ЦУК: Седум пожари на отворено, се уште не е пронајдено исчезнатото лице од село Степанци - Канал 5

ЦУК: Седум пожари на отворено, се уште не е пронајдено исчезнатото лице од село Степанци

Седум пожари на отворено имало во последното деноноќие, а пожарникарите гаснеле, паралелно и други пожари во населени места и сите биле изгаснати. 

ЦУК: Седум пожари на отворено, се уште не е пронајдено исчезнатото лице од село Степанци

Исчезнатото повозрасно лице од село Степанци во Општина Штип не е пронајдено, иако вчера во потрагата се вклучија околу 70 до 80 лица, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Во изминатите 24 часа, како што велат имало вкупно 1.938 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК од коишто „реални“ биле 58,2, а 41,8 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 67,95 отсто од повиците, кон Итната медицинска помош 23,59, кон пожарникарите 5,64, а кон АМСМ 0,51 отсто од реалните повици кон 112 во ЦУК. Имало 819 повици за итни случаи на 112 за во ЦУК, што се вкупен збир од тие што биле за комбинирано решавање од „реалните“ повици и на тие што се именувани како „неитни повици“. Сите тие биле предмет на примање, на обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање со институции и служби во Системот за управување со кризи (СУК).

Како што посочуваат, исчезнато повозрасно лице од село Степанци во Општина Штип не е пронајдено, иако вчера во потрагата се вклучија околу 70 до 80 лица, а во некои подалечни реони околу другите соседни села имаше и други коишто пребаруваа во поединечни групи.

-Лицето последен пат било видено пред една недела, во саботата на 05.04.2025 година. Беше пријавено за исчезнато на 07.04.2025 година во 16.20 часот преку Единствениот повикувачки број за итни случаи 112. Во последните неколку денови на потрагата се приклучија и доброволци и членови од повеќе здруженија. Инаку, во почетокот беа известени МВР Штип и Локална самоуправа Штип, а потоа секако и други институции и служби, здруженија и граѓани коишто можат да помогнат, информираше Регионалниот ЦУК Штип до Секторот за операции и координација во ЦУК, прецизираат од ЦУК.

Во текот на вчерашниот ден на зборното место кај продавницата во село Лакавица, додаваат, големиот број доброволци и лица од институциите, службите и здруженијата се поделија во групи и по правци на пребарување беше поголем реон. Истовремено, со неколку дронови (3-4, и службени и приватни) систематски беа пребарувани местата каде што беа тешко достапни, подлабоки долови, а и течението и вировите на надојдената рекичка Лакавица. Беа вклучени од страна на МВР 10 полицајци, потоа 10-на извидници – членови на Извиднички одред „ЕКВИНОКС – Штип“, ловци - членови на ЛЗ „Ловец“ од Штип, доброволци - вработени од РЦУК Штип, лица од локално население од блиските села околу Степанци, роднини на исчезнатото лице. Одредени групи од подалечните села самостојно вршеа претрага во нивните реони. И ловочуварите од ловиштето „Лакавица – Патрик“, директно на нивна територија вршеа пребарување и индиректно – преку редовно прегледување на снимките од видеокамерите на терен.

-Роднините на исчезнатиот, иако повозрасното лице не е пронајдено, изразија благодарност до сите коишто несебично се вклучија или индиректно помогнаа во потрагата, велат од ЦУК.

Истакнуваат дека во последното деноноќие имало седум пожари на отворено, а пожарникарите гаснеле, паралелно и други пожари во населени места и сите биле изгаснати.

Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Скопје, ја пренесува информацијата од Бригадата за противпожарна заштита (БППЗ), на Град Скопје, дека од 17.25 до 18.30 часот со 3 пожарникари и 1 ПП возило гаснале запалена ниска вегетација во село Марино (Општина Илинден), од 21.00 до 00.05 часот со 4 пожарникари и 2 ПП возила гаснале запалено сено и гранки на ул. Малешевска б.б. изгорена површина од 100 м2 (Општина Кисела Вода), и од 01.40 до 02.30 часот со 2 пожарникари и 1 ПП возило гаснале запалено ѓубре во с. Брњарци (Општина Гази Баба).

РЦУК Штип, ја пренесува информацијата од ТППЕ Кочани дека од 15.00 до 15.45 часот, со 2 пожарникари и 1 ПП возило, интервенирале на запалено ѓубре во дворот на СОУ „Гошо Викентиев“ (Општина Кочани).

ТППЕ Штип, известува дека од 16.00 до 18.00 часот, со 4 пожарникари и 1 ПП возило, интервенирале на запалена сува трева, нискостеблеста шума и грмушки (смрека) кај м.в „Баргала“ (Општина Карбинци).

РЦУК Охрид информацијата дека од ТППЕ Охрид од 18.30 до 21.40 часот, со 15 пожарникари и 3 ПП возила, гаснeле запалена трска на охридското крајбрежје (од Специјалната болница „Св. Еразмо“ до кампот „Андон Дуков“, со ширење кон атарот на с. Подмолје во Општина Охрид).

РЦУК Куманово, информира дека пожарникарите од ТППЕ Куманово од 19.50 до 20.30 часот со 2 пожарникара и 1 ПП возило гаснале запалена ниска вегетација во место викано „Стари Лозја“ (Општина Куманово).

Потпишан меморандум за соработка меѓу АПРЗ и Комора на органски производители

Директорот на државната Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството (АПРЗ) Пеце Стојковски, потпиша Меморандум за соработка со претседателот на Комората на органски производители, Драги Цветковиќ.

Потпишан меморандум за соработка меѓу АПРЗ и Комора на органски производители

Со потпишувањето на документот се создаваат услови за поголема и динамична институционална соработка меѓу Агенцијата и Комората, изјави за МИA, директорот на АПРЗ, Стојковски.

-Меморандумот со Комората на органиски производители е со цел унапредување на органското земјоделство, поддршка на производителите и заедничко делување во креирање на регулативата. Веруваме дека со вакви партнерства повеќе и подобро се придонесува за поодржливо земјоделство, истакна Стојковски.

Од Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството потсетуваат дека до 9 мај отворен e повикот за сите млади лица што се заинтересирани за започнување со земјоделска дејност дека Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој овозможува неповратен грант од 600.000 денари за млади земјоделци на возраст од 18 до 40 години.

-Поддршката е наменета за млади кои за првпат започнуваат со земјоделска активност, млади кои преземаат постоечко или воспоставуваат ново земјоделско стопанство, и се запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства во последните 18 месеци. Предност имаат жени млади земјоделки, членови на задруги, млади со завршено земјоделско ветеринарно образование и баратели со инвестиции во механизација, опрема за преработка и сточарско производство, потврди директорот на АПРЗ, Стојковски.

Коалиција „Вреди“: Започнува изградбата на енергетската интерконекција со Албанија

Со особена гордост, Коалицијата ВЛЕН го објавува отворањето на меѓународниот тендер за изградба на 400 kV интерконективна врска помеѓу Северна Македонија и Албанија, еден од најважните стратешки проекти за енергетската иднина на нашата земја.

Коалиција „Вреди“: Започнува изградбата на енергетската интерконекција со Албанија

Овој голем успех е резултат на јасната визија и непоколебливата посветеност на директорот на МЕПСО , г-дин Бурим Латифи, и новиот менаџмент, кои со висок професионализам и целосна транспарентност го вратија на вистинскиот пат проектот што со години беше запоставен.

Оваа витална интерконекција ќе ја позиционира Северна Македонија како клучен енергетски центар во регионот, ќе ја зајакне безбедноста на снабдувањето и ќе создаде нови можности за развој на капацитети за обновлива енергија.

ВЛЕН ја потврдува својата непоколеблива посветеност на одржливиот развој, институционалната транспарентност и зајакнувањето на стратешката улога на нашата држава во регионот и пошироко.

Заедно ја градиме иднината!

Коалиција „Вреди“

Турција подготвена да прими до 15 пациенти од трагедијата во Кочани за рехабилитација

Турција изразила подготвеност да прими и до 15 пациенти од трагедијата во Кочани за долготрајна рехабилитација, над година дена и тоа да биде бесплатно, информираше денеска министерот за здравство Арбен Таравари.

Турција подготвена да прими до 15 пациенти од трагедијата во Кочани за рехабилитација

Таравари рече дека со премиерот Христијан Мицкоски имале подолг состанок со министерот за здравство на Турција, а една од темите била и трагедијата во Кочани.

- Се заблагодарив за тоа што направија таму за нашите пациенти. Изразуваат подготвеност да третираат уште 10 до 15 пациенти на кои ќе им треба долготрајна рехабилитација, над година дена и тоа да биде бесплатно. Во моментот, можеме четири до шестмина пациенти веднаш да ги испратиме, доколку има потреба. Со тек на време, до максимум петнаесет. Тоа е многу добра вест, рче Таравари, одговарајќи на новинарски прашања.

За време на посетата на Турција, како што посочи, посетил двајца пациенти кои биле контактибилни, а нивните родители биле задоволни од третманот и инсистирале таму да продолжи рехабилитацијата.

Шеесет и две лица го загубија животот во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, рано утрото на 16 март, а околу 200 се здобија со повреди, по што беа пренесени на лекување во болниците во земјава, но и во странство.

притисни ентер