ЦУК воведува апликација за итни случаи, ќе може да испраќа локација, фотографии и видеа - Канал 5

ЦУК воведува апликација за итни случаи, ќе може да испраќа локација, фотографии и видеа

Кога спасот „лежи“ во една информација, а секундите се пресудни, па прашањата – каде се наоѓате, кон изгубен планинар, „на кој пат доживеавте несреќа“ или повторување на зборот „ало“ од службите .

ЦУК воведува апликација за итни случаи, ќе може да испраќа локација, фотографии и видеа

Кога спасот „лежи“ во една информација, а секундите се пресудни, па прашањата – каде се наоѓате, кон изгубен планинар, „на кој пат доживеавте несреќа“ или повторување на зборот „ало“ од службите додека пријавувате семејно насилство се одвишок и наскоро можат да станат минато. ЦУК најави дека 112 ќе биде надграден со апликацијата „Where are U“ - систем, кој треба да направи разлика меѓу навремената интервенција и трагичниот исход.

Таа ќе овозможува прецизно испраќање на локацијата, како и видео и фотографии до службите од местото на настанот или несреќата, воедно и ќе овозможи видео повик со Оперативниот центар. На оние кои се под закана од семејно или било какво друго насилство, ќе им даде можност тивко и безбедно да побараат помош.

-Наскоро, нашите граѓани ќе ја имаат на располагање апликацијата „Where are U“, која ќе им овозможи да го споделуваат точното место, фотографии и видеа од местото на настанот, како и директна комуникација со оперативниот центар во случаи на итност. Воедно ќе биде достапна и функцијата „Silent Call“, која ќе овозможи на жртвите на семејно насилство и на лицата во опасност да побараат помош на тивок начин,- -Мухамед Али – Директор на Центар за управување со кризи.

Оваа апликација постои во повеќе земји со повеќе имиња, односно над 25 земји членки веќе имаат активирани системи за автоматско и прецизно испраќање на локацијата, на кој се базира и конкретната апликација „Where are U“, која е италијански модел, кој тежи шест мегабајти, и кој веќе има над еден милион преземања и широко е распространета во Европа.

-Со активирање на „локацијата“ на вашиот телефон мобилен телефон, а потоа со кликнување на апликацијата, за неколку секунди ќе се појави вашата позиција таму каде што се наоѓате. Во овој момент, ако ви треба помош, притискате 112 да ни пријавите итен случај. На мониторот на нашиот оператор ќе се појави каде е повикувачот пронајден и ќе знаеме точно каде истиот се наоѓа,- - Фабио – Вработен во 112 – Италија.

Годишно, според податоците на Европската комисија, најмалку 300.000 луѓе не можат да ја наведат точната локација кога повикуваат 112, а дури 82% од повиците на овој број за итни случаи се направени од паметни телефони, што е клучно за брза интервенција и пресудно за спасување на живот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уапсен е насилник од Скопје, баран по потерница

Лишено од слобода лице барано со потерница за сторени кривични дела изнуда и насилство .

Уапсен е насилник од Скопје, баран по потерница

Денеска (27.09.2026) во 9:30 часот полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка во координација со Единицата за интервента полиција при СВР Скопје во дворот на негововиот дом го лишија од слобода Ц.А.(26) баран по централна потерница од 06.08.2026 од Основен Суд Скопје-1 по член 258 ст.1 вв член 22 изречена мерка притвор и централен распис од 17.04.2026 од СВР Скопје за сторено кривично дело по член 386 ст.6.

Од страна на Единицата за интервента полиција при СВР Скопје Ц.А. е предаден во Полициска станица Гази Баба за понатамошна постака, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тело на мртов човек е пронајдено покрај оградата на здравствената установа во Бардовци

Вчера попладне било пронајдено тело на мртов човек во близина на здравствена установа во Бардовци.

Тело на мртов човек е пронајдено покрај оградата на  здравствената установа во Бардовци

„На 26.09.2026 во 16:00 часот во Полициската станица Карпош е пријавено дека во канал во близина на ограда од јавна здравствена установа во Бардовци бил пронајден човечки леш. Увид извршила екипа на СВР Скопје, а лешот е подигнат и даден на обдукција.“, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Никола Јокиќ добива најголем договор во историјата на НБА?

Никола Јокиќ би можел да го потпише најголемиот договор во историјата на НБА следното лето.

Никола Јокиќ добива најголем договор во историјата на НБА?

Имено, доколку остане со Денвер Нагетс, според сегашните проекции, српскиот центар би можел да добие околу 360 милиони долари во текот на пет години. Сепак, Кевин О'Конор го предупредува тимот на Колорадо дека неговиот престој не треба да се зема здраво за готово!

Трократниот МВП на НБА не потпиша продолжување на договорот, а зад тоа стои идејата дека ќе добие историска плата следната сезона. Сето ова е наведено ако остане во Денвер. Јокиќ можеше да потпише минимум четири години оваа година и да добие бројка од 278 милиони долари, но - реши да почека.

- Мојата идеја е да потпишам следното лето и да останам во Денвер до крајот на кариерата - изјави Јокиќ ова лето.

Сепак, засега сè се базира на шпекулации, но треба да очекуваме Никола Јокиќ да остане во Денвер до крајот на својата НБА кариера.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер