ЖивотОткриена е гробница, што била запечатена 2.600 години- пронајдени се четири тела и над 100 предмети (ФОТО)Во централна Италија е откриена недопрена гробница стара околу 2.600 години.Откритието се смета за едно од најзначајните поврзани со етрурската цивилизација, која цветала во Апенинските Планини пред подемот на Римското Царство,објави Lice Science. Запечатената гробница во Сан Џулијано, на околу 70 километри од Рим, ја открил тим археолози предводени од д-р Давид Зори, професор по историја и археологија на Универзитетот Бејлор и главен истражувач на Проектот за археолошки истражувања Сан Џулијано (SGARP), објави Универзитетот Бејлор. Внатре во недопрената гробница, остатоците од четири лица се пронајдени на резбани камени кревети, опкружени со повеќе од 100 извонредно зачувани погребни предмети, вклучувајќи керамички вазни, железно оружје, бронзени украси и сребрени украси за коса. - Оваа целосно запечатена погребна комора претставува ретко откритие за етрурската археологија. Во внатрешниот, планински регион на централна Италија, каде што работи тимот на SGARP, добро зачувана коморна гробница од ова време никогаш порано не е ископана со користење на современи археолошки техники. „Ова е единствена можност за нашиот проект да ги проучи верувањата и погребните обичаи на оваа фасцинантна предримска култура“, рече Зори. Со текот на годините, тимот документирал повеќе од 600 гробници во некрополата околу етрурскиот град, кој се наоѓа на висорамнината Сан Џулијано во покраината Лацио во централна Италија. До откривањето на недопрената гробница, сите други идентификувани коморни гробници - врежани во карпата во форма на мали куќи со коси покриви - биле ограбувани низ вековите, почнувајќи од римската окупација кон крајот на третиот век п.н.е. Прелиминарната анализа на предметите од гробницата сугерира дека погребаните лица би можеле да бидат машко-женски пар, но понатамошни заклучоци чекаат антрополошки, изотопски и генетски студии за остатоците. - Ископувањето на недопрената етрурска гробница претставува повеќе од археолошко откритие - тоа го отелотворува потенцијалот на интердисциплинарна соработка, меѓународни партнерства и образовни иновации за унапредување на човековото разбирање на споделеното културно наследство - рече д-р Зори. Етрурците биле еден од народите на древна Италија и првите што создале голема цивилизација на Апенинскиот Полуостров, која подоцна значително влијаела врз развојот на Стар Рим. Тие живееле во областите на денешна Тоскана, Умбрија и Лацио, најверојатно од 9-ти до 1-ви век п.н.е., кога биле асимилирани во римската цивилизација.Тагови: гробница предметите Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваНајсекси хокеарката во светот заведе познат спортист Според „Us Weekly“, кој се повикува на добро упатени извори, нивната врска е нова, а наводно и двајцата се многу среќни.Ѕвездата на голфот Брајсон Дешамбо и манекенката Микајла Демајтер – која некои медиуми ја нарекуваат „најсекси хокеарка во светот“ – наводно се во врска. Според „Us Weekly“, кој се повикува на добро упатени извори, нивната врска е нова и наводно и двајцата се многу среќни. Шпекулациите за нивната романса се интензивираа откако Микајла беше забележана на турнир во голф од серијата „LIV Golf“ во Њујорк. Таа имаше пропусница за гости и носеше качкет на „Crushers GC“ – тимот што го предводи ДеШамбо. Сомнежите дополнително се поттикнаа кога поранешната хокејарка објави фотографија пред полица полна со патики и качкети, што ги наведе некои од следбениците да заклучат дека таа се наоѓа во домот на голферот. Набргу потоа, таа објави фотографија од терен за голф покрај море на својата „Инстаграм стори“ (Instagram Story), со што дополнително ги подгреа гласините. Сепак, ДеШамбо (32) и Демаитер (26) сè уште јавно не потврдиле дека се во врска. Според истиот извор, „и двајцата се прилично повлечени кога станува збор за врски“. Микајла Демајтер се здоби со огромна популарност на социјалните мрежи, а медиумите ја нарекоа „најсекси хокеарка во светот“. Таа беше голманка на тимот „Блувотер Хокс“ во канадска јуниорска лига, но беше принудена да ја заврши својата хокеарска кариера на 19-годишна возраст поради повреда. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Кривичнииот суд почна судењето за поранешниот вицепремиер Артан Груби 11:16Денеска почнува судењето на Артан Груби: Можен ли е политички потрес?08:30Пожарите кај Бигла и Пехчево ставени под контрола, во гасењето вклучени над 300 луѓе20:30Од палење гуми во двор избил голем пожар кај делчевско Бигла19:1510 пожари беснеат низ државата, повторно гори кај мариовско Бонче кое било спасено ноќеска15:00
МакедонијаПратеничката Славјанка Петровска учествува на Националниот молитвен појадок на Украина во КиевПратеничката во Собранието на Република Македонија, Славјанка Петровска, учествува на Националниот молитвен појадок на Украина, кој се одржува 23 август 2026 година во Киев.Националниот молитвен појадок претставува значаен духовен и дипломатски настан кој ги обединува политичките, верските, граѓанските и меѓународните лидери околу напорите за мир, единство, правда и иднината на Украина. На настанот присуствуваат високи украински претставници, меѓународни партнери, пратеници, верски лидери, припадници на вооружените сили, семејства на загинатите борци, хуманитарни и добротворни организации, како и младински лидери. Националниот молитвен појадок на Украина се одржува под покровителство на Претседателот на Украина и ja продолжува традиција започната во Соединетите Американски Држави во 1953 година. Годинешното издание на Молитвениот појадок има посебно историско значење, бидејќи се совпаѓа со одбележувањето на 35-годишнината од независноста на Украина. Во рамките на состанокот, пратеничката Славјанка Петровска оствари средба со Игор Жовква, заменик шеф на Кабинетот на Претседателот на Украина. На средбата, Петровска ја потврди силната и недвосмислена поддршка на Република Македонија за Украина и ја реафирмираше посветеноста кон напорите насочени за постигнување праведен и траен мир. Во оваа прилика, на пратеничката Славјанка Петровска и’ беше врачен орденот “Принцеза Олга”, прв степен, што на 4 септември 2023 година и’ го додели Претседателот на Украина, за нејзиниот личен придонес во зајакнувањето на одбранбените способности на Украина. Учество на Петровска на Националниот молитвен појадок на Украина претставува израз на солидарноста и поддршката од Република Македонија кон украинскиот народ и укранските институции, во време кога земјата продолжува да го брани својот суверенитет, независност и територијален интегритет. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПревозниците најавија протест пред Делегацијата на ЕУ во Скопје на 31 августМакедонските превозници на 31 август најавуваат протест поради проблемот со ограничувањето на престојот на професионалните возачи во Шенген-зоната на 90 дена во рамките на 180 дена. Од асоцијацијата „Макам-Транс“ информираат дека одлуката за двочасовен протест следниот понеделник била донесена пред неколку дена. Простестот според најавите ќе биде пред седиштето на делегацијата на ЕУ во земјава, со минимум 20 возила, како и присуство на сошственици на компании, возачи и други врбаотени од сите градови низ државата, велат од асоцијацијата и додаваат дека ваков протест во иститот временски преиод од 12 до 14 часот ќе има и во Србија, Црна Гора и Босна и истите ќе се одржат ден пред состанок во Брисел на кои работна група ќе разговара за ова прашање. Доколку на состанокот не се донесе преодно решение за престој на возачите во шенген зоната, предложено е да се одржи протест на граничните премини на секоја држава поодделно со почеток на 14 септември.... За овој вид на протест потребно е согласност од превозниците на секоја држава, но и добивање на одобрение од надлежните органи, особено што се планира ист протест како и во јануари оваа година, кој може да трае подолго и од 10 дена, се вели во соопштението на макам трнас.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook