ЦУК: Стабилна состојбата со водостоите на реките во Тетовско и Гостиварско

Стабилна состојбата со водостоите на реките во Тетовско и Гостиварско, патните правци проодни.

Стабилна е состојбата со водостоите на реките во Тетовско и Гостиварско, а патните правци се проодни, информираат од Центарот за управување со кризи.

-Регионалниот ЦУК Тетово утрово известува дека состојбата со водостоите на реките во Тетово и во руралните општини се стабилни. Нема зголемување на водостојот и нема опасност засега од излевање. Сите патни правци се проодни, се додава во соопштението

Од ЦУК посочуваат дека нема излевање на реките и сите патни правци се проодни и во општините Гостивар, Маврово - Ростуше и Врапчиште.

Деспотовски најави приговори за изборите за претседател на СДСМ

Кандидатот за претседател на СДСМ Јован Деспотовски по затворањето на избирачките места на вонредните внатрепартиски избори упати благодарност до партиските членови кои гласаа на изборите, но искажа и забелешки за одвивањето на изборите.

-Денеска, дел од членовите на СДСМ гласаа. СДСМ е единствената партија и во земјава, и во регионот, која има широк модел за избор на претседател. Со тоа треба да ја покаже својата големина и демократски капацитет. Но, тој демократски капацитет денес, но и во деновите што следат треба да биде докажан и потврден. Од срце им благодарам на сите членови на партијата кои излегоа да гласаат, како и на сите оние кои излегоа, дојдоа на избирачките места но од различни причини не им беше овозможено да гласаат. Искрено им благодарам на сите оние кои во изминатите неколку недели беа со нас и дадоа своја енергија во градење на еден нов СДСМ, наведува во пишаната изјава Деспостовски.

Тој пред да даде оценка за изборите, побара од Централната изборна комисија на партијата да даде одговор на прашањето зошто над десет илјади членовите кои се регистрирале не излегле да гласаат и зошто на членови кои биле уредно регистрирани, не им било овозможено да гласаат на гласачите места. Деспотовски воедно најави дека неговиот тим утре ќе поднесе приговори за констатираните забелешки.

-На овие две клучни прашања, но и на останатите забелешки кои дојдоа од мрежата контролори низ цела држава, нашиот тим веќе утре ќе поднесе приговори. СДСМ мора многу сериозно да се позанимава и да одговори на овие прашања пред воопшто да се дефинира став во врска со овие избори. Ова, без разлика на исходот од денешното гласање и резултатите кои ги очекуваме во следните два часа, наведува Деспотовски.

Јувентус и официјално се засили со Даглас Луиз

Јувентус и официјално го објави потписот на играчот од средниот ред на Астон Вила, Даглас Луиз.

Сумата на трансферот е 50 милиони евра, а „бјанконерите“ ќе ја платат на четири рати. Одделно се ставени бонуси во износ од 1,5 милиони евра.

Во правец на Бирмингем одат Самуел Ајлинг-Џуниор и Енцо Баренечеа. Според Фабрицио Романо, овие зделки се во вкупна вредност од 22 милиони и се одвоени од трансферот на Луиз.

Дваесет и шест-годишниот Бразилец минатата сезона постигна девет гола на 35 натпревари во Премиер лигата и беше важен за Астон Вила во пласманот во квалификациите за Лигата на шампионите.

Договорот на Луиз со Јувентус е на пет години. Во моментов со репрезентацијата на Бразил учествува на Копа Америка. /МИА

Крајнодесничарската партија на Ле Пен победи во првиот круг од изборите во Франција

Коалицијата на Макрон трета.

Според излезните анкети, во првиот круг од предвремените парламентарни избори во Франција, екстремно десничарскиот национален митинг на Ле Пен освои 34,2 отсто од гласовите, екстремно левиот нов народен фронт 29,1, а сојузот на претседателот Макрон е трет со 21,5 отсто.

Французите избираат 577 пратеници, по еден во сите 577 изборни единици, според мнозински модел.

Во денешниот прв круг мандати ќе освојат само тие кандидати што ќе имаат над 50 отсто од гласовите на избирачите кои излегле на гласачкото место, доколку излезноста на тоа избирачко место било најмалку 25 отсто.

Во вториот круг од гласањето, кој е закажан за 7 јули, влегуваат двајцата кандидати со најголем број освоени гласови во првиот круг.

притисни ентер