Македонија го одбележува 11 Октомври - ден на народното востание -Мицкоски: Ни требаат победи и големи цели
2Македонија го одбележува 11 Октомври - ден на народното востание -Мицкоски: Ни требаат победи и големи цели
БалканЦипрас: Ако не постоеше Договорот од Преспа, денес Турција ќе беше и на нашата северна границаЦипрас, говорејќи за грчко-турските односи, кусо се осврна и на Договорот од Преспа и ги спомена трите меморандуми со Македонија, кои сѐ уште не се ратификувани во ПарламентотАко не постоеше Договорот од Преспа, денес Турција немаше да биде само источно и југозападно од нас, бидејќи Турција е и во Либија, ќе беше и на нашата северна граница, рече лидерот на СИРИЗА Алексис Ципрас во синоќешното интервју за четири грчки регионални телевизии, јави дописничката на МИА од Атина. Ципрас, говорејќи за грчко-турските односи, кусо се осврна и на Договорот од Преспа и ги спомена трите меморандуми со Македонија, кои сѐ уште не се ратификувани во Парламентот, упатувајќи критики до актуелната грчка Влада и премиерот Мицотакис. -Не е сериозна слика за земјата тоа што веќе една година не ги носи за ратификација клучните аспекти на Договорот од Преспа, Меморандумите за соработка, што се корисни за Грција, бидејќи нема самодоверба или доверба дека неговите пратеници ќе ги гласаат. Мисли дека меѓународната заедница не го гледа ова? Дека нашите соседи не го гледаат тоа? Не гледаат дека е слаб премиер во однос на ова? Не сакам да говорам многу за Договорот од Преспа. Само една работа ќе кажам: ако не постоеше Договорот од Преспа, денес Турција немаше да биде само источно и југозападно од нас, бидејќи Турција е и во Либија, ќе беше и на нашата северна граница, рече Ципрас. /МИА.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонија го одбележува 11 Октомври - ден на народното востание -Мицкоски: Ни требаат победи и големи цели18:00Македонија го одбележува 11 Октомври15:16Собрание: Нека ни е честит 11 Октомври 09:14Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00Царинска управа: на Богородица спречен шверц на заштитени видови змии 12:41
Македонија го одбележува 11 Октомври - ден на народното востание -Мицкоски: Ни требаат победи и големи цели18:00
Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00
Шоу бизФото: Емили Ратајковски со нова провокација, го оставила градникот дома ..Го оставила градникот дома и ги ослободи градите а ги покажа и гаќичките. Нова провокација од една од најубавите жени на светот, манекенката Емили Ратајковски. Сексапилната Емили не се срамеше уште еднаш, по којзнае кој пат, да ги покаже своите бујни гради во проѕирен фустан. Синоќа во Лондон се одржаа наградите „Albies“, а на гала-настанот присуствуваа бројни славни личности. Покрај прекрасната Амал Клуни, вниманието на јавноста го привлече и популарната манекенка Емили Ратајковски. Позната по своите атрактивни и донекаде провокативни модни изданија, славната убавица ни овој пат не се воздржуваше да ги истакне своите најдобри атрибути. Таа се појави во структуриран фустан што ја следи линијата на телото и ја истакнува нејзината прекрасна фигура. Станува збор за специфична креација украсена со вешто поставени цветни детали, кои ги покриваат интимните делови од телото. Како што веќе можете да претпоставите, Емили избра проѕирен фустан под кој носеше само црни гаќички. Таа го заборави градникот дома и гордо ги покажа своите гради. Ги поздрави собраните фотографи со студен, но впечатлив поглед и никој не остана рамнодушен на нејзиниот изглед.Тагови: Емили Ратајковски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонија го одбележува 11 Октомври - ден на народното востание -Мицкоски: Ни требаат победи и големи цели18:00Македонија го одбележува 11 Октомври15:16Собрание: Нека ни е честит 11 Октомври 09:14Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00Царинска управа: на Богородица спречен шверц на заштитени видови змии 12:41
Македонија го одбележува 11 Октомври - ден на народното востание -Мицкоски: Ни требаат победи и големи цели18:00
Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00
МакедонијаСДСМ: Се јавија предавниците од ЗНАМ - продавачи на плац за „Лидл“ и заштитници на ГруевскиСе јавија предавниците од ЗНАМ. Прво на партијата, потоа на гласачите.ЗНАМ од Прилеп прашува против кого пукнала првата пушка на 11 Октомври. Квислинзи, дел од тендерската коалиција, тие што грабаат од Пошта, зборуваат за антифашизам. Тие. Со бугарски пасоши. Со Максо што има фирма во Бугарија. МБС Глобал, Бургас, 7 август 2015. И потоа прашуваат за Бугари? Ова не е историја. Ова е далечинско. Стиснато копче од арамијата и се јавува сателитот. Прва верзија ЗНАМ. Истата што заедно со Спутник Левица и со Платформата за 1,6 милиони евра бара реформи во СДСМ. Тие што ја предадоа партијата, па гласачите, па седнаа на маса со анти-ЕУ, анти-НАТО и против Америка. Максо го продаде плацот за Лидл. Преку кум. 250 илјади, па 600 илјади. 350 илјади чист профит преку ноќ. Потоа ДУП кај градоначалникот. Тоа е идентитетот што го чува. Максо ја полни депонијата. Жителите на Пчиња ја блокираат Краста поради пожари и чад. Шест месеци ништо. Сега ѓубрето од Куманово оди на скопска Дрисла. Деца во училиште му пеат предизборна песна. Во Кочо Рацин, каде работи сопругата. На хуманитарен настан. Тоа е патриотизам на ЗНАМ. И сега нашле тема. Пушка. Бугари. Затоа арамијата го праќа Тимчо - чиракот на разговор што сам го нарече коњопој. Нема одговор за изолацијата. Нема реформи. Нема Лаура Ковеши. Има сателит што треба да дефокусира. Кога Македонија ќе продолжи кон ЕУ, кога народот ќе ја врати власта во свои раце, сите ќе се најдат пред независно судство и европско обвинителство. Таму нека расправаат. Со Мицкоски. Не со СДСМ. СДСМ не е нивното далечинско. Скопје, 11.10.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМакедонија го одбележува 11 Октомври - ден на народното востание -Мицкоски: Ни требаат победи и големи целиСлободата не е завршена приказна, секоја генерација мора да ја продолжи - порача премиерот Христијан Мицкоски од Куманово од централното одбележување на 11 октомври - денот кој го означува почетокот на народноослободителната борба. Во својот говор пред присутните, меѓу кои имаше членови и од власта и од опозицијата, премиерот зборуваше за значењето на празникот, испрати политички пораки, а повика и дека идејата за слободна и суверена Македонија треба да продолжи да живее и во иднина. Покрај политичките говори, за значењето на 11-ти октомври зборувавме и со Кумановци. Повозрасните се потсетија на народноослободителната борба и зборуваа за нејзината важност за Куманово, но и за Македонија. Пред говорот на премиерот, беа положени и цвеќиња пред спомен костурницата во Куманово, каде се испишани имињата на загинатите партизани, а делегации од власта и опозицијата, порано денеска, положија цвеќиња пред спомен плочата и во Прилеп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook