Црна Гора го одбележува Денот на независноста - Канал 5

Црна Гора го одбележува Денот на независноста

Црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ, денес, на 21 мај - Денот на независноста на Црна Гора, изјави дека земјата цврсто стои на европскиот пат и дека денес е почитувана членка на НАТО.

Црна Гора го одбележува Денот на независноста

Црна Гора го одбележува Денот на независноста, 16 години откако ја напушти државната заедница со Србија по референдумот и ја врати независноста.

Во својата честитка, Ѓукановиќ рече дека се повеќе граѓани во Црна Гора ја гледаат важноста од победата на референдумот во 2006 година.

„Развојот на ситуацијата во Црна Гора, како и регионалниот и меѓународниот контекст, потврдуваат колку е визионерска одлуката за обнова на државата. И колку е важно, особено во вакви турбулентни времиња, да го имаме кормилото на управувањето со земјата во наши раце“, рече Ѓукановиќ.

Црна Гора, веќе почитувана членка на НАТО, стои цврсто на европскиот пат, вели тој.

Премиерот Дритан Абазовиќ на приемот што го организираше по повод Денот на независноста изјави дека по 16 години треба да се праша дали е направено доволно за да се зајакне Црна Гора и да се направи прифатлива за сите.

„Нашата намера е овој ден да го слават сите граѓани на нашата држава, без разлика како гласале пред шеснаесет години, како се изјаснуваат и на кој Бог му се молат... Тврдам дека без сите вас нема помирена и развиена Црна Гора“, истакна Абазовиќ

Затоа, порача црногорскиот премиер, „не смееме да дозволиме непочитувањето на различното мислење да произведува поларизација во општеството, аверзија кон државата и нејзините симболи“.

„Мораме да ставиме крај на тоа бидејќи нема поголем противник на просперитетот и богатството на Црна Гора од вештачките поделби во општеството“, вели Абазовиќ.

Според официјалните резултати, на референдумот во 2006 година гласале 419.240 Црногорци, или 86,5 отсто од вкупниот број избирачи.

Независноста на државата ја поддржале 230.661 или 55,5 отсто од граѓаните на Црна Гора кои излегле на референдумот, а 185.002 или 44,5 отсто гласале за останување во заедничката држава со Србија.

Канал 5 ТВ им го честита празникот на сите припадници на Црногорскиот народ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Последни претања на Платформата - ЗНАМ 2.0 - од Левица до Црвенковски

Повеќе е смешно да се гледа ова што го прави оваа група платени и уценети поединци. Робови на Мицкоски. 

СДСМ: Последни претања на Платформата - ЗНАМ 2.0 - од Левица до Црвенковски

Шема со своите шеми. Ќурчиев со своите 1,6 милиони од тендер. Цаци со својот Леонардо. Андреј со Орце Камчев. Алта банка, тендери, осигурување… трговци со оружје. Антимон и дата-центри.

ЗНАМ, Максим Димитриевски, руската партија Левица… тоа се луѓето што бараат смени во СДСМ.

На крај сега од ормарот го вадат Бранко Црвенковски.

Човек што со години работи бизнис со ВМРО, човек што помагаше во правењето на ЗНАМ прва верзија. Мицкоски финансираше.

На тоа ли мисли Мицкоски кога вели дека „вади коски од минатото“? Доста веќе со коските од ормарот, со тие мумии и балсамирани ликови што направија сè за да ја згаснат СДСМ.

Како што гледате, не успеаа. Не ја згаснаа и нема да ја угасат. СДСМ ќе биде и ќе остане и по сите такви ликови.

Реформи што се состојат од барање фотеља за послушници и нов логотип.

Сè тоа на два листа хартија со седумнаесет потписи. Сè тоа пишувано од декември до денес.

Повторно Шилегов и останатите ВМРО аналитичари. ВМРО-Орбан-Вучиќевите портали, началникот Латас. Квази-новинари, домаќини на БИА агенти и организатори на 27 април.

До кога со сите нив?

Кога повторно се јавува Платформата? Кога откривме дека Вучиќ префрла пари во Македонија преку Алта банка.

Дали мислат дека народот ова не го гледа? Ајде еднаш, ајде двапати, ама ова се гледа од авион.

Кога се јавува Платформата? Кога откриваме пет нови рудници. Кога откриваме лоби куќи на Вучиќ и Мицкоски и тоа кој ја плаќа ходник дипломатијата.

Кога откриваме кој стои зад копањето на антимонот, чии се интересите на дата-центрите.

Кога откриваме тендер во железница за Ќуркчиев. Кога откриваме дека Дејвид Гета не е нула, туку 5,53 милиони евра. Кога Фон дер Лајен вели дека е заштитен македонскиот идентитет и јазик. Кога откриваме малверзации на Алта банка со компании и јавни претпријатија.

Доста беше! На сите им е јасно.

Мицкоски, не можеш да го сокриеш она што доаѓа. Не можеш да побегнеш од својот криминал со твојот ментор Вучиќ. А овие твоиве можат само да работат и да бараат алиби за формирање нова партија, како и ти за избори. На сите им е јасно.

Знаеме дека правите ЗНАМ 2.0. Правите затоа што по Црвенковски единственото што не го пробаа е тебе, Мицкоски, да предложат ти да го водиш СДСМ како што ги водиш твоите сателити и управуваш со нив преку далечински управувач направен во Кремљ.

Српски и руски служби, Вучиќ и пари од картелот не помагаат.

Јасно е. ВМРО паѓа, Мицкоски нема да постои.

Отворени истраги во Унгарија и Србија. Почна и веќе се гледа крајот. Сите ќе мораат да излезат пред правдата. Не може да се побегне од вистината. Правдата мора да се задоволи.

Крај е за вашата група.

Нека ни се јават чесните луѓе што сте ги измамиле и излажале со вашиот лажен, невидлив опозициски фронт.

Сите оние што немаат лични интереси и не се поврзани со интересни групи како овие ликови, нека дојдат и заедно со нас и народот нека влезат во борба против криминалната организација ВМРО.

Нашите врати се отворени за сите што се за Македонија, а не за сопствениот џеб.

Дојдете и бидете дел од Фронтот за вистина и правда!

Дојдете да се бориме сите заедно против овие двојки: Орбан-Груевски, Вучиќ-Адамовиќ, Лазаревиќ-Божиновска, како и Мицкоски-Латас.

Станете, платформаџии, станете сите заедно, за да ве види целиот СДСМ. Засега го виделе само вашиот резултат од 2024 година.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пратенички прашања до премиерот и министрите

Во Собранието денеска ќе се одржи и пленарна седница, на чиј дневен ред е поставување пратенички прашања до премиерот и министрите.

Пратенички прашања до премиерот и министрите

Први поставуваат прашања пратениците од опозициските партии. Дополнително, претседателот на Собранието, Африм Гаши денеска ќе одржи и неформална средба со претставници на медиумите, на која ќе се разговара за тековните и идните активности на законодавниот дом.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Аларм во НБА-лигата: Дури 79 играчи на списокот на повредени и отсутни во една вечер

 Дури 79 кошаркари се наоѓаат на официјалниот извештај на НБА за повреди и достапност на играчите за натпреварите што се играат вечерва, објави „НБА Сентрал“ (NBA Central).

Аларм во НБА-лигата: Дури 79 играчи на списокот на повредени и отсутни во една вечер

Според податоците објавени од овој профил, кој се повикува на Кирти Кав, извештајот издаден во 14:30 часот по источно време (ET) опфаќа приближно 15 отсто од сите играчи во лигата.

Сепак, тоа не значи дека сите 79 кошаркари ќе ги пропуштат своите натпревари. Извештајот вклучува различни статуси – од играчи за кои е сигурно дека нема да настапат, па сè до оние чиј настап е неизвесен или за кои се очекува да бидат подготвени за игра.

Големиот број имиња во здравствениот билтен уште еднаш го свртува вниманието кон достапноста на играчите и проблемите со кои се соочуваат тимовите при составувањето на своите екипи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер