Циклон го пустоши францускиот остров Мајот, дуваат ветришта со брзина од 230км/час (ВИДЕО)

Интензивниот тропски циклон Чидо денеска го погоди францускиот остров Мајот, во Индискиот Океан, и од црвен стана виолетов аларм, сигнализирајќи му на населението да остане внатре.

Се очекуваат ветрови со брзина од 200 до 230 км/ч, а жителите се повикуваат по никоја цена да не ги напуштаат домовите.

Екипите за итни случаи се на терен и им пружаат помош на оние на кои им е „најпотребна“. Инаку, налетите на ветерот достигнале и до 220 километри на час и се смета дека островот го доживува „најсилниот и најразорниот циклон од 1934 година“.

Пензионираниот министер за внатрешни работи Бруно Ретило побарал „максимална мобилизација на полицијата“ со цел да се обезбеди целосна поддршка на населението и да се спречат потенцијалните грабежи. На островот Мајот се распоредени дури 1.600 полицајци.

Емануел Макрон ја изрази својата поддршка за жителите на Мајот, уверувајќи дека „внимателно ја следи“ еволуцијата на циклонот и вети дека целата земја е таму за да застане покрај жителите.

„Дојде време за вонредна состојба. Ќе бидеме и денес и утре“, уверува тој, потврдувајќи го доаѓањето на „засилувањата“ денеска и утре,објави Bfmtv.com.

„Илјадници куќи се без струја. Дури и итните служби се затворени, нема мрежа, не можеме да стапиме во контакт со луѓето кои се на островот.Се плашиме од катастрофа“, рече претседателот на националниот сојуз на пожарникари.

Според сателитските снимки, циклонот го погоди северниот дел на Мајот рано наутро околу 10:45 часот по париско време западно од архипелагот во Индискиот Океан. Се упати кон брегот на Мозамбик на африканскиот континент, оставајќи зад себе трага од сѐ уште интензивни ветрови и дожд.

Ибрахим Меколо, жител на Чикони на запад од Гранде-Тер, се засолнил во бетонската куќа на неговото семејство во Кангани, на северот на островот.

"Гледам чаршафите на соседот како летаат, каблите се кинат... Нема повеќе струја. Дури и во нашата куќа, која е добро заштитена, влегува вода. Чувствувам дека сѐ се тресе", рекол Ибрахим.

Виолетовото предупредување за циклонот, кое беше покренато во 5 часот наутро, повлекува „строго заклучување на целото население, вклучително и службите за итни случаи и безбедносните служби и сите агенти мобилизирани да управуваат со кризата“, се вели во соопштението за печатот објавено на социјалната мрежа Х, порано Твитер за префектурата Мајот.

Сообраќајот е забранет по јавните патишта на двата острови Гранде-Тере и Петит-Тере, а затворен е и аеродромот Џауџи.

Мицкоски: И во победа и во пораз сме заедно, главата горе момци!

Премиерот Христијан Мицкоски по поразот од Холандија, ги бодри нашите ракометари на СП.

„И во победа и во пораз сме заедно, главата горе момци! Одиме понатаму, по следен триумф, за кого???

За Македонија!“ , објави Мицкоски на ФБ.

Американка открива зошто носи перика, лажни мустаќи и тетоважи додека џогира (ВИДЕО)

Откако видела колку нејзиниот сопруг ужива во ноќното џогирање, Клер Викоф (44) решила да го промени времето кое се посветувала на спортски активности.

Сепак, таа сфатила дека не се чувствува безбедно на улиците во вечерните часови, пренесува New York Post.

„Трчам скоро 20 години, учествував на полумаратон во 2008 година и сакав да видам какво е искуството навечер“, објаснила таа.

Бидејќи не се чувствувала удобно, смислила експеримент со својот сопруг, нарачувајќи лажни мустаќи, перика, машка облека и лажни тетоважи.

„Брзо ја забележав разликата. Никој не ми приоѓа, ниту ми зборува кога сум маскирана во маж! За прв пат се чувствувам удобно да трчам навечер“, истакна таа.

Таа додава дека не била сигурна дека луѓето веруваат дека таа е вистински маж, но дека тоа навистина не е важно, бидејќи крајниот резултат е ист.

„Искрено, се чувствувам како суперхерој. Едноставно се чувствувам бескрајно побезбедно“.

Клер планира да го продолжи експериментот со новите „помагала“ што ги нарачала.

„Добивам лажна брадичка и самолепливи влакна на градите. Се чувствувам како да искусувам трчање од сосема нова перспектива и се забавувам правејќи го тоа“, заклучила таа.

РФМ ќе поднесе жалба за судењето на мечот со Холандија

Генералниот секретар на Ракометната федерација на Македонија, Филип Милошевски, најави дека РФМ ќе поднесе жалба до ИХФ за делењето на правдата на средбата со Холандија.

-За 12 години во ракомет не сум видел натпревар со повеќе пенали, повеќе украдени топки, повеќе искалкулирани фаули. Во превод… дробење. Досега ретко сме се жалеле, може двапати до сега, ама ова беше под секое спортско достоинство. РФМ ќе поднесе жалба, но без оглед на резултатот, Македонија победи, напиша Милошевски на Фејсбук./МИА

притисни ентер