Црногорски бизнисмен и ќерка му шверцувале 1,2 тони кокаин, вреден над 100 милиони евра - Канал 5

Црногорски бизнисмен и ќерка му шверцувале 1,2 тони кокаин, вреден над 100 милиони евра

Вишото државно обвинителство во Подгорица поднело обвинителен акт против Будимир и Марина Крстовиќ за шверц на повеќе од 1,2 тони кокаин.

Црногорски бизнисмен и ќерка му шверцувале 1,2 тони кокаин, вреден над 100 милиони евра

Вишото државно обвинителство денеска го соопшти следното:

„По спроведената истрага и анализа на сите собрани докази и податоци, Вишото државно обвинителство во Подгорица на 23.12.2021 година поднесе обвинителен акт против обвинетите Б.К и М.К., за сторено кривично дело неовластено производство, држење и пуштање во промет на наркотични дроги. - кокаин во количина од 1.206.253 килограми, за што е поднесено обвинение до Вишиот суд во Подгорица за одлучување по истото“, се вели во соопштението на обвинителството.

Потсетуваме, во нивниот склад во селото Мојановиќи кај Подгорица пристигнал товар со дрога во вредност од 100 милиони евра, а Марина на рочиштето, според црногорските медиуми, изјавила дека нарачала банани од добавувач со кој соработувале за години.. Марина и Будимир биле приведени кога во нивниот склад бил пронајден товар со кокаин, а потоа биле пуштени да се бранат од слобода.

Иако таткото и ќерката Будимир (66) и Марина Крстовиќ (27) се осомничени за оваа нелегална трговија со дрога, која била скриена во пратка со банани и чија вредност се проценува на повеќе од сто милиони евра, нарачателите на бизнисот допрва треба да се открие..

По нивното апсење, црногорскиот вицепремиер Дритан Абазовиќ рече:

- Не можам да откријам детали од операцијата, но можам да кажам дека овде целта е да се стигне до главните, до врвот на пирамидата и очекувам дека ќе се постигне овој резултат. Не станува збор само за трговија со дрога или цигари, туку и за убиствата што се случија во претходниот период. Подготвен сум да се жртвувам за да постигнеме резултати - изјавил Абазовиќ за еден црногорски медиум.

Да потсетиме, Будимир Крстовиќ со семејството живее во Белград веќе 30 години. Таа е најголемиот увозник на банани во регионот. Семејството Крстовиќ има голем фрижидер на имотот во Зета и во Стара Пазова. На секои 15 до 20 дена од Јужна Америка пристигнуваат контејнери со неколку десетици килограми јужно овошје, главно банани.

Контејнерот во кој била пронајдена дрогата бил натоварен на почетокот на август во Јужна Америка, а со прекуокеански брод стигнал до Италија. Потоа бил претоварен во помал брод кој требало да ја пренесе робата до пристаништата на Медитеранот.

Крстовиќ и вработените во неговата компанија ги виделе тие банани дури откако биле донесени во нивниот фрижидер. Немале контакт со пакување, препакување, утовар, претовар, царинење. Има индиции дека контејнерите на оваа компанија и рутата по која биле транспортирани од Еквадор до Црна Гора се користеле за шверц на кокаин. За овој случај се заинтересирала Американската агенција за сузбивање наркотици (ДЕА), пред се` затоа што истрагата не утврдила ништо ново во однос на она што се знаело на почетокот на истрагата.

Црногорските царински и истражни органи најверојатно ја информирале ДЕА за пратката со кокаин која била пронајдена во контејнерот со банани.

Марина Крстовиќ била уапсена на 26 август, а нејзиниот татко Будимир еден ден подоцна под сомнение дека учествувале во шверцот на 1.400 килограми кокаин запленети во селото Мојановиќи. Во акцијата која резултирала со заплена на кокаин, учествувале службеници од Секторот за борба против криминалот, Центарот за безбедност во Бар и Подгорица, Управата за приходи и царината и од Вишото обвинителство во Подгорица, објави српски Курир.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„AfD“ ја менува стратегијата: Нов план за Европската унија

Крајно десничарската партија „Алтернатива за Германија“ (AfD) сè повеќе се оддалечува од идејата за напуштање на ЕУ и го насочува својот фокус кон нејзино реформирање, со цел да го зајакне своето влијание, како во Европа, така и во самата Германија.

„AfD“ ја менува стратегијата: Нов план за Европската унија

Крајно десничарската партија „Алтернатива за Германија“ (AfD) – која се појави како опозиција на политиките на Европската унија за време на кризата со еврото – сè повеќе се преориентира кон реформирање на ЕУ, наместо да се залага за нејзино напуштање.

По историската победа на регионалните избори во Саксонија-Анхалт во септември, „AfD“ – која според анкетите на јавното мислење моментално е најпопуларната партија во Германија – е поблиску од кога било до можноста да стане дел од сојузната влада.

Во рамките на партијата расте уверувањето дека зајакнувањето на десничарските позиции и растечкото влијание на политичките движења со слични ставови низ Европа, го прават реформирањето на Унијата одвнатре поповолен пат отколку нејзиното напуштање.

„Од крајот на Втората светска војна, изгледите за реформирање на ЕУ во согласност со нашата визија никогаш не биле подобри“, изјави Себастијан Минценмајер, пратеник на „AfD“ во Бундестагот.

Прашањето за напуштање на еврозоната – што беше клучен приоритет за многу од основачите и раните поддржувачи на партијата – се покажа како посложено за решавање, пренесува Ројтерс. Помладите членови на партијата, како што е 29-годишниот Жан-Паскал Хом – шеф на младинското крило на„ AfD“, „Генерација Германија“ – предупредуваат дека тврдокорниот став на партијата кон Европа би можел да го попречи нејзиниот најреален пат до власта: идна соработка со Христијанско-демократската унија (CDU) под водство на Фридрих Мерц. Засега, „CDU“ ја отфрла секоја можност за коалиција со „AfD“.

Минатиот месец, во Европскиот парламент во Стразбур, копретседателката на „AfD“, Алис Вајдел – заедно со сојузниците од парламентарната група „Европа на суверени нации“ (ESN) – претстави стратешки документ насловен „Нов договор за Европа“.

Наместо да се залага за излез од еврозоната и од ЕУ, документот предлага преговарање за нови договори со цел создавање на полабава форма на Унија. Се предлага воведување механизам за „исклучување“ (opt-out) за земјите-членки кои не прифаќаат заеднички политики – на пример, во однос на трошоците за одбрана или миграцијата – при што истовремено се повикува на построго спроведување на буџетските правила. Ова ја остава отворена можноста еврото да остане заедничка валута.

Доколку овие реформски напори не успеат, документот предлага идниот европски правец на Германија да се одреди преку референдум.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Додека Црна Гора проверува, кај нас сè е докажано - Балканскиот картел се распаѓа - Мицкоски остана сам

Додека Црна Гора започнува проверки на врските меѓу медиуми, телекомуникации и Алта банка, во Македонија сè е одамна докажано и документирано.

СДСМ: Додека Црна Гора проверува, кај нас сè е докажано - Балканскиот картел се распаѓа - Мицкоски остана сам

ВМРО-ОКГ е директно врзана за медиуми, телекомуникации и банка.

Орбан контролира околу 40 проценти од медиумскиот простор. Нови медиуми на Вучиќ влегоа на пазарот: Ало група, Информер и Euronews.

Телекомуникациската поддршка доаѓа од Орбановиот 4iG и од Вучиќевиот Телеком Србија - државен ресурс користен како приватен.

Алта банка служи како финансиер на системот, преку маркетинг агенции од ВМРО, примарно за Алфа ТВ и за порталите финансирани од Орбан.

Конкретен пример: истрагата за перење пари преку Словенија со фиктивни рекламни услуги, која Мицкоски ја блокираше во обвинителството.

Телеком Србија е сопственик на Euronews лиценцата. 4iG обезбедува телекомуникациска поддршка за пласирање на медиумските содржини.

Управувањето со сите овие медиуми се врши преку палката на БИА, човекот за Македонија, „началник“ Латас и Ивона, уредничка на Euronews и Алфа ТВ. Тоа е македонската верзија на српскиот Информер.

4iG на Орбан и Телеком Србија ги плаќаат истите лоби куќи во Америка за Мицкоски и за Вучиќ. 4iG е поврзан и со трговија со оружје и со потребата за рудник на антимон.

Во Унгарија веќе три министри се уапсени. Обрачот се стеснува околу Орбан.

Во Србија Вучиќ падна. Почнаа апсења и истраги. Целиот правосуден систем почна да работи, а новата влада сè уште не е формирана.

Уапсени се главни луѓе во полицијата. Ова е само почеток на крајот на една голема организирана криминална група - балканскиот картел.

Мафијашки синдикат во кој е Христијан Мицкоски, а ВМРО е сестринска партија на СНС.

Сите коцки се сложија a картелот се распаѓа. Паѓаат како домино. Мицкоски остана сам да ја чува касата.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Кривогаштани тоне во долгови, населените места се соочуваат со проблеми со водата за пиење

Нова патна инфраструктура не се гради, старата не се одржува.

ВМРО-ДПМНЕ: Кривогаштани тоне во долгови, населените места се соочуваат со проблеми со водата за пиење

По девет години локална власт на СДС во општина Кривогаштани, граѓаните се уште со основни проблеми од секојдневниот живот, како исправна вода за пиење, функционални училишта, неодржувана инфраструктура и чиста животна средина.

Еден од најсериозните проблеми е водоснабдувањето. Голем дел од населените места се соочуваат со чести прекини, дефекти на водоводната мрежа и проблеми со исправноста на водата, додека околу 40 проценти од населението воопшто не добива вода од општинскиот водовод.

И покрај предизборното ветување на актуелниот градоначалник за носење вода од Студенчица, досега јавноста нема добиено конкретен план, временска рамка или информации за реализација на проектот, дополнително, и населените места кои се снабдуваат од овој систем во текот на летото се соочуваа со сериозни проблеми во водоснабдувањето.

Загрижувачка е и состојбата во општинските училишта, при што намалувањето на бројот на ученици, иселувањето и неповолните демографски движења создаваат дополнителен финансиски притисок врз образовните институции. Ситуацијата е до толку загрижувачка што за првпат имаме училишта со блокирани сметки, додека општината не презема доволно мерки за рационализација на трошоците и долгорочно одржливо функционирање.

Наместо сериозен пристап кон финансиското стабилизирање на училиштата, обезбедување непречено функционирање и квалитетен образовен процес за учениците, локалната власт предводена од СДС гледа само како да издејствува согласности за нови партиски вработувања.

Градоначалникот на СДС на општина Кривогаштани бара служба за итна помош, а заборава да каже дека токму неговиот партиски претседател, Венко Филипче ја укина во период кога раководеше со министерството за здравство.

Дополнително загрижува и финансиската состојба на самата општина која е со блокирана сметка и каде само тужените побарувања надминуваат 35 милиони денари, а вкупните долгови се значително повисоки. Овие состојби бараат транспарентност и одговори од градоначалникот, а граѓаните имаат право да знаат колкави се вкупните долгови, по кои основи се создадени и како општината планира да ги сервисира.

Проблемите не завршуваат тука, локалната инфраструктура, полските патишта и јавните површини бараат сериозно внимание и континуирано одржување. Владината поддршка за изградба на улици е добредојдена, но таа не може да биде замена за обврските и одговорностите на локалната самоуправа.

Особено загрижувачка е и состојбата со животната средина, горењето на депонијата кај Кривогаштани, загадувањето на почвата, водата и воздухот, како и нерешените проблеми со одводните системи и пречистителните станици, се прашања кои бараат конкретни институционални решенија, а не молк и одложување.

Локалната власт и градоначалникот треба да одговорат и за состојбата со сточниот пазар, јавната чистота, уличното осветлување и другите комунални услуги кои се во надлежност на општината.

Одговорноста на локалната власт е да ги решава проблемите на граѓаните, да управува домаќински со општинските средства и да создава услови за подобар живот, тоа го заслужуваат и жителите на општина Кривогаштани.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер