СДСМ: Мицкоски панично ја брани Алта банка – Савески веднаш да постапи по кривичната пријава против Славески!
2СДСМ: Мицкоски панично ја брани Алта банка – Савески веднаш да постапи по кривичната пријава против Славески!
3ВМРО-ДПМНЕ: Документите ги демантираат манипулациите на Филипче и СДС, Алта банка немала забрана во ЕУ
СветДаде отказ моќен американски директор со годишна плата од 26 милиони долариИзвршниот директор на „ЈунајтедХелт Груп“, Ендру Вити, денес поднесе оставка од својата позиција од „лични причини“, соопшти компанијата.Тој ќе биде заменет од Стивен Хемсли, претседател на Управниот одбор и поранешен извршен директор кој ја водеше компанијата од 2006 до 2017 година. Вити, кој го водеше гигантот во здравствената индустрија четири години, по отказот ќе остане во ограничена улога како виш советник на Хемсли. „Му сме благодарни на Ендру за неговото лидерство во UnitedHealth Group, особено во некои од најпредизвикувачките времиња што една компанија некогаш ги доживеала“, рече Хемсли во соопштението, додавајќи дека компанијата „многу го цени неговото лидерство и сочувство како извршен директор и член на одборот и му посакуваме нему и на неговото семејство се најдобро“. Вити ја водеше компанијата по атентатот врз извршниот директор на „ЈунајтедХелткер“, Брајан Томпсон, минатата година. „ЈунајтедХелткер“ е една од главните деловни единици на матичната компанија што ја водеше Вити. Убиството на Томпсон пред хотел во Њујорк предизвика широко распространето јавно негодување против индустријата за здравствено осигурување. Во колумна за „Њујорк тајмс“, Вити призна дека американскиот здравствен систем „не е совршен“ и дека одлуките за осигурување „не се јасно разбрани“. Тој, исто така, го бранеше „ЈунајтедХелткер“, но призна дека компанијата сноси и одредена одговорност за недостатокот на разбирање на одлуките за здравствена заштита. Во истата изјава во вторникот, „ЈунајтедХелт Груп“ (UNH) ги суспендираше своите финансиски прогнози за оваа година, бидејќи трошоците за програмата „Медикер Адванџмент“ „останаа повисоки од очекуваното“. Компанијата очекува враќање на растот во 2026 година. Минатиот месец, разговарајќи со аналитичарите по објавувањето на својот последен квартален извештај, Вити рече дека „целокупниот резултат, искрено кажано, беше необичен и неприфатлив“. Тој ден, акциите на компанијата паднаа за повеќе од 20%, што е најголемиот еднодневен пад во речиси три децении, објави CNN.Тагови: отказ директор Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЉупчо Пренџов избран за заменик на генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕПратеникот Љупчо Пренџов е избран за заменик на генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки. Одлуката ја донел партискиот Извршен комитет на седницата одржана на 12 ноември, објави Пренџов на Фејсбук.Тој му се заблагодари на лидерот Христијан Мицкоски за довербата и на членовите на Извршниот комитет за поддршката, оценувајќи го изборот како ново поглавје во својот политички ангажман. „Довербата е обврска. Одговорноста е да се оправда со работа и резултати“, напиша Пренџов. Пренџов претходно беше организациски секретар на Граѓанската опција за Македонија (ГРОМ), а во март 2017 година беше избран за потпретседател на таа партија. Во Собранието влезе во 2020 година како претставник на ГРОМ, од листата на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Драган Ковачки беше избран за генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ на 6 февруари годинава, кога Централниот комитет го избра и новиот состав на Извршниот комитет.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
РакометВо сабота во малата сала на СЦ „Јане Сандански“ ракометно дерби, Вардар- АлкалоидВо сабота нè очекува уште едно големо ракометно дерби – Вардар против Алкалоид. Видеолотарија и навивачите со силна подршка на трибините за црвено-црните.Дерби-натпреварот меѓу Вардар и градскиот ривал Алкалоид, закажан за сабота, 14 ноември, со почеток во 18:30 часот, ќе се одигра во СЦ „Борис Трајковски“, наместо во малата сала на СЦ „Јане Сандански“. ВЛТ е со Вардар! Ги повикуваме сите навивачи во сабота да бидат дел од црвено-црната енергија и со гласна поддршка да му помогнат на тимот во дербито. Вардарци, се гледаме во СЦ „Борис Трајковски“!Тагови: РК Вардар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Мицкоски панично ја брани Алта банка – Савески веднаш да постапи по кривичната пријава против Славески!Колку повеќе прашања за одговорност се отвораат за Алта банка, толку по панично Христијан Мицкоски ја брани. Од што се плаши Мицкоски најмногу? Од вистината. Од тоа што ќе го покажат документите за влезот на Алта банка во Македонија, што ќе се откие потеклото на капиталот, трансакциите и сметките и ќе ги потврдат неговите врски со криминалниот картел на Вучиќ. Мицкоски и Трајко Славески ја донесоа Алта банка во Македонија, ја внесоа пералницата на пари на Вучиќ. Славески јавно призна дека одлуката ја донел по консултации со Мицкоски. Во Србија има истрага, Алта банка е под стечај, сопственикот е приведен, се истражуваат 380 милиони евра. Дури се споменуваат сомнежи и за печатење пари. Во Македонија граѓаните не можат да дојдат до своите пари а Мицкоски и Славески сакаат да го заташкаат скандалот за да се спасат од одговорност. Обвинителот Ненад Савески треба да го прекине молкот и веднаш да постапи по кривичната пријава што ја поднесе СДСМ. Гувернерот Трајко Славески има директна одговорност. Основани се сомненијата за несовесно работење во службата и злоупотреба на службената положба и овластување при одобрувањето на преземањето на банката и спроведувањето на надзорот. Зошто не биле направени потребните проверки на сопственикот Давор Мацура, потеклото на капиталот за кој има инофрмации дека е од криминал и дрога, зошто не се пресметале ризиците? Савески треба да преземе мерки на претпазливост, вклучително привремена забрана за вршење на должноста на Трајко Славески, за да се спречи влијание врз сведоците, уништување на документацијата и доказите. Обвинителството мора да покаже дека работи независно и по закон. Скандалот со Алта банка нема да се заташка. Правдата доаѓа. Од Мицкоски до Славески – сите ќе одговараат! Скопје, 13.11.2026 година СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook