодарам и на министерот, и на градоначалникот, и на пратениците во македонското Собрание, на советниците, на вработените во Општина Гази Баба, на колегите од Владата, што овие проекти, коишто ги започнавме уште при самото формирање на Владата во јуни 2024, полека, но сигурно добиваат своја смисла, односно еден по еден се завршуваат, се пуштаат во употреба и веќе имаме корисници коишто го ползуваат сето тоа коешто го планиравме, а наша цел беше да го направиме животот поубав, поедноставен и да го подобриме, во суштина, квалитетот. Продолжуваме во оваа насока и во иднина и продолжуваме да испорачуваме проекти. Има уште многу проекти во периодот којшто следи, којшто ќе финишираат, ќе бидат завршени, ќе бидат пуштени во употреба, така да што, еве, ве повикувам вас, медиумите, да го проследиме сето она коешто значи како Македонија се гради, изјави премиерот Христијан Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалНова неизвесност во Јунајтед: Фернандеш го одби договоротКапитенот на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш, ја одби втората понуда на клубот за продолжување на договорот, додека преговорите за неговата иднина на „Олд Трафорд“ се одвиваат во услови на нови промени на тренерската клупа .Капитенот на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш, ја одби втората понуда на клубот за продолжување на договорот, додека преговорите за неговата иднина на „Олд Трафорд“ се одвиваат во услови на нови промени на тренерската клупа и незадоволителни резултати на тимот. Актуелниот договор на Португалецот истекува на крајот од сезоната, сепак, Јунајтед има опција да активира клаузула за продолжување, со што тој би останал во клубот уште 12 месеци – со што договорот практично би се продолжил до 2028 година. Раководството на клубот сака да постигне согласност за нов договор со 32-годишниот капитен пред тој момент. Разговорите со неговите претставници траат веќе неколку месеци, но според извори на „Би-Би-Си Спорт“ (BBC Sport), втората понуда е одбиена. Не е сосема јасно кога точно Фернандеш ги одбил предложените услови, а моменталната нестабилна ситуација во клубот го отежнува предвидувањето кога би можеле да завршат преговорите. Доколку двете страни не успеат да се договорат за нов договор, речиси е сигурно дека Манчестер Јунајтед, пред 1 јануари, ќе ја искористи опцијата за продолжување на постоечкиот договор за уште една година. Со ова би се спречило Фернандеш да влезе во последните шест месеци од својот договор – период во кој тој би имал право да потпише преддоговор со странски клуб за трансфер, откако ќе заврши неговиот престој во Јунајтед. Активирањето на оваа клаузула би ѝ овозможило на управата повеќе време за преговори и за одлучување за иднината на еден од најважните играчи во тимот. Сепак, само по себе, ваквиот потег не би го решил прашањето за долгорочната иднина на португалскиот репрезентативец во клубот. Неизвесноста околу иднината на Фернандес се совпаѓа со уште една промена на клупата на Манчестер Јунајтед. Мајкл Керик доби отказ во четвртокот, по најлошиот старт на клубот во домашна натпреварувачка сезона во последните 40 години. Според „Би-Би-Си Спорт“ (BBC Sport), се очекува него да го наследи Маурисио Покетино, кој моментално е селектор на Соединетите Држави. Аргентинецот треба за првпат да го предводи Јунајтед на 22 ноември, на гостувањето против Ливерпул на „Енфилд“. Од клубот се надеваат дека доаѓањето на Покетино би можело да влијае врз одлуката на Фернандес и да го убеди да ја поврзе својата иднина со „Олд Трафорд“.Тагови: Манчестер Јунајтед Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter