Дачиа Сандеро го смени Голф од врвот на најпродавани автомобили во Европа - Канал 5

Дачиа Сандеро го смени Голф од врвот на најпродавани автомобили во Европа

Dacia Sandero е најпродаван автомобил во Европа во јули 2021 година, надминувајќи го VW Golf.

Дачиа Сандеро го смени Голф од врвот на најпродавани автомобили во Европа

Прифатливиот романски градски автомобил најде 20,446 купувачи во јули и се покажува доста популарен меѓу Европјаните. Во исто време, ова е првпат Сандеро да го заземе првото место во однос на продажните бројки.

Генерално, европскиот пазар според ЈАТО е всушност во опаѓање: минатиот месец пазарот опаднал за 24 проценти со 967.830 продадени автомобили, по четири месеци постојан раст. За споредба, 1,27 милиони нови автомобили биле продадени во Европа во јули 2020 година, а 1,32 милиони во јули 2019 година пред пандемијата.

Повеќето производители и пазари забележале голем пад на регистрациите на нови автомобили, не само поради пандемијата, туку и поради недостатокот на делови што влијаат врз производствените бројки. Сепак, продажбата во 2021 година за првите седум месеци од оваа година е за 24 проценти повисока во споредба со истиот период во 2020 година. Да потсетиме, третата генерација Sandero е официјално претставена минатата година заедно со кросовер моделот Sandero Stepway.

За разлика од неговите претходници кои возеа на постарите платформи на моделот Рено, новиот модел се базира на најновата платформа CMF-B на Рено групацијата. Сепак, иако е целосно модерен, Sandero останува еден од најприфатливите модели во Б-сегментот.

Иако изгледа добро и нуди соодветен простор за својот сегмент, имајќи предвид дека му недостасува најсовремена радарска опрема за безбедност и слаба заштита на пешаците, Сандеро освои само две sвезди на тестот EuroNCAP.

И покрај губењето на првото место, Фолксваген е брендот со најмногу автомобили во топ 10 благодарение на Голф (19.425 единици) на второто место, Поло (17.343 единици) на четвртото, Т-Рок (16.494 единици) на петтото место и Т- Крос (14.170 единици) на седмо место. Тој останува најпродаван бренд во Европа и покрај падот од 19 проценти.

На листата на бестселери во јули се и Toyota Yaris (18.858 единици), која го освои третото место, Hyundai Tucson (14.883 единици) на шестото место, Dacia Duster (13.329 единици) на осмото место, Ford Puma (13.283 единици) на деветтото место, и Peugeot 2008 (13.134 единици) на 10 -то место. Како што можеме да видиме, шест од 10-те најпродавани автомобили се џипови, три модели од Б-сегментот и само еден хечбек од Ц-сегментот.

Фолксваген затоа е на врвот на ранг-листата за продажба на електрични возила, а ID.3 (5.433 единици) останува најпродаван, пред Рено Зое (3.976), Киа Ниро ЕВ (3.953 единици) и други. Првиот хибрид е Ford Kuga (4.247), следен од Peugeot 3008 (3.039 единици) и Volvo XC40 (2.931).

Комбинираната продажба на моделите BEV и PHEV во јули изнесувала 160.646 единици, што претставуваше 17 проценти од вкупната продажба на автомобили. Иако ова е импресивно, Automotive News Europe известува дека не било доволно да се надмине уделот од 22 проценти на дизел автомобилите, а бензинските возила остануваат најпопуларна опција со удел од 59 проценти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност

И утре ќе се задржи сончево и топло време со мала до умерена локална облачност, информираат од УХМР.

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност

МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА

20 Попова Шапка, 26 Крушево, 30 Маврови Анови, Претор, Берово, 32 Крива Паланка, Прилеп, Охрид, 33 Битола, 34 Виница, Тетово, Штип, 35 Велес, 36 Зајчев Рид, Струмица, Кавадарци, 37 Демир Капија, 38 Гевгелија.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ

Времето денес беше сончево со мала до умерена локална облачност. Дуваше слаб до умерен ветер од северен правец. До крајот на денот ќе има мала до умерена облачност. Наместа ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

ВРЕМЕТО УТРЕ

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне во планинските региони ќе има зголемена облачност и услови за краткотраен дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени.

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 37 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Од четврток следува период на претежно стабилно и многу топло време. Во сабота наместа ќе има нестабилност проследена со засилен ветер, пороен дожд и грмежи. Во деновите од викендот дневната температура наместа се очекува да надмине 40 степени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Салма Хајек стана баба и го откри името на внукот (ВИДЕО)

Салма Хајек (59) стана баба. Нејзиниот посинок Франсоа Пино помладиот и неговата сопруга Лара Козима Хенкел фон Донерсмарк го добија своето прво дете, син кого го крстија Франсоа.

Салма Хајек стана баба и го откри името на внукот (ВИДЕО)

Хајек е во брак со Франсоа-Анри Пино (64), со кого има 18-годишна ќерка, Валентина, и е маќеа на неговите деца од претходни врски - Франсоа (38), Матилда (25) и Огистен (19).

Откри како ќе се вика внукот

Во неделата, актерката сподели видео на Инстаграм во кое го држи внукот во раце и му зборува на шпански. Таа откри дека момчето се вика Франсоа, со што ја продолжува семејната традиција, но и дека веќе му го дала својот прекар - Панчито.

„Благословени сме што ја пречекуваме четвртата генерација во семејството што ќе го носи името Франсоа. Сепак, ќе го викам Панчито. Се чини дека му се допаѓа и не би можела да го сакам повеќе од мене“, напиша Хајек.

Објавени се и првите семејни фотографии.

Мајката на момчето, Лара, објави неколку фотографии од својот син минатата недела, а Салма Хаек со нејзиниот внук е на една од нив.

„Мојот сопруг (најкул Франсоа на светот) и нашиот син (најслаткиот Франсоа на светот)... нашиот прв месец како родители“, напиша Лара покрај фотографиите.

„Секогаш сакав да имам многу деца“

Хаек стана маќеа откако се омажи за Франсоа-Анри Пино во 2009 година. Нивната ќерка Валентина се роди две години претходно, во 2007 година. Со текот на годините, актерката често зборуваше за тоа колку ѝ значи големо семејство.

„Отсекогаш сакав да имам многу деца, но не можев. Чудо е што успеав да родам едно дете. Голем благослов е што мојот сопруг има уште три деца. Значи, јас имам четири и сите се сосема различни“, изјави таа за списанието „Ред“ во 2017 година.

Сега малиот Франсоа, или Панчито, како што Хајек одлучи да го нарече, се придружи на нивното големо семејство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лукашенко доби пушка на подарок: „Не за војна... За безбедност во мир!“

На белорускиот претседател Александар Лукашенко му беше врачена првата целосно белоруска автоматска пушка, „VSK-100B“, за време на неговата посета на претпријатието „Кидма Тек“, дознава Белта.

Лукашенко доби пушка на подарок: „Не за војна... За безбедност во мир!“

Лукашенко посети компанија која развива високотехнолошки производи за воени и цивилни цели, а во таа пригода му беше врачена автоматска пушка „VSK-100B“.

Подарокот беше придружен со плоча со натпис: „Не за војна... За безбедност во мир!“, објави Спутник.

За време на посетата, Лукашенко ја нагласи потребата од развој на борбено оружје со целосна локализација на производството.

Според каналот Телеграм „Пул првого“, белоруското оружје веќе е воведено во арсеналот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер