Црногорските цариници спречија шверц на половина тон сканк од Албанија во ЕУ - Канал 5

Црногорските цариници спречија шверц на половина тон сканк од Албанија во ЕУ

 Црногорската полиција спречи шверц на дрога преку Албанија и Црна Гора во земјите на Европската унија (ЕУ) и заплени половина тон сканк, соопшти денеска Управата на полицијата.

Црногорските цариници спречија шверц на половина тон сканк од Албанија во ЕУ

„Дрогата ја открија и запленија царинските службеници на Царинската управа на граничниот премин Божај“, се додава во соопштението.

Цариниците го пронашле сканкот во камион со албански регистарски таблички и бил „обезбеден“ со печат на странска држава, соопшти полицијата.

„При преглед на камионот, констатирано е дека меѓу дрвените палети има 185 пакувања со зелена растителна материја, за која постои сомневање дека е сканк. По извршениот преглед на камионот, стоката е предадена на Полициската управа за понатамошна обработка“, се наведува во соопштението.

Во акцијата се приведени неколку лица.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Македонските домаќинства фрлаат по 86 килограми храна годишно што е над европскиот просек

Додека секој денар за храна внимателно се пресметува, значително количество од купеното сепак завршува во канта.

Македонските домаќинства фрлаат по 86 килограми храна годишно што е над европскиот просек

Според Индексот за отпад од храна на Програмата на ОН за животна средина, македонските домаќинства создаваат околу 86 килограми отпад од храна по жител годишно – 17 килограми повеќе од просекот на домаќинствата во Европската Унија.

Колкава е навистина навиката на македонските семејства да фрлаат храна, објаснува претседателот на Банката за храна на Македонија, Душко Христов, повикувајќи се на нивните истражувања.

,,Секое семејство нека стави прст на чело да разбере дека на дневна основа фрла негде по едно евро, месечно 30 евра,годишно 360 евра и ако одиме со математиката дека сме 100 илјади семејства тоа значи над 36-40 милиони евра вредност се фрла на храна во нашите ѓубришта...На прво место фрлаат леб и лиснати, на второ сувомеснати, на трето место овошје и зеленчук..,, – Душко Христов ,претседател на Банка за храна Македонија.

Дали и колку често храната завршува во канта, прашавме и дел од граѓаните.Некои од нив велат дека најчесто се фрлаат производи што се расипале или им истекол рокот.

Во време кога дел од храната секојдневно завршува како отпад, последните податоци на ДЗС покажуваат дека 21,9 проценти од населението во земјава живее под ризик од сиромаштија, а кај семејствата со деца стапката достигнува 25,2 проценти.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Мој Термин“ да се ажурира и надгради, бараат лекарите

Со месеци се игра „брзи прсти“ за „Мој термин, се полни електронска листа за чекање за пациентите да се пратат на Клиника, и тоа е само еден проблем со системот кој дирекно ги засега пациентите, алармираат од Здужението на матични лекари. 

„Мој Термин“ да се ажурира и надгради, бараат лекарите

Со месеци се игра „брзи прсти“ за мој термин, се полни електронска листа за чекање за пациентите за да се пратат на Клиника, и тоа е само еден проблем со системот кој дирекно ги засега граѓаните, алармираат од Здужението на матични лекари. Дел од пациентите се жалат дека и кога ќе дојдат на ред, ден пред терминот, преку СМС порака тој им се откажува, со образложение дека лекарот не е тука и насока – да отидат кај матичниот доктор за да земат нов. Вака, постапката почнува од почеток, па некои пациенти кој немаат финансии за да одат на приватно и по повеќе од половина година не можат да стигнат до специјалист преку „мој термин“. По ревизорскиот извештај што ги нотираше и останатите слабости, јасно е дека мора да има промени, вели д-р Лилија Чолакова Дервишова, Претседател на Здружението на приватни лекари.

-Мој термин мора да се надогради, мора да се ажурира, мора безбедноста на податоците да бидат на многу високо ниво. Сите овие податоци што се во „мој термин“ прво треба да се под Министерство за здравство бидејќи се работи за многу чувствителна тема и лични податоци, не може некоја приватна фирма да ги координира, како што сега (од ревизорскиот извештај) дознавме. Во однос на пуштањето на термини од специјалистите, за три секунди ги снемува термините. Дали на пациент со самоубиствени идеи кој е во моментот на преглед ќе му речете, „почекај сега, ја морам на „ловам“ термини“, тоа мора поинаку да се реши. д-р Лилија Чолакова Дервишова - претседател на Здружението на матични лекари.

Извештајот за ревизија на „мој термин“ покажа дека за операции пациенти чекаат со години, па само еден доктор има 198 закажани интервенции. Освен тоа, ревизорите утврдиле и дека листите на чекање не ја одразуваат реалната состојба, бидејќи недостигаат клучни податоци, а во дел од болниците воопшто немало ни листи што отвора ризик пациенти без термин, да бидат примени пред оние кои подолго време чекаат уредно.

Министерот за здравство јавно посочи и дека неразбирливо е како системот „мој термин“ речиси 18 месеци немал договор за одржување и најави дека од службите побарал подготовка на јавен повик за двегодишно одржување. Освен најава за акциски план на делување, здравствените власти ветуваат дека системот ќе биде биде централен дел од најавената дигитализација.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Првиот сведок во случајот „Државна лотарија“прогласен за „непријателски“од обвинителството

За „непријателски“ го прогласи својот прв сведок обвинителството на денешното судење за случајот „Државна лотарија“. 

Првиот сведок во случајот „Државна лотарија“прогласен за „непријателски“од обвинителството

Владо Петковски кој е актуелен директор на сектор за игри на среќа, раскажа дека со доаѓањето на Перпарим Бајрами во Државна лотарија биле иницирани повеќе нови проекти со цел зголемување на профитот на компанијата. Учествувал во набавката на ВЛТ апарати кои се предмет на обвинението, на што му претходело формирање на ново друштво кое самостојно ќе приредува електронски игри на среќа.

-Откако финансискиот план беше направен се направи набавка, пристигнаа апаратите, се поставија кај деловните партнери и требаше да се добијат технолошко технички услови, за што УЈП се произнесе позитивно, но не стигна согласност од Министерството за финансии бидејќи се донесе тоа автентично толкување на законот, по што сите процеси беа блокирани. Автентичното толкување на Законот за игри на среќа, не дозволи ова друштво да работи,- -Владо Петковски – Директор во Државна лотарија, сведок.

На прашања на обвинителството, тој одговори и дека не знале каков односот помеѓу Перпарим Бајрами и Артан Груби, дека немал средба со овие двајца обвинети но и дека не знае зошто била сменета претходната директорка на Државна лотарија. Практично со своето сведочење тој не ја поткрепи тезата на обвинителството, туку даде одговори во полза на одбраната. Обвинителите го прогласија за „непријателски сведок“ и вкрстено го испрашаа откако посочија дека дал поинакви одговори кога како осомничен во случајот на два пати бил испрашуван во обвинителството. Сепак пред судот ги негираше прашањата на обвинителството - дали Перпарим Бајрами кажал дека без одобрение на Артан Груби не прави ништо но и дали не се сретнал со нив двајцата на бензинска на Партизанска во 2024 година.

Обвинителите Даниел Коцев и Александар Давчевски не сакаа да го коментираат сведочењето на Петковски. Одбраната пак е на став дека со исказот на Петковски се потврдува нивната теза.

-Исказот на сведокот во целост ја потврдува тезата на одбраната дека конкретно обвинетиот Артан Груби нема преземено никакви противправни дејствија во конкретниот случај. Сведокот го потврди она што се случувало во рамки на Државна лотарија дека се било согласно закон. изјави – Гоце Ристески – Адвокат.

Освен Груби и Бајрами, во случајот обвинети се уште шест лица меѓу кои и поранешниот генерален секретар на Влада Методија Димовски.

Сите се товарат за пречекорување на службените овластувања со што, според обвинението, на државната лотарија ѝ била предизвикана штета од 596 милиони денари, односно околу 9,7 милиони евра.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер