ЦИА за мистериозниот „синдром Хавана“ : Не може да се припише на странска сила

ЦИА заклучила дека „синдромот Хавана“, мистериозна болест која ги погодува американските дипломати ширум светот и се манифестира со „акустични напади“, не може априори да се припише на напад од странска сила. 

NBC News и The New York Times вчера цитираа неколку официјални лица запознаени со разузнавачката проценка на ЦИА за инцидентите кои првпат се појавија меѓу дипломатите во 2016 година во кубанскиот главен град, во кои американски и канадски официјални лица се пожалија на силни главоболки, гадење и можно оштетување на мозокот откако слушале гласни звуци.

Оттогаш, дипломатски и разузнавачки претставници пријавиле слични искуства во различни земји, вклучувајќи ги Австралија, Австрија, Кина, Колумбија, Германија и Русија. „Овој привремен извештај не е конечен заклучок на администрацијата на Бајден или на целата разузнавачка заедница“, објави NBC, цитирајќи американски официјални лица.

Жртвите изјавија за NYT дека заклучоците на ЦИА „не можат и не смеат да бидат последниот збор за ова прашање“. „Иако дојдовме до некои значајни привремени наоди, не сме готови. Ја продолжуваме истрагата“, изјавил директорот на ЦИА Вилијам Џеј Барнс.

Јанчев: Се поставуваат сливници и решетки во село Возарци

Во тек е поставување на сливници и решетки во село Возарци, откако претходно беше поставена атмосферска и фекална канализација, објави на социјалните мрежи првиот човек на Општина Кавадарци, Митко Јанчев. 

Во тек е поставување на сливници и решетки во село Возарци, откако претходно беше поставена атмосферска и фекална канализација, беа асфалтирани сите споредни улици како и комплетно целата главна улица.

Инвестиција на Општина Кавадарци во висина од 20.000.000 денари, а изведувач е фирмата Жикол.

За убаво Кавадарци. [🍀], напиша Јанчев на Фејсбук.

„Гответе со Дракче“ - Оброк со варени јајца

Во четврток (25.04.2024) во емисијата гостин ни беше Благоја Грујовски.

Состојки за денешниот рецепт:

4 јајца

1 лажица јаболков оцет

1 лажица крупна сол

100 гр. рендан пармезан

1 коцка путер

малку бибер

неколку парчиња двопек

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Локалните избори во Србија и изборите во Белград ќе се одржат на 2 јуни

Претседателката на српскиот парламент, Ана Брнабиќ, за недела, 2 јуни, распиша локални избори во 66 единици на локалната самоуправа во Србија.

Во своето обраќање во српскиот парламент, Брнабиќ рече дека распишувањето на локалните избори за 2 јуни, кога ќе се одржат и изборите во Белград, е резултат на „успешниот дијалог“ и усвојувањето со двотретинско мнозинство во парламентот на измените и дополнувањата на законот за локални избори.

- Среќна сум што испративме порака од парламентот до сите наши граѓани дека како нивни избрани претставници сме способни да постигнеме договор и покрај сите наши разлики. Ваквиот договор е победа на сите одговорни луѓе, рече претседателката на српскиот парламент.

Веднаш потоа, претседателот на привремената управа на Белград, Александар Шапиќ, за недела, 2 јуни, распиша избори во 17 белградски општини.

Шапиќ рече дека од денеска почнуваат роковите за спроведување на изборните дејствија.

- Им посакувам среќа на сите учесници на изборите и на граѓаните кои покрај претставниците во собранијата на градските општини избираат и свои претставници за Собранието на град Белград, рече Шапиќ.

притисни ентер