Дали Бензема го прекрши рамазанскиот пост, додека Салах одби шише со вода (ВИДЕО) - Канал 5

Дали Бензема го прекрши рамазанскиот пост, додека Салах одби шише со вода (ВИДЕО)

Мохамед Салах го привлече вниманието со својот потег откако беше заменет во дербито во Премиершип, во кое неговиот тим Ливерпул беше поразен со 4-1 од Манчестер Сити.

Дали Бензема го прекрши рамазанскиот пост, додека Салах одби шише со вода (ВИДЕО)

Откако седна на клупата, еден од персоналот на Ливерпул му понуди шише вода. Меѓутоа, Египјанецот ја одбил водата бидејќи како верник од исламска вероисповед пости за време на Рамазан. Го зел шишето, но веднаш го ставил на подот додека покрај него пиеле Енди Робертсон и Диого Џота.

За време на месецот Рамазан, кој оваа година трае од 22 март до 21 април, на постот на муслиманите им е забрането да јадат и пијат од утро до зајдисонце. Бидејќи овој натпревар се играше во раните утрински часови во саботата, Салах ја одби водата бидејќи тоа ќе му го прекинеше постот. Салах е многу религиозен и се поклонува на Алах во правец на Мека, главното муслиманско светилиште.

Еден ден подоцна, уште еден познат фудбалер од муслиманска вероисповед предизвика контроверзии со своите постапки откако беше заменет, исто така во раните часови од натпреварот. Карим Бензема за само седум минути од првото полувреме постигна три гола за победа на Реал Мадрид над истоимениот од Ваљадолид (6:0), а беше заменет во 65. минута. Бензема, кој исто така секогаш ја истакнува својата посветеност на исламот, доби шише со вода, иако сè уште беше бел ден.

Иако не ја испил неговата содржина, со неа ја исплакнал устата и ја исплукал. Со тоа започна полемика на социјалните мрежи, дали така го прекинал постот. Некои тврдат дека тоа било затоа што, иако ја исплукал водата, со внесувањето во уста дефинитивно консумирал барем мал дел од неа, додека други тврдат дека не е, затоа што водата ја зел само со намера да ја исплакне устата, не пиејќи ја.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски од Карпош: Започна изградбата на спортската сала во ООУ „Братство“

Изјава за медиуми на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски од посетата на Општина Карпош.

Мицкоски од Карпош: Започна изградбата на спортската сала во ООУ „Братство“

„Добар ден и од мене.

Се наоѓаме повторно денеска на два нови проекти коишто, со вклучен данок на додадена вредност, се отприлика околу 100 милиони денари — два проекти коишто имаат за цел да го олеснат начинот на функционирање на жителите од овие населени места. Од друга страна, кога ќе биде изградена оваа спортска сала, да можат оние коишто таа спортска сала ќе ја користат — а тоа се учениците од ова основно училиште — да можат да другаруваат, да го градат својот спортски дух и на тој начин да растат во, би рекол, подобри личности, бидејќи во спортот секогаш духот е најбитен, натпреварувачкиот дух од една страна, од друга страна како личности.

Јас би сакал да ја изразам својата голема благодарност до градоначалникот на Општина Карпош, до советниците од Советот на Општина Карпош коишто ја поддржуваат работата на градоначалникот, да се заблагодарам и на администрацијата, бидејќи без администрацијата овие проекти не можат да бидат подготвени за да бидат потоа и финансирани. Да се заблагодарам на пратениците коишто доаѓаат од Општина Карпош, на Градот Скопје, на советниците од Градот Скопје, на колегите од Владата, се разбира, Министерството за образование и наука, министерката и сите останати коишто се вклучени во реализација на овој проект. Сепак, повеќе од 1.200 градилишта на целата територија на државава е бројка којашто е за почит и бројка којашто бара една озбилна организација од сите институции. Ценам дека наскоро од денеска и двата проекти ќе бидат готови, и улицата и оваа спортска сала, и ќе можеме да бидеме сите ние заедно присутни тука да ги отвориме овие два проекти — најпрвин улицата, потоа и спортската сала. Така што, уште еднаш, еве, нека е аирлија и нека ни се множат вакви проекти.“

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сите чекаа редизајн, а „Renault“ подготви нешто многу поважно

Новиот „Renault Scenic E-Tech“ нуди 642 км автономија и побрзо полнење.

Сите чекаа редизајн, а „Renault“ подготви нешто многу поважно

„Renault“ претстави подобрувања за „Scenic E-Tech“, три години по премиерата на овој електричен кросовер.

Моделот сега добива нова „LFP“ батерија, побрзо полнење, понапредни безбедносни системи и интеграција на технологијата „Google Gemini AI“.

Надворешните промени се скромни. „Scenic“ добива нови црни детали на браниците, 19 и 20-инчни тркала и две нови бои – „Satin Blue Slate“ и „Exo Galaxy Grey“.

Поголеми промени во дизајнот, вклучувајќи можна нова решетка инспирирана од моделот „Megane“, се очекуваат подоцна.

Во кабината, најголемата новина е интеграцијата на „Google Gemini AI“ во мултимедијалниот систем „openR link“, како замена за „Google Assistant“.

„Renault“, исто така, обезбедува 2 GB мобилни податоци месечно во текот на три години со автомобилот.

Безбедносната опрема е исто така подобрена.

Нова камера го следи заморот на возачот и овозможува негово препознавање, додека системите за помош при возењето носат попрецизно следење на околниот сообраќај, подобро одржување на лентата, автоматско сопирање во случај возачот да не реагира и понапредна предикативна функција за еко-возење.

Подолг дострел и побрзо полнење

Најважните промени се скриени под каросеријата. „Scenic E-Tech Comfort Range“ сега користи „LFP“ батерија од 67 kWh, што овозможува до 467 km според „WLTP“ стандардот.

Тоа е 37 km повеќе од претходно.

Поддржано е брзо полнење со моќност до 165 kW, така што батеријата може да се наполни од 15 до 80 проценти за само 24 минути.

Поголемата „NMC“ батерија од 89 kWh, достапна во верзијата со долг дострел, сега овозможува до 642 km дострел, или 17 km повеќе од претходно.

Полнењето од 15 до 80 проценти трае 28 минути со полнач со моќност до 150 kW.

И двете верзии користат преден електричен мотор со моќност од околу 220 КС.

„Renault Scenic E-Tech“ продолжува да се произведува во фабриката „ElectriCity“ во Франција, додека електричните мотори се испорачуваат и од француска фабрика лоцирана во Нормандија.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кадиров: Руската армија е способна да ја освои Полска

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров повторно даде остри телевизиски изјави, во кои тврди дека руската армија е способна да ја освои Полска и да го продолжи напредувањето кон Германија и Франција, пренесува телеграм-каналот Niyso.

Кадиров: Руската армија е способна да ја освои Полска

Опозицискиот медиум на неговите зборови одговори со иронија, објавувајќи податоци според кои реалноста на фронтот во Украина е сосема поинаква. Наводно, блиски лица на руските војници масовно се молат за дожд, со надеж дека ќе се намали активноста на дроновите и дека ќе можат да ги извлечат ранетите. Додека Кадиров ваквите закани ги повторува веќе петта година, заменик-претседателот на советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, упати директни закани за напади врз германски одбранбени фабрики поради нивната поддршка за Украина. Медведев ги отфрли обвинувањата на Берлин за руски напад со дрон врз аеродромот во Лајпциг, нарекувајќи ги тврдењата измислена саботажа. Во меѓувреме, експерти предупредуваат дека тензиите во Европа се зголемуваат и дека русија би можела да го нападне стратешки важниот, но слабо заштитен норвешки архипелаг Свалбард.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер