Неофицијално: Уапсени тројца хрватски државјани и една странска државјанка поради подметнување пожар во Хрватска
2Неофицијално: Уапсени тројца хрватски државјани и една странска државјанка поради подметнување пожар во Хрватска
Видео-Фото: „Ферари“, „Мерцедес“, „Порше“ „Бентли“ ... на паркингот на ПСЖ, а потоа се појави тој и сите останале без зборови!
2Видео-Фото: „Ферари“, „Мерцедес“, „Порше“ „Бентли“ ... на паркингот на ПСЖ, а потоа се појави тој и сите останале без зборови!
ЖивотПетмина повредени на трката со бикови во ПамплонаПетмина тркачи беа повредени денес за време на трката со бикови – првата од овогодишниот фестивал „Сан Фермин“ во градот Памплона во северна Шпанија – но никој од нив не се здоби со повреди опасни по живот. Тие главно се здобија со модрики. Долгите и остри рогови на биковите не предизвикаа сериозни повреди, извести државниот радиодифузер РТВЕ (RTVE) од овој познат, но контроверзен настан. Три лица беа пренесени во болница. Фестивалот во чест на заштитникот на градот, Свети Фермин, започна во понеделникот и завршува следниот вторник. Секое утро, шест бикови за борба – од кои некои тежат над 600 килограми – предводени од неколку питоми волови, се насочуваат да трчаат низ тесните улици на стариот град кон арената, каде што во доцните попладневни часови се одржуваат борбите со бикови. Секоја година, десетици тркачи - претежно млади мажи - се повредуваат додека ја тестираат својата храброст на патека долга приближно 825 метри. Од 1924 година, регистрирани се 16 смртни случаи, а последниот се случил во 2009 година. Протести и контроверзии Оваа година, како и во претходните години, групите за заштита на животните протестираат против овој традиционален настан - кој се одржува од 1591 година - кој станува сè поконтроверзен во Шпанија. Активистите за права на животните долго време се спротивставуваа на трчањето со бикови, опишувајќи го како „средновековна тортура“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизБрус Вилис сепак присуствувал на свадбата на својата ќерка, објавена е ретка фотографија од негоТалула Вилис (32), најмладата ќерка на поранешната холивудска брачна двојка, Брус Вилис и Деми Мур, се омажи за музичарот Џастин Ејси. Свадбата се одржа на 8 август на семејниот имот во Ајдахо, во присуство на најтесното семејство. Најголемо внимание привлече доаѓањето на таткото на невестата, славниот актер Брус Вилис – кој ретко се појавува во јавноста поради сериозната здравствена состојба. „Вог“ објави црно-бела фотографија на која се гледа како Брус Вилис ја прегрнува Талула, истовремено држејќи го и својот зет. Талула ја опиша сцената како нежен момент споделен со нејзиниот татко и сопруг на почетокот на празничниот викенд. Фотографијата предизвика бројни емотивни реакции на социјалните мрежи. Многумина коментираа колку биле трогнати од сцената, особено имајќи ја предвид борбата на актерот со болеста и неговата одлука да биде покрај својата ќерка на нејзиниот важен ден, и покрај сè. Брус Вилис се повлече од актерството во 2022 година откако му беше дијагностицирана афазија. На почетокот на 2023 година, неговото семејство објави дека актерот боледува од фронтотемпорална деменција. Станува збор за прогресивно невродегенеративно нарушување што може да влијае на говорот, разбирањето на јазикот и однесувањето. Оттогаш, Вилис ретко се појавува во јавноста, а за него се грижи неговото семејство. Покрај Талула, Брус Вилис ги има и ќерките Румер и Скаут од бракот со поранешната сопруга Деми Мур. Тој остана близок со Деми и по нивниот развод.Тагови: Брус Вилис Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваВидео-Фото: „Ферари“, „Мерцедес“, „Порше“ „Бентли“ ... на паркингот на ПСЖ, а потоа се појави тој и сите останале без зборови!Светски шампион, милионер – а вози вакво нешто?! „Ферари“, „Ламбо“, „Бентли“ на паркингот на ПСЖ, а потоа се појави тој и сите останаа вчудоневидени!Скако платените фудбалери на европскиот шампион ПСЖ на тренинг пристигнуваат во скапи автомобили, а потоа се појави , Шпанецот Руиз! Неговиот избор ги остави сите без зборови. Пристигнувањето на играчите на ПСЖ на тренинг честопати изгледа како вистинска парада на луксуз, но овојпат сите погледи не беа вперени во скапите „ѕверови“ на четири тркала. Напротив! На социјалните мрежи се појави видео од пристигнувањето на играчите на францускиот гигант на тренинг, а меѓу многуте луксузни автомобили, една сцена особено ги изненади навивачите. PSG boss Luis Enrique and his players arriving at training in their luxury vehicles… but everyone was talking about Fabián Ruiz’s choice of transport. 👀😂 Imagine being a World Cup winner and a Ballon d'Or contender and driving that. 🤯 pic.twitter.com/NAZKRoT6X5 — Football Tweet ⚽ (@Footballtweet) August 15, 2026 Иако околу него има автомобили што чинат вистинско мало богатство, шпанскиот репрезентативец се одлучи за сосема поинаков стил. Шпанскиот репрезенативец на тренингот пристигна во „Smart“ – автомобил толку мал и невообичаен во споредба со она што се очекува од фудбалските суперѕвезди, што веднаш стана главна тема. Француските медиуми претходно пишуваа дека Руиз привлекувал внимание на паркингот на ПСЖ токму со таков автомобил.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоУХМР: Утре сончево со температура до 38 степени, во вторник локална нестабилностСпоред УХМР на почетокот на следната недела времето ќе биде стабилно и топло, освен во вторник кога ќе има локален развој на нестабилна облачност. Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16, а максималната ќе достигне од 31 до 38 степени. Во Скопје, сончево со слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 38 степени. Следува период на стабилно и потопло време, освен во вторник кога ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook