ВМРО-ДПМНЕ: Ребалансот на Буџетот за 2026 обезбедува рекордни инвестиции во општините и инфраструктурата
2ВМРО-ДПМНЕ: Ребалансот на Буџетот за 2026 обезбедува рекордни инвестиции во општините и инфраструктурата
КошаркаЦрвена Звезда и Будуќност поведоа со 1-0 во полуфиналето од АБА лигатаЕкипите на Црвена Звезда и на Будуќност ја искористија предноста на домашен терен и синоќа поведоа со 1-0 во полуфиналната серија од плеј офот од АБА лигата.Црвена Звезда во „Пионир“ го совлада големиот ривал Партизан со 73:64, додека Будуќност оствари минимална победа над Цедевита со 82:81. Натпреварите број 2 се играат вечерва: Будуќност – Цедевита (почеток 18:30 часот) и Црвена Звезда – Партизан (21 часот). Серијата се игра до три победи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КултураКамерниот оркестар „Профундис“ и Стефан Миленковиќ ќе настапат на „Охридско лето“Камерниот оркестар „Профундис“, под диригентската палка на маестра Ѓурѓица Дашиќ, на 6 август ќе настапи во предворјето на црквата „Св. Софија“ во Охрид, заедно со светски познатиот виолинист Стефан МиленковиќКамерниот оркестар „Профундис“, под диригентската палка на маестра Ѓурѓица Дашиќ, на 6 август ќе настапи во предворјето на црквата „Св. Софија“ во Охрид, заедно со светски познатиот виолинист Стефан Миленковиќ, во рамки на официјалната програма на 66. издание на фестивалот „Охридско лето“. Во магичниот амбиент на „Св. Софија“, под отворено небо и во светлината на илјадници свеќи, публиката ќе има можност да доживее уникатен „кендлајт“ концерт, кој ги обединува врвната музичка интерпретација, впечатливата сценографија и неповторливата атмосфера на еден од најзначајните културно-историски локалитети во Македонија. Концертите под свеќи во последните години станаа еден од најпрепознатливите светски концертни формати, носејќи сосема поинаков начин на доживување на класичната музика. Наместо традиционална концертна сцена, публиката добива интимно и визуелно впечатливо искуство во кое светлината, архитектурата и музиката се спојуваат во една целина. Токму спојот на музиката, светлината и автентичниот простор на „Св. Софија“ ветува концертно доживување што долго ќе се памети. На програмата се дела од Петар Илич Чајковски, Ралф Вон Вилијамс, Камиј Сен-Санс и Пабло де Сарасате. Публиката ќе ги слушне „Серенада за гудачи“ оп. 48, „Возлет на чучулигата“, „Интродукција и Рондо капричиозо“ и виртуозната „Кармен фантазија“ оп. 25, едно од највпечатливите и технички најпредизвикувачки дела за виолина, кое претставува вистински предизвик и за најголемите светски виртуози. Маестра Ѓурѓица Дашиќ, основач и диригент на Камерниот оркестар „Профундис“, вели дека токму ваквите проекти се дел од визијата на ансамблот – класичната музика да се доживее на нов и поинаков начин. „Кендлајт концептот отвора нов простор за комуникација со публиката. Тоа не е само концерт, туку целосно искуство во кое музиката, атмосферата и просторот се надополнуваат. Предворјето на „Св. Софија“ е место со исклучителна енергија и историја, а верувам дека во комбинација со музиката на Чајковски, Сарасате и останатите автори ќе создадеме вечер која ќе остане во сеќавањето на публиката. Особено ме радува повторната соработка со Стефан Миленковиќ, со кого имаме исклучителна музичка синергија и заедничка енергија на сцената.“ За Стефан Миленковиќ, повторниот настап со Камерниот оркестар „Профундис“ претставува нова можност за средба со ансамблот со кој веќе има воспоставено силна уметничка комуникација. „Секогаш со големо задоволство настапувам со Профундис. Тоа е оркестар со извонреден квалитет, но пред сè со исклучителна енергија, карактер и ентузијазам. Од првата наша соработка почувствувавме природна музичка синергија и меѓусебна доверба, а токму тоа е она што ја прави секоја изведба жива и искрена. Сигурен сум дека амбиентот на „Св. Софија“, под отвореното небо и светлината на илјадници свеќи, ќе создаде навистина посебна атмосфера во која публиката ќе може целосно да ѝ се препушти на музиката. Македонија е земја која многу ја сакам и секогаш со голема радост се враќам тука, а особено ми е драго кога повторно имам можност да настапам во прекрасниот Охрид.“ Основан во 2019 година од диригентката Ѓурѓица Дашиќ, Камерниот оркестар „Профундис“ за само неколку години се наметна како еден од најактивните и најпрепознатливите камерни состави во Македонија и регионот. Оркестарот реализираше бројни концерти со врвни домашни и светски солисти, настапуваше на значајни фестивали и концертни сцени во Македонија, Србија, Црна Гора, Бугарија, Босна и Херцеговина и Италија, а препознатлив е по оригиналните концертни концепти, меѓу кои се издвојуваат Candlelight и Groove. Концертот на 6 август е дел од програмата на 66. издание на фестивалот „Охридско лето“, една од најзначајните културни манифестации во Македонија, регионот и пошироко.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦаринска управа: На Табановце спречен обид за нелегален пренос на девизи - запленети 64 илјади евра09:08Гостиварци се уште без вода за пиење, анализите продолжуваат15:21Седница за пратенички прашања во Собранието15:00Град Скопје: Дезинсекција против комарци, фаза 1011:57На ГП „Богородица“за излез од државата се чека околу 20 минути08:50
Царинска управа: На Табановце спречен обид за нелегален пренос на девизи - запленети 64 илјади евра09:08
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Ребалансот на Буџетот за 2026 обезбедува рекордни инвестиции во општините и инфраструктуратаСо Ребалансот на Буџетот државните пари одат таму каде што се најпотребни. Вториот клучен столб на Ребалансот е развојот на општините и инфраструктурата каде што граѓаните очекуваат резултати. Ребалансот носи повеќе пари за општините, инфраструктурата и животната средина каде што следуваат конкретни инвестиции. Наместо средства што остануваат заробени во бирократијата, обезбедуваме повеќе инвестиции во општините, инфраструктурата и животната средина. Капиталните расходи со Ребалансот растат за 14,5 проценти и достигнуваат речиси 46 милијарди денари. Капиталните дотации до општините се зголемуваат за околу 1 милијарда и 683 милиони денари. Министерството за животна средина добива дополнителни 2 милијарди и 412 милиони денари, што е зголемување од над 54 проценти. Ова е најголемото ресорско зголемување и јасен сигнал дека проектите за отпад, отпадни води, намалување на загадувањето и еколошка инфраструктура не остануваат само декларативна заложба. Министерството за транспорт добива дополнителни 1 милијарда и 806 милиони денари. Во рамките на развојните проекти, средствата за железничката инфраструктура растат за околу 743 милиони денари, а за инфраструктурни проекти во општините за околу 665 милиони денари. Средствата за живеалишта и развој на заедниците се зголемуваат за 1,1 милијарда денари. Тоа значи повеќе простор за водоснабдување, комунална инфраструктура и подобри услови за живот во локалните средини. Ова е суштинската разлика во начинот на кој се управува со јавните финансии. Буџетот не постои за да ја одржува администрацијата, туку за да гради, развива и создава вредност. Секој реализиран проект значи работа за домашните компании, нова економска активност и подобри услуги за граѓаните. Граѓаните повеќе не сакаат оправдувања, туку резултати. Затоа секој денар од Ребалансот мора да биде претворен во видлив проект, а секоја институција ќе има обврска средствата да ги реализира навремено, одговорно и транспарентно. Само така довербата се оправдува со дела, а не со зборови. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Зошто владата на Мицкоски не објавува документ за водата во Гостивар?Клековски најави дека до крајот на неделава се очекува водата во Гостивар да биде безбедна за пиење. Еве го крајот на неделата дојде.Сосема спротивно од неговите најави, Христијан Мицкоски изјави дека има „нови бактерии“ во водата. Секој си тера своја приказна а граѓаните се збунети и не знаат што да прават. Над 4.000 луѓе се отруени во Гостивар, а владата на Мицкоски никако да објави документ за водата во Гостивар. Зошто не се објавува документ за водата? Нема документи, нема анализи, нема кој потпишал и одобрил. Како граѓаните сега да веруваат кога нема ниту извештај, ниту кој потпишан, ниту кој одобрил да се користи водата како техничка? Никој не им верува на изјавите на Мицкоски и Клековски затоа што многу лажат. Веќе ги криеја резултатите и тоа доведе до над 4.000 заразени и појава на епидемија на жолтица во Гостивар. Не може граѓаните да им веруваат кога министерот за полиција кој нема никакво познавање и експертиза а се занимава со водоснабдување и хиперхлорирање. Која институција им гарантира на граѓаните чиста техничка вода? Во име на граѓаните на Македонија и на Гостивар, бараме денеска да се објават јавно извештаите за водата во Гостивар. Граѓаните бараат една едноставна работа: чиста вода и име на оној што гарантира дека е чиста. Скопје, 31.07.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter