Познато е што значи пораката на куршумите со кои е ликвидиран директор среде Њујорк (ВИДЕО) - Канал 5

Познато е што значи пораката на куршумите со кои е ликвидиран директор среде Њујорк (ВИДЕО)

Зборовите изгравирани на куршумите употребени за убиство на извршниот директор на UnitedHealthcare, Брајан Томпсон (50), кој вчера беше убиен пред хотелот Хилтон, многу наликуваат на насловот на книгата во која се критикуваат осигурителните компании.

Познато е што значи пораката на куршумите со кои е ликвидиран директор среде Њујорк (ВИДЕО)

Зборовите изгравирани на куршумите употребени за убиство на извршниот директор на UnitedHealthcare, Брајан Томпсон (50), кој вчера беше убиен пред хотелот Хилтон, многу наликуваат на насловот на книгата во која се критикуваат осигурителните компании и тактиките што тие ги користат за негирање на побарувањата.

Директорот на компанијата за здравствено осигурување бил застрелан одзади од маскиран маж кој, се верува, долго време го чекал Томпсон пред луксузен хотел на Менхетен. Од здобиените повреди Томпсон почина во болница, објави Дејли Меил.

Во истрагата, полицијата пронашла чаури, на кои биле испишани зборовите „отфрли“, „брани“ и „собори“. Инспекторите оттогаш се обидуваат да го разберат значењето на пораката што ја оставил убиецот и да се обидат да утврдат мотив за бруталната ликвидација на милионерот.

Интересно е што зборовите многу потсетуваат на насловот на книгата од 2010 година, што објаснува зошто осигурителните компании не му плаќаат на премиерот и што може да се направи за наплата на штети. Книгата се вика - „Одложи, отфрли, брани“.

Инаку, вдовицата на убиениот Томпсон, со која има два сина, на инспекторите им кажала дека нејзиниот сопруг во деновите пред убиството добивал закани. Таа рече дека не ги знае деталите, но знаела дека некои луѓе му се заканувале на нејзиниот сопруг непосредно пред да замине за Њујорк, каде што требало да одржи предавање на еден настан. Рекла и дека полицајците ѝ кажале дека цел на нападот бил нејзиниот сопруг.

Безбедносните камери го снимиле моментот на убиството. Ве молиме имајте предвид дека видеото е многу вознемирувачко.

На видеото се гледа како напаѓачот испукал неколку куршуми од заседата и дека му се заглавило оружјето, но убиецот успеал да го откачи оружјето и да изврши ликвидација пред да побегне. За ова убиство досега никој не е уапсен.

На местото на злосторството, покрај чаурите, пронајден е и мобилен телефон, но во моментов не е сигурно дека е на убиецот. Понудена е награда од 10.000 долари за каква било информација за напаѓачот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Љупчо Пренџов избран за заменик на генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ

Пратеникот Љупчо Пренџов е избран за заменик на генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки. Одлуката ја донел партискиот Извршен комитет на седницата одржана на 12 ноември, објави Пренџов на Фејсбук.

Љупчо Пренџов избран за заменик на генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ

Тој му се заблагодари на лидерот Христијан Мицкоски за довербата и на членовите на Извршниот комитет за поддршката, оценувајќи го изборот како ново поглавје во својот политички ангажман.

„Довербата е обврска. Одговорноста е да се оправда со работа и резултати“, напиша Пренџов.

Пренџов претходно беше организациски секретар на Граѓанската опција за Македонија (ГРОМ), а во март 2017 година беше избран за потпретседател на таа партија. Во Собранието влезе во 2020 година како претставник на ГРОМ, од листата на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Драган Ковачки беше избран за генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ на 6 февруари годинава, кога Централниот комитет го избра и новиот состав на Извршниот комитет.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во сабота во малата сала на СЦ „Јане Сандански“ ракометно дерби, Вардар- Алкалоид

Во сабота нè очекува уште едно големо ракометно дерби – Вардар против Алкалоид. Видеолотарија и  навивачите со силна подршка на трибините за црвено-црните.

Во сабота во малата сала на СЦ „Јане Сандански“ ракометно дерби, Вардар- Алкалоид

Дерби-натпреварот меѓу Вардар и градскиот ривал Алкалоид, закажан за сабота, 14 ноември, со почеток во 18:30 часот, ќе се одигра во СЦ „Борис Трајковски“, наместо во малата сала на СЦ „Јане Сандански“.

ВЛТ е со Вардар! Ги повикуваме сите навивачи во сабота да бидат дел од црвено-црната енергија и со гласна поддршка да му помогнат на тимот во дербито.

Вардарци, се гледаме во СЦ „Борис Трајковски“!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Мицкоски панично ја брани Алта банка – Савески веднаш да постапи по кривичната пријава против Славески!

Колку повеќе прашања за одговорност се отвораат за Алта банка, толку по панично Христијан Мицкоски ја брани. 

СДСМ: Мицкоски панично ја брани Алта банка – Савески веднаш да постапи по кривичната пријава против Славески!

Од што се плаши Мицкоски најмногу? Од вистината.

Од тоа што ќе го покажат документите за влезот на Алта банка во Македонија, што ќе се откие потеклото на капиталот, трансакциите и сметките и ќе ги потврдат неговите врски со криминалниот картел на Вучиќ.

Мицкоски и Трајко Славески ја донесоа Алта банка во Македонија, ја внесоа пералницата на пари на Вучиќ.

Славески јавно призна дека одлуката ја донел по консултации со Мицкоски.

Во Србија има истрага, Алта банка е под стечај, сопственикот е приведен, се истражуваат 380 милиони евра. Дури се споменуваат сомнежи и за печатење пари.

Во Македонија граѓаните не можат да дојдат до своите пари а Мицкоски и Славески сакаат да го заташкаат скандалот за да се спасат од одговорност.

Обвинителот Ненад Савески треба да го прекине молкот и веднаш да постапи по кривичната пријава што ја поднесе СДСМ.

Гувернерот Трајко Славески има директна одговорност.

Основани се сомненијата за несовесно работење во службата и злоупотреба на службената положба и овластување при одобрувањето на преземањето на банката и спроведувањето на надзорот.

Зошто не биле направени потребните проверки на сопственикот Давор Мацура, потеклото на капиталот за кој има инофрмации дека е од криминал и дрога, зошто не се пресметале ризиците?

Савески треба да преземе мерки на претпазливост, вклучително привремена забрана за вршење на должноста на Трајко Славески, за да се спречи влијание врз сведоците, уништување на документацијата и доказите.

Обвинителството мора да покаже дека работи независно и по закон.

Скандалот со Алта банка нема да се заташка. Правдата доаѓа.

Од Мицкоски до Славески – сите ќе одговараат!

Скопје, 13.11.2026 година

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер