Црна Месечина ќе се појави на 30 декември- редок феномен корисен за астрономите - Канал 5

Црна Месечина ќе се појави на 30 декември- редок феномен корисен за астрономите

Црната месечина, редок феномен кој го опишува појавувањето на втора млада месечина во еден календарски месец, ќе се случи на 30 декември, покажуваат податоците на американската поморска опсерваторија.

Црна Месечина ќе се појави на 30 декември- редок феномен корисен за астрономите

Втората млада месечина во декември ќе се случи на 30 декември во 23:27 часот по средноевропско време (22:27 часот по Гринич), два дена откако опаѓачката месечина ќе го помине Меркур на небото пред зори, пренесува Space.com.

Втората млада месечина понекогаш се нарекува „црна месечина“, слично како што две полни месечини во еден месец се нарекуваат „сина месечина“ - иако ниту еден поим не е вистински астрономски термин.

Нова месечина се јавува кога Сонцето и Месечината ја делат истата небесна должина, позиција позната и како спој. За време на оваа фаза Месечината не е видлива од Земјата бидејќи нејзината осветлена страна е свртена кон спротивната страна; младата месечина станува видлива само за време на затемнување на Сонцето.

Ноќите на младата месечина се од голема корист и за професионалните и за аматерските астрономи, бидејќи недостатокот на светлина од Месечината го олеснува набљудувањето на побледите објекти на ноќното небо. Ова е особено изразено во зима во поголемиот дел од Северна Америка, кога воздухот е посув и нуди подобри услови за набљудување преку телескопи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Се градат два гасоводни интерконектори со што драматично ќе се зголеми гео-стратешкото значење на Македонија

Во овој момент како никогаш до сега, се градат два гасоводни интерконектори, едниот со нашиот јужен сосед, другиот со нашиот северен сосед.

Мицкоски: Се градат два гасоводни интерконектори со што драматично ќе се зголеми гео-стратешкото значење на Македонија

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на гасификацијата до каде е процесот, кој ќе биде бенефитот за граѓаните и кога може да се очекува да заврши, изјави:

„Во овој момент како никогаш до сега, се градат два гасоводни интерконектори, едниот со нашиот јужен сосед, другиот со нашиот северен сосед. Едниот очекувам да биде синхронизиран и пуштен во употреба до крајот на првата половина од следната година, а другиот очекувам до крајот на 2028 година да биде целосно синхронизиран. Со што драматично, кога велам драматично, драматично ќе се зголеми гео-стратешкото значење на Македонија како земја, а од друга страна, овие два гасоводи ќе значат можност за инвеститори коишто би сакале да инвестираат во производни капацитети на електрична енергија коишто го користат гасот како погонско гориво. Но тоа ќе значи и можност за нас, кога ќе стане збор за реконструкција и модернизација на термоелектраните коишто користат јаглен како погонско гориво, да можеме да направиме конверзија на гас и така да ги зачуваме работните места и така да ги зачуваме тие објекти да продолжат да произведуваат.“

Во однос на конверзијата, кога ќе се случи тоа, претседателот Мицкоски додаде:

„Па тоа веќе трае, АД ЕСМ веќе разговара со Светска банка и мислам дека многу скоро ќе имам многу убави вести за тој проект.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трибина „ВИ или автентична филмска креација“ и мастерклас на Емин Алпер денеска на Киненова

Трибина „ВИ или автентична филмска креација“ и мастерклас на Емин Алпер денеска на Киненова: Никогаш не одам неподготвен на снимање.

Трибина „ВИ или автентична филмска креација“ и мастерклас на Емин Алпер денеска на Киненова

Филмот „Зад ридовите“ на Емин Алпер годинешниот лауреат на МФФ Киненова вчера имаше проекција на фестивалот бидејќи тоа е негов прв филм, а денеска на мастерклас со студентите на ФДУ повторно проговори за него.

-Јас филмот не сум го гледал од 2016 година и се сеќавам на секој детал што го снимив и на сите сцени што беа снимени, но од оваа преспектива би сменил нешто во кинематографијата, во ликовите итн. Времето за снимање беше многу кратко и ги снимавме само неопходните кадри и немав време да пробам нови агли на снимање. Со кинематограферот имавме голема караница, бидејќи немаше контраст. Во сите нои други филмови се трудам да го доловам контрастот меѓу денот и ноќта, но во овој го немам бидејќи имав караница со кинематограферот. И токму тоа беше предмет на караницата, рече Алпер.

Пред студентите денеска тој говореше за значењето на копродукциите и пичингот на големите фестивали за еден филм и дека и самиот тоа доцна го сфатил бидејќи во минатото сметал дека тоа не му е потребно, но подоцна сфатил дека е корисна секоја сугестија, секоја критика и секој вид на помош кога работите на филм.

Поразговара и за снимањето серии на кои работел во Турција и рече дека никогаш не оди не подготвен на сет. Секогаш се подготвува пред снимањето и токму затоа му било тешко кога го снимал „Зад ридовите“ бидејќи бил ограничен и со буџет и со снимачки денови.

Во продолжение на програмата на МФФ Киненова денеска се одржа и трибина на тема ВИ или автентична филмска креација? на која студентите разговараа за дилемите по ова прашање со Емин Алпер, Гоце Цветановски и Дејан Илиев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Капитенот на Челзи го оперираше коленото,клубот издаде официјално соопштение !

Капитенот на англискиот фудбалски великан, Челзи, Рис Џејмс, успешно беше подложен на помал хируршки зафат на коленото, потврди лондонскиот клуб во официјално соопштение. 

Капитенот на Челзи го оперираше коленото,клубот издаде официјално соопштение !

Тој го пропушти првенствениот натпревар и убедливата победа на „сините“ над Борнмут.

Дваесет и шестгодишниот десен бек го пропушти првенствениот натпревар – во кој „сините“ остварија убедлива победа од 5:1 против Борнмут на „Стемфорд Бриџ“ – додека траеја деталните медицински прегледи за повредата здобиена за време на тренинг. Дополнителните прегледи од страна на медицинскиот тим на клубот потврдија дека операцијата е единственото неопходно решение за санирање на проблемот со коленото.

„Рис веќе го започна процесот на закрепнување и во оваа фаза од рехабилитацијата ќе ја има целосната поддршка од медицинскиот тим на клубот во тренинг-центарот ’Кобем‘.

Сите во Челзи му посакуваат на Рис брзо закрепнување и ќе го поддржат на неговиот пат кон враќање на теренот“, соопштија од англискиот гигант.

Иако клубот не прецизираше колку точно ќе отсуствува капитенот, се очекува текот на рехабилитацијата да покаже кога точно англискиот репрезентативец повторно ќе ѝ биде на располагање на стручниот штаб.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер