Дачија наместо скапата опрема за забава, вгради мобилен и ги спушти цените (ВИДЕО) - Канал 5

Дачија наместо скапата опрема за забава, вгради мобилен и ги спушти цените (ВИДЕО)

И додека до неодамна коњските сили и перформансите беа единствено важни, денес сè повеќе е важно колку е голема дијагоналата на инфо-забавниот екран.

Дачија наместо скапата опрема за забава, вгради мобилен и ги спушти цените (ВИДЕО)

Единствено што е важно е кој има поголем екран, а потоа приказната се шири до резолуцијата и брзината на одговор. Времињата се менуваат, па наместо Škoda позната по своите практични решенија, Дачија излегува на површина со навистина интересна иновација.

Едноставно ја исфрлиле инфо-забавата од автомобилот. Тие сметаат дека сопственикот има паметен телефон. И во тој случај, сè што треба да стори е да инсталира соодветна апликација и да го смести телефонот на одреденото место во кабината, токму таму каде што другите го ставаат мултимедијалниот екран.

Дачија го нарекува „Контрола на медиумите“ и овозможува поврзување со автомобилот преку Bluetooth и користење на сите вообичаени функции, од патнички компјутер до избор на музика. Контролите на воланот исто така е поврзана.

YouTube video

Инфо-забавниот систем наречен Media Control го става паметниот телефон на возачот во центарот, што го претвора паметниот систем во комплетен инфо-забавен центар. Вклучувањето на Media Control започнува со преземање на апликацијата што е прилагодлива и овозможува да се креираат кратенки до омилените карактеристики на системот за инфо-забава. Возачите го поврзуваат својот паметен телефон со автомобилот преку Bluetooth и го ставаат во универзален слот во средината на контролната табла на автомобилот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Руски дрон погоди мост на реката Днепар во Запорожје

Пет лица се повредени, а сообраќајот беше привремено запрен по рускиот напад врз мост на реката Днепар во Запорожје.

Руски дрон погоди мост на реката Днепар во Запорожје

Оваа информација на „Телеграм“ ја соопшти Михајло Семикин, вршител на должноста началник на Регионалната воена управа на Запорожје.

Според најновите информации, во нападот се повредени две жени на возраст од 24 и 59 години и тројца мажи на возраст од 36, 43 и 54 години. Двајца од мажите – на возраст од 43 и 54 години – се вработени во Црвениот крст кои биле нападнати додека оделе на работа.

Првичните извештаи укажуваат дека тие биле хоспитализирани со полесни повреди. Сите повредени добиваат медицинска помош.

Семикин потврди дека сообраќајот на мостот е ограничен. „Непријателот нападна еден од мостовите преку реката Днепар во Запорожје.

Поради нападот, сообраќајот на мостот е привремено ограничен“, се наведува во соопштението. Жителите на Запорожје се повикани да ги прилагодат своите планови за патување со оглед на сообраќајните ограничувања и да ги следат официјалните соопштенија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нов случај „Лотарија“: Две вработени уапсени за проневера од 1,3 милиони евра

Две вработени во Државна лотарија вчера се приведени под сомнение за проневера на околу 80 милиони денари или околу 1,3 милиони евра.

Нов случај „Лотарија“: Две вработени уапсени за проневера од 1,3 милиони евра

Двете вработени неофицијално биле во секторот финансии, а сомнежите се однесуваат на начинот на кој биле евидентирани и движени парите од уплатните места за игри на среќа.

Парите од уплатните места требало да бидат евидентирани и уплатени како дневен промет, но сомнежот е дека дел од средствата фактички ги немало, иако сметководствено состојбите биле затворани.

Се истражува дали со фиктивна документација биле прикажувани исплати и добивки, како и дали пари биле префрлани од една на друга сметка за финансиски да се затвораат обврските.

Дејствијата што се истражуваат започнале од 1 јануари 2024 година. Повеќе информации од обвинителството се очекуваат во текот на денот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски ќе се обрати на презентацијата на новиот извештај на Светска банка „Македонија: Излез од стапицата на среден доход“

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува и ќе има обраќање на презентацијата на новиот извештај на Светска банка „Македонија: Излез од стапицата на среден доход“.

Мицкоски ќе се обрати на презентацијата на новиот извештај на Светска банка „Македонија: Излез од стапицата на среден доход“

Овој документ на Светска банка се однесува на економските предизвици и можностите за забрзување на економскиот раст, спроведувањето на потребните реформи, со акцент на подобрување на управувањето и конкурентноста, поттикнување на инвестициите, технологијата и иновациите, како и развој на вештините и подобро искористување на работната сила.извештајот вчера беше презентиран пред пратениците во собранието.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер