ЦИА: Украина некое време ќе задржи дел од освоените руски територии - Канал 5

ЦИА: Украина некое време ќе задржи дел од освоените руски територии

Украинската армија има намера да задржи дел од руската територија што ја освои на „одреден временски период“, а очекуваната руска контраофанзива ќе биде тешка борба, изјави денеска заменик-директорот на ЦИА Дејвид Коен.

ЦИА: Украина некое време ќе задржи дел од освоените руски територии

Тој додаде дека рускиот претседател Владимир Путин ќе мора „да се соочи со последиците во неговото општество“ поради губење на дел од руската територија, објави Ројтерс.

На 6 август, Украина започна упад во руската област Курск, каде што тврди дека освоила 100 населени места, додека руските сили продолжуваат полека да напредуваат во источниот регион Доњецк.

Украина сега тврди дека контролира повеќе од 1.200 квадратни километри од руската област Курск.

Коен рече дека верува оти Путин ќе започне контраофанзива, но очекува дека тоа ќе биде тешка борба за Русите.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера изјави дека војната со Русија на крајот ќе заврши со дијалог, но дека Киев мора да биде со силна позиција и дека планот ќе му го претстави на американскиот претседател Џо Бајден и неговите потенцијални наследници.

Путин рече дека секој договор мора да започне со прифаќање на „реалноста на теренот“ од страна на Украина, што би значело дека Русија ќе задржи значајни делови од четири украински региони, како и Крим, потсетува Ројтерс.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Петрова немала информации дека ДАНС ѝ вршел притисок на Михаилова

За бугарската министерка за надворешни работи Велислава Петрова Чамова останува мистерија од каде доаѓале информациите за наводни притисоци врз Ива Михаилова од страна на бугарската државна агенција за национална безбедност - ДАНС. 

 Петрова немала информации дека ДАНС ѝ вршел притисок на Михаилова

Откако опозициската партија „Да, Бугарија“, се закани дека за случајот со обвинувањата за притисоци врз Михаилова ќе го информираат и Брисел, Петрова-Чамова изјави дека досега немало индиции за какви и да се притисоци врз михаилова

–Како што можев да видам од изјавата на Ива Михаилова, таа самата тврди дека не била изложена на притисоци, па затоа за мене е мистерија од каде се појавија ваков тип на информации, до кои европски институции ќе пристигнат и што ќе им одговорат не сум многу сигурна, но досега немам видено таков случај,- -изјави Велислава Петрова-Чамова, министерка за надворешни работи на Бугарија.

На Михаилова, која има и македонско и бугарско државјанство, во судот во Кочани и се суди за сообраќајна несреќа лани во која животот го загуби 33-годишниот Бесим Дурмиши од Скопје.

Судењето се одвива во нејзино отсуство откако таа на 11 октомври под досега нерасчистени околности побегна од државата. Според адвокатот Драган Пешевски, одлуката на Михаилова да побегне во Бугарија, во време кгоа против неа се води активна судска постапка без пресуда, е неодговорна и нелогична.

–. Така да, сметам дека оваа одлука, посебно по она што го слушаме во јавноста за притисоци од службите од соседната држава, сметам дека брзо и се одби од глава оваа одлука,- изјави адвокат Драган Пешевски.

За потсетување, јутјуберот Станислав Цанов вчера објави аудиоснимки на кои наводно Михаилова тврди дека за време на лекувањето во Софија и бил поставен услов од вработен во ДАНС –да гостува кај новинарот Мартин Кабровски, кој добил однапред подготвени прашања, во спротивно ќе останела без средства за нејзиното лекување.

Михаилова и самата се огласи на социјалните мрежи, отфрлајќи ги обвинувањата дека некој во Бугарија и вршел каков било притисок. Пристисок врз михаилова демантираше и бугарската државна агенција за национална безбедност -данс. Следно рочиште за судскиот процес против Михаилова во кочанскиот суд е најавено за 27 ноември.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ново намалување на цените на горивата: Бензините поевтинуваат за 2 денари, а дизелот за 2,5 денари

Од ноќеска на полноќ, ново поевтинување на цените на гориватамалопродажните цени на еуросупер бс-95 и еуросупер бс-98 се намалуваат за два денари по литар.  

Ново намалување на цените на горивата: Бензините поевтинуваат за 2 денари, а дизелот за 2,5 денари

Бс-95 ќе се продава за 84 денари, а бс-98 за 86 денари за литар.

Дизелот еуродизел поевтинува за 2,5 денари, па новата цена ќе изнесува 92 денари за литар.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски во Брисел на форум за проширување на Европската унија

Македонија е исклучително добра во користењето на Планот за раст – нагласи претседателката на Европската комисија – Урсула фон дер Лајен на отворањето на Самитот за проширување на ЕУ во Брисел. 

Мицкоски во Брисел на форум за проширување на Европската унија

Фон дер Лајен ја истакна земјава говорејќи за модернизацијата на начинот на кој земјите кандидатки можат да се приклучат на Унијата, поточно постепената интеграција преку исполнување на Планот за раст но и построги правила за идните земји членки.

-Европа отвора сектори на единствениот пазар, за возврат, земјите од проширувањето спроведуваат клучни реформи, да се ​​обезбеди дека имаме еднакви услови за игра со единствениот пазар на нашата Унија. Сето ова е комбинирано со значителни инвестиции. // На пример, Македонија е исклучително добра во користењето на Планот за раст. Принципот е едноставен - напредок во реформите што носи напредок во интеграцијата и нови пазари за двете страни,- - Урсула Фон Дер Лајен, Претседателка на европска комисија.

Фон дер Лајен е децидна дека постои нов моментум на проширувањето - Црна Гора се приближува кон финишот на пристапните преговори, Албанија постигнува „импресивен„ напредок а низ целиот Западен Балкан, земјите преземаат важни чекори на својот пат кон членство, изјави таа.

На Самитот ќе се обрати и премиерот Христијан Мицкоски на панелот посветен на реформите, инвестициите и растот. Претходно тој оствари и средба со директорот на Генералниот директорат за проширување и источно соседство на Европската комисија - Герт Јан Копман.

-Нашата определба за членство во Европската Унија е јасна и недвосмислена. Македонија заслужува европска иднина, заснована на принципиелни односи, почитување и заштита на националните интереси, како и доследно спроведување на реформите во интерес на граѓаните,- - Христијан Мицкоски, претседател на влада.

Само оваа година е постигнат повеќе напредок во проширувањето од последните 25 години, оцени ресорната еврокомесарка – Марта Кос, која додаде дека Русија би сакала да го спречи тој процес, наштетувајќи им на земјите-кандидатки.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер