Дали е убиена манекенката , која сведочеше за ,,бунга- бунга” аферата на Берлускони?

Под неразјаснети околности почина менекенката Имане Фадил (33) , која уште како малолетна беше редовна гостинка на забавите на поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони.

Нејзината ненадејна смрт се истражува како убиство, соопштија судски извори. Манекенката Имане Фадил почина во болницата во Милано на 1 март , каде отишла поради силни болки во стомакот. Тогаш на своите пријатели и на адвокатот им рекла дека е отруена.

Имане на судењето на Берлускони во 2012 сведочеше против него за плаќање малолетни проститутки на неговите забави.

Поранешниот премиер прво беше осуден , а потоа ослободен во жалбената постапка. Подоцна е осуден за затајување данок и мораше да работи општо корисна работа.

Главниот обвинител на Милано , Франческо Греко изјави дека во медицинската документација на Имане има многу неправилности.

,,Докторите со сигурност не открија никаква тешка болест , што би можела да ја објасни нејзината смрт.” изјави обвинителот.

Италијанските медиуми пишуваат дека манекенката пишувала книга за проживеаните години во раната младост , а судиите добија копија од ракописот.

Репутацијата на некогаш моќниот италијански премиер и медиумски магнат беше многу нарушена по обвинението за ,,бунга-бунга” забавите.

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер